Русија ги призна Јужна Осетија и Абхазија

  • Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување
А

Ајсшутер

Гостин
Медведев преку државната телевизија соопштил дека го потпишал указот за признавање на двете грузиски покраини
Русија денеска и формално им ја призна независноста на отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија, јави ББЦ.
Претседателот на Русија Дмитриј Медведев преку државната телевизија соопштил дека денеска го потпишал указот за признавање на двете покраини на Грузија, откако двата дома на рускиот парламент вчера гласаа резолуција за признавањето.

Извор
 
H

HITCH

Гостин
Само Егејска, Пиринска и Мала Преспа не бараат признавање СРАМОТА
 
А

Ајсшутер

Гостин
Јужна Осетија и Абхазија ги подржува Русија а Егејска,Пиринска и Мала Преспа кој ги подржува ?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Медведев преку државната телевизија соопштил дека го потпишал указот за признавање на двете грузиски покраини
Русија денеска и формално им ја призна независноста на отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија, јави ББЦ.
Претседателот на Русија Дмитриј Медведев преку државната телевизија соопштил дека денеска го потпишал указот за признавање на двете покраини на Грузија, откако двата дома на рускиот парламент вчера гласаа резолуција за признавањето.

Извор
Почна “Втората Студена Војна“,кога ќе се загрее ќе видиме.:je:
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Луѓе баталете егејска, пиринска, мала преспа. Тоа е завршена работа. До кога со вакви идејали, никој нема да ги врати назад !
На лошо е тргната работава со русиве и американците, до каде ќе стаса ќе видиме . . .
 

ivana87

magic is everywhere
Член од
7 јуни 2007
Мислења
1.613
Поени од реакции
220
Инфо од МИА.мк :salut:

Москва, 26 август (МИА) - Русија денеска ја призна независноста на отцепените грузиски автономии Јужна Осетија и Абхазија.
Претседателот Дмитриј Медведев преку државниот ТВ канал Русија, потврди дека потпишал указ за признавање.
- Потпишав указ со кој Русија ја признава независноста на Јужна Осетија и Абхазија. Русија повикува и други држави да го следат нејзиниот пример, Тоа не е лесен избор, но е единствена можност да се заштити животот на луѓето, изјави Медведев.
Тој ја даде изјавата по состанокот на рускиот Совет за безбедност во Сочи. На него беше разгледана декларацијата на двата дома на парламентот во кој се повикуваше Медведев да ја признае независноста на двете сепаратистички области. На седницата присуствуваше и актуелниот премиер на Русија Владимир Путин.
Претседателот Медведев потсети дека Москва „пројавила воздржаност и трпени“.
- Ние неколкупати повикавме да се вратиме на масата за преговори и не ја променивме позицијата дури и по едностраното признавање независност на Косово. Но, нашите предлози кон грузиската страна да се склучи со Абхазија и Јужна Осетија договор за некористење сила останаа без одговор. За жал тие беа занемарени и во НАТО и во ОН. Сега е јасно дека мирното решение на конфликтот не влегувало во плановите на Тбилиси. Грузиската Влада систематски се подготвуваше за војна, изјави Медведев.
Рускиот парламент вчера побара од шефот на државата да ги признае отцепените Јужна Осетија и Абхазија.
- Ние сме должни да го поддржиме стремежот на народите на Јужна Осетија и Абхазија кон стабилност, мир и независност, изјави вчера претседателот на Советот на федерацијата Сергеј Миронов за време на седницата.
Според него, по распадот на поранешниот Советски сојуз грузискиот Парламент со незаконска одлука ја лишил Јужна Осетија и Абхазија од автономија, што предизвикало граѓански отпор.
Француското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека „жали поради таквата одлука“ на Русија за признавање на Јужна Осетија и Абхазија како независни држави.
- Сметаме дека тоа е разочарувачка одлука и ја повторуваме нашата заложба за територијален интегритет на Грузија, изјави портпаролот на МНР на Франција.
Грузија го смета за анексија потегот на Москва со признавање на Абхазија и Јужна Осетија.
- Признавањето на Абхазија и Јужна Осетија од страна на рускиот претседател е адекватно на анексирање од Москва на грузиска територија, изјави заменикот министер за надворешни работи Гига Бокерија.
Британската Влада категорично го отфрли признавањето на Јужна Осетија и Абхазија од страна на официјална Москва и изрази поддршка за територијалниот интегритет на Грузија.
Американскиот Стејт департмент ја оцени како неприфатлива вчерашната декларација изгласана од двата дома на рускиот Парламент со која се повикува претседателот Дмитриј Медведев да ги признае грузиските сепаратистички републики Абхазија и Јужна Осетија
 
Член од
22 август 2008
Мислења
34
Поени од реакции
0
Русите не се плашат ни от НАТО, ни от САД.
А признаването на Косово ке докара и други области да барат независност. Осетија е почетокот

 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Почна “Втората Студена Војна“,кога ќе се загрее ќе видиме.:je:
Ајде сега не претерувај, не е ова ништо слично на Студената Војна. Ова е само враќање на една стара светска сила на своето место на светската сцена. И немај гајле нема да им војна меѓу САД и Русија (освен ако не се закачат за некој стратешки интерес).
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ах нашите браќа повторно ќе ја бијат битката за доминација во светот.
Кога би се дознале и спознале прво што би признале е Македонија во границите од пред 1913 година или од пред падот на Цариград.

НАТО е спремен за војна, тие ресурси на Русија им бодат очи од поодамна.
Прашање е дали со Русија раководат Руси, вечното прашање.
 

Svetovid

Триглав
Член од
26 февруари 2006
Мислења
868
Поени од реакции
44
Мдаа... Русиве покажаа дека нема заебанција со нив. Ќе биде интересна следнава деценија, се надевам не преинтересна!
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Дај Боже само и овој век да не помине како прошлиот:nesum:
 

TMPO

Obraz
Член од
31 октомври 2007
Мислења
1.728
Поени од реакции
26
Sreken nezavisnost, sega ne trebame njatovci da skokame i da priznavame?:pos2:
Sega Medvedev treba da stavi dupla cena na naftata za da zapadna evropa dojdi na kolena. Mu se vrati dupliot standard u lice.

Rosija mi sa tobom!
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Sreken nezavisnost, sega ne trebame njatovci da skokame i da priznavame?:pos2:
Sega Medvedev treba da stavi dupla cena na naftata za da zapadna evropa dojdi na kolena. Mu se vrati dupliot standard u lice.

Rosija mi sa tobom!
Убаво би било веднаш да ги признаеме двете нови држави први после Русија,за да види НАТО дека понекогаш и малите знаат добро да се “просерат“.:je:
 

TMPO

Obraz
Член од
31 октомври 2007
Мислења
1.728
Поени од реакции
26
Убаво би било веднаш да ги признаеме двете нови држави први после Русија,за да види НАТО дека понекогаш и малите знаат добро да се “просерат“.:je:
Sosema jasno, isto taka Gruzija nas ne priznava i imat bliski vrski so Grcija.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Убаво би било веднаш да ги признаеме двете нови држави први после Русија,за да види НАТО дека понекогаш и малите знаат добро да се “просерат“.:je:
Во таков случаj треба за заборавиш за НАТО и ЕУ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom