Фан Клуб: Хофенхајм

  • Креатор на темата Креатор на темата Феномен
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Се повеќе фан клубови на Хофенхајм



11.10hoffenheim1.jpg

Што имаат Бризбејн, Бангкок и Берлин заедничко? Сите градови имаат фан клуб за Хофенхајм, што е навистина одлично за новодојденец во Бундеслигата кој имаше само еден официјален фан клуб до 2006.

„Денес имаме 48 фан клубови со преку 1200 фанови. И бројката секојдневно се зголемува“, изјави Михаел Дил, кој е задолжен за врски со фановите од 2005. Дил работел навистина напорно за да собере фанови за тимот, одел по села и ги убедувал да навиваат за неговиот тим.

„На почетокот, одев од село в село со мојот лап-топ, проектор и микрофон. Им објаснував на фановите на фудбалот по пабови и кафулиња што има постигнато Хофенхајм и што сака да постигне.

Делев и бесплатни билети за луѓето да доаѓаат и да погледнат самите што нуди Хофенхајм. Со тек на време, работите станаа многу подобри“, истакна Дил.

Во 2001, фан клубот Zwinger беше првиот официјален фан клуб на Хофенхајм. Кога Хофенхајм влезе во втората лига, бројката се зголеми на околу 20, но повеќето беа од нивниот регион.

Оттогаш, бројката на фанови значително расте на национално и интернационално ниво.

„Забележавме дека на гостувањата добиваме многу фанови во нашиот блок, луѓето почнуваат да навиваат и за Хофенхајм. Почнаа и домашните фанови да патуваат на гостинските натпревари, на гостувањето во Бремен на пример имавме 500 домашни фанови кои од Хофенхајм дојдоа таму“, потенцираше Дил.

Фановите на Хофенхајм се главно млади, дури и малолетни, па затоа и не прават многу проблеми на гостувањата.

За чудо Хофенхајм освен во Германија има фан клубови и во Бризбејн и Бангкок. Тоа значи дека веќе светот дознава за Хофенхајм и дека освен во Германија Хофенхајм бери фанови и во светот.

Превземено од Таратур.ком(http://www.taratur.com/node/5619)


Закон се Хофенхајм :bravo::bravo::bravo:
Браво! Стварно е одлично за еден ваков тим, кој што туку влезе во Првата германска лига.:bravo:
 
Некаде прочитав дека газдата на Хофенхајм бил еден од најбогатите луѓе во Германија, а гратчето имало само 3000 жители :).
 
овие се луди петарда:vozbud:
 
ОВИОТ ГЕРМАНСКИ БУНДЕСЛИГАШ ХОФЕНХАЈМ ПОЧНА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИТЕ НАСТАПИ И ВО ЕЛИТАТА Од Осмата до Првата лига со германскиот Абрамович
Најголемото изненадување во минатата сезона од германската 2. Бундес-лига, Хофенхајм, не запира со изненадувањата. Сензационалниот "селски" тим, како што го нарекоа германските новинари, во премиерата на новата бундес сезона на гостувањето во Котбус се прошета обезбедувајќи победа од убедливи 3:0. Интересно, пред 16 години да им зборуваше некој на жителите на ова мало германско гратче дека ќе играат во Бундес-лигата, сигурно ќе го направеа луд, но денеска Хофенхајм се гордее со својот фудбалски тим. Од Осмата германска лига, Хофенхајм е бундеслигаш, но не само учесник, туку и активен освојувач на бодови.

Дитмар Хоп

Ова е името на главниот "виновник" за подемот на овој куб. Дојде во Хофенхајм да се обиде да направи нешто големо и за негова среќа и радост на локалните жители, успеа. Со неговото доаѓање во екипата, Хофенхајм во сезоната 2000/01 беше во петтата германска лига. Во 2006 година беше третолигаш. За две години мина уште две дивизии и денеска е горд Бундеслигаш.

Дитмар Хоп е милјардер кој е косопственик на софтверскиот конзорциум САП
. Го сака фудбалот и најави дека би сакал еден ден да го има најдобриот тим во Германија. Со Хофенхајм почна срамежливо, но како што тоа и се случува кога работи упорноста заедно со парите, Хофенхајм, веќе не е само "играчка".

Селски клуб

Најинтересниот факт во целата приказна за градот Зинсхајм, од кој доаѓа екипата на Хофенхајм, е тоа што ова гратче (го нарекуваат село во Германија) има само 3000 жители. Со тоа веќе одамна стана град-рекордер, затоа што од сите клубови во елитните европски лиги, Хофенхајм доаѓа од најмалиот град. Новинарите не го штедеа многу во нарекувањето "селски клуб", но луѓето од Зинсхајм и оние кои работат во клубот се цврсто убедени дека ќе покажат со резултати како се гради репутација на сериозен клуб.

Хофенхајм во првиот дел од сезоната во Бундес-лигата своите средби ќе ги игра во соседниот град Манхајм, но веќе во пролетниот дел од шампионатот ќе го добие својот нов, модерен стадион, чиј капацитет ќе биде од цели 30.000 места. Изградбата на стадионот го чини "газда" Хоп цели 40 милиони евра. Пред да влезе во елитата Хофенхајм своите средби ги играше на еден мал стадион "Дитмар Хоп" (името го доби по сопственикот на клубот), кој има капацитет од само 6350 места.

Играчи од 11 нации

Хофенхајм не се разликуваше многу од Е. Котбус на премиерата во Бундес-лигата. Ако Е. Котбус минатата, па и оваа сезона, важи за тим во кој има вистински спој на нации, ништо поразличен сега не е ниту Хофенхајм. Сопственикот Дитмар Хоп со своите вложувања се обиде и успеа да направи добар спој на релативно ефтини, но квалитетни играчи кои ќе се обидат со Хофенхајм сезонава да останат во елитата.

Најголема фудбалска ѕвезда во Хофехнајм е Ведад Ибишевиќ (24), босански интернационалец, кој во премиерниот дуел во саботата двапати ја тресеше мрежата во Котбус. Покрај Босанецот, во Хофенхајм има фудбалери и од Чешка,. Турција, Србија, Унгарија, Бразил, Сенегал, Нигерија, Шпанија, Австрија и Германија. Најскапиот фудбалер во тимот е Бразилецот Карлос Едуардо (5 милиони евра), додека вредноста на Сенегалецот Ба е 3 милиони евра. Вкупната вредност на играчкиот погон на Хофенхајм сезонава е само 32 милиони евра.

Во трансфер периодот кој с$ уште е активен, сопственикот Хоп потроши сума од 10 милиони евра за нови засилувања. Најмногу плати за фудбалерот на бразилски Интернационал, Велингтон, 4,5 милиони евра. За Андреас Бек од екипата на Штутгарт Хофенхајм издвои 3 милиони евра. Интересен е и фактот што екипата на Хофенхајм е во просек најмладиот тим во Бундес-лигата, во просек со 23,9 години.






Еве тема и за Хофенхајм.....вака ако продолжат ќе му нема рамен у Германија а еве сеа на полувреме го тепаат Менхенгладбаг 1-0:toe:

Некаде прочитав дека газдата на Хофенхајм бил еден од најбогатите луѓе во Германија, а гратчето имало само 3000 жители :).

Можеби од тука:):):)

Инаку како и што кажав Хофенхајм тепаа и се први на табелата
Стрелци на головите беа Ибшевич 2 гола(човекот кој стана главен играч во репрезентацијата на Босна и Херцеговина и за кој се интересира Тотенхем),Демба Ба 1 гол(човекот кој што стана еден од главните играчи на Хофенхајм),Салихович и Еду по еден :cuc::cuc::cuc:
Ако продолжат со вакво темпо дечките ќе станат шампиони:cuc:
ФОРЦА ХОФЕНХАЈМ:zver::zver:
 
Следно коло Хофенхајм-Хамбург
Дерби на колото.
Со победа Хофенхајм на прво место.
Едно е сигурно - ќе има многу голови.
 
Mislam deka naredno kolo kje go cucnat i deka kje padnat psihicki posle....

Pa dosta im bese ...:helou:
 
Гледам и не ми се верува...губиш 2-1 до 74 мин и после за 16мин НА ГОСТИ даваш 4 гола и правиш неверојатен пресврт...прекрасно мора да глеам една утакмица...Хофенхајм и Хул FTW!
 
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Хофенхајм го тепа Хамбургер со 3-0 после 40 минути игра:vozbud::vozbud:
Стрелци на головите Еду 2 и Ибсевич 1
Хофенхајм шампиони оваа сезона:zver::zver:
 
Следно коло Хофенхајм-Хамбург
Дерби на колото.
Со победа Хофенхајм на прво место.
Едно е сигурно - ќе има многу голови.
ОПШТО ИЗНЕНАДУВАЊЕ...
Слично вакво чудо направи КИЕВО во СЕРИА А во сезоната 2001/02 , тогаш Киево после 14 коло беше лидер на табелата.
А на крај завршија како 5-ти.
Ако успее Хофенхаим малку да се засили во зимскиот преоден рок би требало да се бораат за излез во Европа.
 
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::zver::zver::zver::zver::zver:
Леле кои :zver::zver: се!!!
3-0 против Хамбургер!!!
Ако земат јаки играчи во јануари и дефинитвно ќе бидат први во Бундесот!!:vozbud:
 
На Хамбургер ги победија 3-0, не е мала работа.
Хал и Хофенхајм најголемите изненадувања до сега.
 
Значи тие редовно што пратат бундес лига, сигурно се сеќаваат лани и на Карлсруе кој исто во првите десетина кола беше 2-3 на табела. Но потоа со тек на време му падна формата и нез точно, заврши 7-8 на табела. Карлсруе исто како и Хофенхајм тоа му беше прва сезона во Бундесот и одма добри резулатати.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom