Рецепти за шпагети, лазањи и други видови тестенини

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Мора вака? бидејки ми имаат мислам кажувано, можеш со што сакаш да ги полниш внатре.
п.с вегетеријанец сум затоа, само шунка е исклу4ок ништо друго.
ха ха ха ајде ко така со зелка ќе ги полниме....
 
Мора вака? бидејки ми имаат мислам кажувано, можеш со што сакаш да ги полниш внатре.
п.с вегетеријанец сум затоа, само шунка е исклу4ок ништо друго.

Ако јадеш спанаќ...
Крем лазањи со спанаќ


1Пакување тесто за лазањи
1кг.спанаќ
800мл.густ сос од домати
250гр.шолто сирење или кашкавал
800мл.млеко
1главица кромид
2-3чешниња лук
сол,црн пипер,црвен пипер
зејтин
маргарин
3-4 лажици брашно

Во сад се става млекото,брашното,сол и црн пипер и малку од сирењето или кашкавалот.Се вари на тивок оган(да врие 2 мин)и се трга на страна.
Спанаќот се чисти,се бланшира во солена вода,се цеди и ситно се сецка
Тестото за лазањи се обарува во вода со малку зејтин (околу3мин)
Кромидот се сецка,се пржи во врел зејтин додека не омекне,се додава лукчето сецкано и спанаќот.Се пржи околу 3 минути.Во оваа смеса се става 1/3 од бешамелот.
Во земјено правоаголно тавче намачкано со маргарин се става од сосот од сомати па површината се покрива со тесто за лазањи,се става од филот со спанаќ,бешамел,рендано сирење(или кашкавал),па пак тесто,сос од домати.....се така додека да се потроши целиот материјал.Се завршува со рендано сирење или кашкавал.Се пече на 220 степени околу 45 мин....
 
е добро ако толку сакате лазањи зошто не пижете некој рецепт, а не сите само мммммм прават.
ја не правам пошто не сум налетала на некој вака примамлив и лесен рецепт
Еве ти го рецептот:


Тема за најпреубавото јадење што постои, а нема рецепт. сТрамота! :)

lasagna-su-682512-l.jpg


ЛАЗАЊИ

Состојки :

  • ½ пакетче лазањи
  • кашкавал

Потребни состојки (за ФИЛОТ) :

  • 200 – 300 g мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 0,5 ml сос од домати
  • вегета, бибер, оригано, магдонос
  • 200 -300 g печурки

Потребни состојки (за БЕШАМЕЛ СОСОТ) :

  • 2 супени лажици путер
  • 1 супена лажица брашно
  • ½ литро млеко (може и помалку)
  • сол, вегета

Подготовка :

  • Меленото месо се пропржува со кромидот, се зачинува со вегета и бибер, се додава лукот, кечапот и ориганото. Печурките ситно се сецкаат и се додаваат на смесата.
  • Бешамел сосот се приготвува на следниов начин : на тивко се растопува путерот и се додава брашното, потоа постепено се додава млекото, се додека не се згусне смесата и се додава вегета и сол.
  • Лазањите се варат, 3-4 минути само колку да омекнат, но не и да се сварат.
  • Во тава подмачкана предходно со маргарин се редат прво лазањинте, бешамел сосот, меленото месо, и пак лазањи ...
  • На последниот слој лазањи се мачка бешамел сос, па се ренда кашкавал ( пармезан мх мх мх ) и се пече на 220°С , 20 мин.

Патем, како оди ова со црвено вино...:nesvest:

 
Еве ти го рецептот:
овој рецепт го видов, ама тоа е само еден од 28 коментари. Може сите го правите истиот рецепт, ако е така се извинувам

Тури тие тестенините за лазањи да се подсварат ама не да ги распаднеш..
Тури месото и кромид пропржи ги.. Плус кечап стај им..
Нареди дел од тие тестата, одозгора месото уше еден ред теста одозгора.. Плус нешо помалце од сосот.. Изрендај кашкавал и бутни ги у рерна на 250 и тоа е..
Ете рецепт :kesa:
Иначе место мммм нека биде - :drk:
Лазањи рулЗ
ќе го пробам рецептот, фала:smir:
 
Gi sanjav koga ziveev vo skopje neznaev sto da si naracam vo picerija poprvo pica ili lazanji no sega ovde kaj sto ziveam gi ima vo pakovanje gotovi samo covek da gi stavi vo rerna da gi ispece i gi jadam cesto super mi se.
 
Јухууу, најдобро јадење што сакам да си го правам со мерак. Троа отповеќе печурки, помалку месо, мнооогу сос од домати, и најважното- босилек.
Патем, во Бања Лука имам јадено најдобра лазања. Дури и ми се слоши. Али го запамтив вкусот.:pipi:
 
најсубаво јадење ми е во последно време, го земам од продавница пакување 750грама, само го печам и цело се јаде...:vozbud:
 
Обожавам лазањи.Баба ми ми ги прави најувбавите лазаљи,по италијански рецепт.Во битола најдобри лазаљи имам јадено во Лео,а во Скопје уиште нигде немам пробано.Ако знај некој кај се добри,нека пиши:)
 
Никогаш немам јадено, а и не знам како изгледа тоа и од што се прават:nesum:
 
Имам пробано не ми се допаднаја.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom