Солзи кај спортистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Возраст
33
Локација
Пустец
Да, како што гласи темата, тука ќе дискутираме за плачот и солзите кај спортистите. Не зборувам за лигавење, цмиздрење по судии, жалење по телевизии. Целта ми е да дознаам што вие мислите и што ви паѓа прво на памет кога ќе видите спортист со насолзени очи на крајот на некој натпревар или на церемонија на доделување на медали. Да ја отворам темава бев поттикната од медалоносците на ЛОИ, за кои ЛОИ изгледа претставуваа огромна чест штом не можеа да ги запрат емоциите, некои од нив дури изјавија дека би менувале и светски медал за олимписки.
Иако некои од овие слики не се од ЛОИ, зборувам за ова:
f_CRm_a9ff2cd.png
f_isinbaeva15m_3f52c1d.jpg
f_Merionm_618878e.png
f_MJm_041176d.png
f_JohnTerryPAm_983046b.jpg

Јас лично како спортист имам неколку пати заплакано во мојот живот. И за убаво и за лошо.
За убаво првпат се случи кога освоив златен медал на Балканијадата во Белград. Кога испливав и видов дека сум прва, не ми значеше ништо, но кога се качив на подиумот и кога ја слушнав македонската химна и го видов медалот на моите гради, не можев да се запрам. Тоа се моментите кога спортистот сфаќа дека е на самиот врв и дека конечно му се исплати сиот труд кој го вложил во тренингот, сите пропуштени важни моменти во животот... Солзите сами ми течеа, но воопшто не ми е гајле дали некој се смеел поради тоа. Јас бев таа со медалот, не тој/таа/тие што се смееше/ја.
Тука се и лошите страни, еднаш бев дисквалификувана во едно финале по 800 метри пливање поради неправилна ротација. Тогаш само ми се насолзија очите бидејќи низ очи ми поминаа сите трки што ги испливав за да дојдам до тоа финале. Да се искачиш до врвот и да те бутнат. Иако беше грешка на судијата(натпреварот беше во Солун, самото тоа кажува) сепак ме погоди, но не ме премисли да се предадам, туку ме охрабри упорно да продолжам со тренинг за да бидам што е можно поуспешна и ми беше плус животно искуство кое ме направи посилна.

Сакам да ве прашам дали се смеете и викате: "Види го плачконо, му изгуби тимот и сега ќе цмиздри" или па спортистот што плаче е во победничкиот тим или е победник индивидуалец вие го сметате за голем емотивец и слабак?
Или па ако видите освојувач на медал како не може да се запре на подиумот си помислувате: "Ех, тоа се солзи радосници, се` би дал/а некогаш и јас да заплакам поради таква причина?"
 
Секако дека не се смеам...И јас ја имам претставувано Македонија но на музички план и имам освоено гран-при награди во странство ама за жал немало пиедестал да се слушне химната (како кај Џену) но сепак кога ќе го прочитаат твоето име или пак наредниот ден ќе го прочиташ сам во тамошните весници сфаќаш дека тоа што си го направил и не е така мала работа...Тоа е гордост да дознаеш дека си прв и дека нема никој подобар од тебе а солзите се сосема нормална работа...
 
Ретко кој ќе сфати ( само оние кои го имаат тоа почуствувано знаат ) дека многу боли коа ќе загубиш обичен меч, не па финале, или коаќе испаднеш од група квалификации. Сум го почуствувал тоа и како спортист, а и како навивач ( за жал за ова второво мн повеќе)
 
во ред е да се заплаче.
многумина мислат еј види го до сега трчаше како коњ, беше вистински маж а сега пак, ќе плаче. и спортистите се луѓе, да не заборавиме. и тие имаат емоции. за нив е поверојатно да заплачат отколку за обичен човек. затоа што, еден фудбалер на пример, за да стигне до медалот морал да одигра илјадници минути. минути исполнети со тензија, да не се згреши, да се направи вистинскиот потег. кога ќе се качеш на подиум, ти поминуваат слики низ главата од првиот до последниот натпревар (ова го имам почувствувано како бивш спортист, иако не заплакав, ама беше регионална лига, немаше химни итн).
исто е и ако изгубиш, пак ти поминуваат сите слики, и на крај онаа најлошата. си одиграл перфектно цела сезона, и на крај за една грешка се оди во вода.
како спортист, немам заплакано. како навивач - многу. плачев на последната слика од Џену заедно со тери. плачев кога борко ристоски одбрани пенал во последната секунда. кога кометал стана шампион итн. се надевам дека во иднина ќе плачам многу повеќе:vozbud: нормално, на успесите на мак клубовите или репрезентациите, а зошто да не и на некое европско/светско злато на Џену???
 
Solzite na sportistite se praznenje na dusata od pozitivna ili negativna energija. I jas sum sportistka, treniram kosarka i znam kako e. Ednas izgubivme na opstinski i sum placela cela nok....:toe:
 
Solzite na sportistite se praznenje na dusata od pozitivna ili negativna energija. I jas sum sportistka, treniram kosarka i znam kako e. Ednas izgubivme na opstinski i sum placela cela nok....:toe:
хаха, абе види саа, за да плачеш треба стварно да имаш причина, ти ако плачеш после секој изгубен натпревар, ииди тренирај нешто во кое само ќе победуваш :)
 
Jas placev koga Liverpool izgubi na minatoto finale vo Liga Na Sampioni so Milan, mame im e**m, a ne sportistite da ne placat. Ova e nesto voobicaeno po nekoj poraz ili pak po nekoja golema pobeda, kade ste epten vozbudeni.
Можам да разберам да сакаш некој наш клуб па да плачеш, ама за некој таму шо се прашувам дали некоаш си бил на нивна утакмица? Никоаш не ми било јасно како толку може да се сакаат туѓи клубови...
 
Роже Федерер повторно плачеше. Овој пат по поразот од веројатно еднаквиот на него во моментов, Рафаел Надал. Но, иако многумина го окарактеризираа овој потег како акт на слабак, ние во тимот на Викторгг корпорацијата сметаме дека е тоа вистински начин на однесување пред камерите, фановите, немите гледачи. Мене искрено ми е преку глава од спортисти кои она што го работат буквално го работат, како платени убијци кои немаат жал нит радост за она што го “скинале“ од дневен ред. Спортот е нешто многу повеќе од можност за заработка. Овој тенисер тоа добро го знае, и е толку успешен токму заради фактот дека не игра за пари, туку од желба.

Оние кои некогаш биле спортисти знаат, дека играта која ја практикуваат, натпреварот им носи едно неверојатно задоволство и тоа во самиот чин. Најчесто, вистинските спортисти воопшто на приоритетната листа под број еден немаат “победа“ туку мотив за натпревар. Убавината на играта е она кое ги влече, задоволството во чинот. Таквите луѓе поразите и победите ги сфаќаат двојно посилно од останатите. Роже не плачеше само заради пропуштената шанса да го помине Пит Сампрас, туку и заради феноменалниот дуел во кој и сам учествува. Во неговиот ум, тој од старт е победник со самото тоа што се изборил да биде дел од тоа шоу кое забавува милиони ширум светот, а тоа го поткрепи со последните зборови... "See you next year"... во превод, уживам во секој миг, и покрај овој пораз, вие знаете дека го сакам ова што се случува. И тој ќе доаѓа тука се` до оној миг кога ќе го земе тоа што го пропуштил денес. Тоа е величината на спортистот...

Затоа Федерер вечно ќе остане број еден, како Мајкл Џордан, Тајгер Вудс, Пеле...
pg2_jordan_195.jpg

tigerstevie.jpg
 
Ооооооооооооооооо Роже ги надмина сите, навистина е најдобар ама и Рафа беше на раб да се расплаче. Натпреварите меѓу овие двајца се вистинско уживање иако траат вечност
 
Роже Федерер повторно плачеше. Овој пат по поразот од веројатно еднаквиот на него во моментов, Рафаел Надал. Но, иако многумина го окарактеризираа овој потег како акт на слабак, ние во тимот на Викторгг корпорацијата сметаме дека е тоа вистински начин на однесување пред камерите, фановите, немите гледачи. Мене искрено ми е преку глава од спортисти кои она што го работат буквално го работат, како платени убијци кои немаат жал нит радост за она што го “скинале“ од дневен ред. Спортот е нешто многу повеќе од можност за заработка. Овој тенисер тоа добро го знае, и е толку успешен токму заради фактот дека не игра за пари, туку од желба.

Оние кои некогаш биле спортисти знаат, дека играта која ја практикуваат, натпреварот им носи едно неверојатно задоволство и тоа во самиот чин. Најчесто, вистинските спортисти воопшто на приоритетната листа под број еден немаат “победа“ туку мотив за натпревар. Убавината на играта е она кое ги влече, задоволството во чинот. Таквите луѓе поразите и победите ги сфаќаат двојно посилно од останатите. Роже не плачеше само заради пропуштената шанса да го помине Пит Сампрас, туку и заради феноменалниот дуел во кој и сам учествува. Во неговиот ум, тој од старт е победник со самото тоа што се изборил да биде дел од тоа шоу кое забавува милиони ширум светот, а тоа го поткрепи со последните зборови... "See you next year"... во превод, уживам во секој миг, и покрај овој пораз, вие знаете дека го сакам ова што се случува. И тој ќе доаѓа тука се` до оној миг кога ќе го земе тоа што го пропуштил денес. Тоа е величината на спортистот...

Затоа Федерер вечно ќе остане број еден, како Мајкл Џордан, Тајгер Вудс, Пеле...
pg2_jordan_195.jpg

tigerstevie.jpg

Каде се тие што велеја дека на Федерер тенисот воопшто не му значи, и дека не покажува воопшто емоции, дека е машина на која и е битно само да победи. Ова беше доказ за тоа колку му значи тенисот и добрата игра. Уште повеќе го засакав после ова... Беше, е, и ќе остани ѕвер. Браво мајсторе.
 
Јас бев еден од нив на темата Надал против Федерер. Но, признавам дека лошо го толкував тоа. Јас познавам спортисти на кои тоа им е стил додека играат, да бидат ладни и без емоции, ментална стабилност која ги води до успех. Но тоа е фасцинантно, бидејќи потиснувањето на емоциите не е лесно, особено во спортски натпревар, огромна почит имам кон такви.

Но, интересно е што истите тие луѓе, секогаш ќе пружат рака со насмевка и од нив зрачи задоволство што учествувале во таков дуел. А тоа... е вистински спортист.
 
Јас сум спортист и кога губам не плачам туку се тепам,тоа е мојот менталитет па посебно ако ме провоцира пртивникот..!!
 
Јас сум спортист и кога губам не плачам туку се тепам,тоа е мојот менталитет па посебно ако ме провоцира пртивникот..!!

Абе друже Федерер се раѓа еднаш на сто години.Такада ти слободно моеж да се тепаш со противниците.Федерер се тепа на теренот додека трае играта,психички физички на секаков план.Тука тој е робот,машина,меле го убива до крај противникот,и тоа е така зошто е најдобар.
Но во моментон кога ќе го заврши победоносниот поен,или кога ќе го изгуби решавачкиот,тој покажува дека е сепак само човек и огромен спортист кој е преполн со емоции и со кои се бори во текот на целиот меч,како уште еден додаток во играта.А откако ќе победи или изгуби,е тука не постои човек кој пред 15 000 фанови после таков епски меч нема да покаже емоции.Таков човек не постои,и и да постои не би бил човек.Па слушнете го моментот на клипот со Федерер кога од позадина се слуша I Love You Federer!!!Замислете како би можел да се чувствува кога знае дека го разочарал тој фан,а сепак тој повторно безрезервно му дава подршка.
А Федерер,и не само тој туку и сите легенди воопшто во спортот како него знаат да покажат дека тоа што го прават им значи се во животот.Тоа се големите шампиони!!!
 
Јас сум спортист и кога губам не плачам туку се тепам,тоа е мојот менталитет па посебно ако ме провоцира пртивникот..!!

Epa so 17 godini so ima da places ti , ti dali i voopsto go razbiras sportot eden e Federer i eden ke ostane pokaza denes kolku e golem, ogromen broj na sportisti pokazale vakvi emociii, i kako ne koga bese do cekor do izramnuvanje na rekordot na edna legenda
 
Највише ми падна кога плачеше к.роналдо на европското првенство во финале против грција кога изгуби:nesum:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom