Рецепти за шпагети, лазањи и други видови тестенини

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
аууу обожавам лазањи. најубави се тие мама што ги праи а после нив тие на амати па мојте
 
Лазања

Глеам нема отворено тема за ова, иначе најубо јадење :)

Ајде да почниме ко така... :)

Состојки:
Кори за лазања
Мелено месо
Кашкавал
Кечап
Зејтин
Кромид
Сол
Оригано
пипер...

п.с Намерно не ставив количини, зш несакам да работам по некои правила, едноставно колку ве фаќа око :) одприлика 6-8 кори лазања, 500 гр мелено месо, кашкавал рендан колку ќе собере ќе собере, зависи колку сакате МРСНО да е :)

Подготовка:
Корите за лазања се ставаат во врела вода за да се сварат (омекнат) заедно со малце зејтин и сол.

Подготовка на сосот за лазањите:

Најпрво 1-2 парчиња кромид се сечат најситно што можете (само пазете на прстите) и се става во тава да се динста... после се става во истата тава меленото месо заедно со зачините... сол, бибер, пипер.. откако ќе се запржи сето тоа е спремно да се почне да се реди на корите....

Во подибок сад се ставаат и корите за лазања и сосот кој веќе го припремивме на следниов начин...
Најпрво се ставаат корите па врз нив сосот од лазања и над сосот се става ренданиот кашкавал... ова се повторува се додека има од ресурсите за подготовка... на последниот ред над сосот за лазања се става кечапот а над кечапот ренданиот кашкавал.. за кога ќе се испече да има мнооогу убав црвено бел изглед од горе...

На крајот обвијте го садот со готварска фолија и ставајте в рерна :)
Лазањите се печат 30 мин на температура од 180степени...

Сепак проверувајте поначесто, дан испадне на крај наместо црвено бел изглед од горе да имате ЦРН :)

Добар апетит...
 
Обожавам лазањи прекрасни се :vozbud:

Само што Pere не ти е комплетна рецептата. Немаш бешамел сос. А без тој сос не се прави лазања :(
Бешамел сос е со млеко, путер и брашно. Пола литар млеко, лажица брашно и 2 лажички путер и сол.

Значи се ставаат лазањите плус има нови кои не мора да се варат зашто тоа е веќе направено и одма се редат во тавче. На самата опаковка од лазањите има дали се варени или не.
Дома прават во алуминиумско тавче. Една употреба и се фрла не ако загори да чистиш пола ден:)
И потоа се редат лазањи па се става филот со мелено месо (убаво е ако се сака и печурки да се додаде), па потоа пак се редат лазањи па бешамел сос, па фил од мелено месо, па бешамел..... и на крај преееееемногу кашкавал:)
Меѓу филот и бешамелот не се става во глобала кашкавал ама се е до вкус. Со плус кашкавал се губи смесата.

Инаку без бешамел јас не сум јадела ни дома ни во ресторан лазањи, тоа е дел од вистинската лазања.

Ах бре ми се јадеееееее :pipi:

lasagna-su-682512-l.jpg
 
Па зш имам асистент :) ФАЛА на дополнувањето...:smir:

Најв еден рецепт по нетов ... со печурки мх мх мх :)

Лазања (со колбас и јајца)

- 400 г. лазања кори
- 3 колбаси
- 6 јајца варени (сецкани)
- 500 г. бело сирење
- 170 г. парчиња кашкавал
- 50 мл. сирење во прав (крафт)
- 250 г. сецкани печурки
- 800 мл. кечап
- 2 големи лажици маргарин
- 2 чешниња лук
- малку пипер

Приготвување:
Се чистат колбасите од лушпата, се сецкаат и се пржат, па се додава кечапот, лукот и пиперот.
Од кога сето тоа ќе се испржи, се остава 15 мин. отскриено.
Печурките се пржат во маргаринот и при пржењето се додава претходно испрженото месо и од кога се’ е добро запржено, се трга настрана.
Во меѓувреме се варат лазањите (во вода, со малку масло и сол) да омекнат околу 10-15 мин., па се ладат во ладна вода.
Во тава 22X33 cм. се редат 1/3 лазањи, 1/3 од сосот, па 500 г. бело сирење. Потоа повторно 1/3 од лазањите, 1/3 од сосот, па јајцата со 170 гр. парчиња кашкавал и последната третина од лазањите и остатокот од сосот. Најгоре се додава сирењето во прав и покриено со фолија се става да се пече на 180C или 350F степени, само 30 минути.
 
Нешто што мора да се проба за оној кој не пробал. Леле еј лиги ми направивте ајде одма дома да запнеме за лазањи да се направат :helou:
 



Лазања со зеленчук
* 300 гр зелени лазањи
* 2 моркова
* 100 гр кашкавал
* 1 тиквичка
* 200 гр шампињони
* 150 гр модар патлиџан
* 200 гр доматен сос
* 1 доза бешамел сос
* сол и црн пипер
* (Хорор сос)-400 гр бешамел +120 гр доматна салца+сол и бел пипер

Во лонец ги обаруваме 5 мин лазањата и ги цедиме.Модриот патлиџан и тиквичката ја сечеме на кругчиња и ги пропржуваме.Ги цедиме на салфети за да го упие зејтинот.Морковите ги вариме и ги сечеме и нив на кругчиња.Печурките ги сецкаме.

Во намачкано тавче правоаголно ставаме еден ред од лазањата.Редиме од сите зеленчуци,рендаме од кашкавалот и поливаме од доматниот сос предходно разреден со малку вода.Покриваме со уште еден ред лазања и постапката ја повтараме уште еднаш.

На крај лазањата ја преливаме со (хорор) сос, рендан кашкавал и ја печеме на 180Ц околу 20-30 мин.

бешамел

8 лажици путер или маргарин се стават на оган во поширок лонец додека не се стопи.Се додава 4 лажици брашно со постојано мешање. Се додаваат 4 шољи млеко,постепено, со постојано мешање.Кога ке згусне бешамелот се трга од оган и ставаме 2 жолчкчки од јајца, сол и бибер.Добро промешуваме.
 
I'm having a Homer Simpson moment right now...

"Mmm.. lasagne" :)
 
најнајубавото јадење:pipi:
ммм ми се пријадоа:)
 
Тема за најпреубавото јадење што постои, а нема рецепт. сТрамота! :)

lasagna-su-682512-l.jpg


ЛАЗАЊИ

Состојки :

  • ½ пакетче лазањи
  • кашкавал

Потребни состојки (за ФИЛОТ) :

  • 200 – 300 g мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 0,5 ml сос од домати
  • вегета, бибер, оригано, магдонос
  • 200 -300 g печурки

Потребни состојки (за БЕШАМЕЛ СОСОТ) :

  • 2 супени лажици путер
  • 1 супена лажица брашно
  • ½ литро млеко (може и помалку)
  • сол, вегета

Подготовка :

  • Меленото месо се пропржува со кромидот, се зачинува со вегета и бибер, се додава лукот, кечапот и ориганото. Печурките ситно се сецкаат и се додаваат на смесата.
  • Бешамел сосот се приготвува на следниов начин : на тивко се растопува путерот и се додава брашното, потоа постепено се додава млекото, се додека не се згусне смесата и се додава вегета и сол.
  • Лазањите се варат, 3-4 минути само колку да омекнат, но не и да се сварат.
  • Во тава подмачкана предходно со маргарин се редат прво лазањинте, бешамел сосот, меленото месо, и пак лазањи ...
  • На последниот слој лазањи се мачка бешамел сос, па се ренда кашкавал ( пармезан мх мх мх ) и се пече на 220°С , 20 мин.

Патем, како оди ова со црвено вино...:nesvest:

 
јас јадев летоска у струга,ресторанот беше до блу скај мислам тука у близина добри беа ама топлиии,бев гладен и се изгорев
 
обожавам лазањи...без еднаш месечно не поминувам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom