Скопје добива двоспратни автобуси?

  • Креатор на темата Креатор на темата Кирца
  • Време на започнување Време на започнување

Двокатни или нископодни автобуси

  • Двокатни

    Гласови: 58 41,7%
  • Нископодни

    Гласови: 68 48,9%
  • Не требаат автобуси, што им фали на овие...

    Гласови: 13 9,4%

  • Вкупно гласачи
    139
Се радувам дека нема да има кинески играчки по улиците, со двојно помал капацитет од старите автобуси. :icon_roll
Сега нека распишат тендер каде што ќе изберат НОРМАЛНИ автобуси кои ќе ги заменат тракторите на ЈСП. :wink:

Искрено незнам што тебе како обичен граѓанин ќе ти смени, дали биле 2-спратни или нископодни, со мал или голем капацитет и дали ќе бидат кинески или тајвански...

И нов тендер ќе има, пак за двоспратни....
 
Од кај си сигурен дека нема да биде Кинеска Играчка повторно ?? :)
А во текстот е потенцирано дека пак ке има тендер за ДВОКАТНИ автобуси.. што значи ништо нема да се смени ,и нема да имаме нормални еднокатни супер квалитетни и модерни автобуси ..
За тоа викав,џабе се радуваш.. само моментално е ова и ке се менува само фирмата ништо друго.. иако мора да признаам кога видов дека си пишал се откажуваат и ја се порадував за момент :)))
 
Ќе има тендер за двоспратни, ама нека бидат понормални од оние од ЈуТангЧкљ компанијата. Има голема разлика, помеѓу вкупен капацитет од 40.000 до 23.000. Како што сега има гужви насабајле, можам да замислам како би било со кинеските.

Искрено незнам што тебе како обичен граѓанин ќе ти смени, дали биле 2-спратни или нископодни, со мал или голем капацитет и дали ќе бидат кинески или тајвански...

И нов тендер ќе има, пак за двоспратни....

Како прво, ако веќе се менуваат старите трактори, нека се избере најдоброто, а не на нив најмногу што им одговара, па останатите пари да си ги спикаат во џеб.
И како што реков, ќе имаше голема разлика во капацитетите.

*****

Друга работа, не знам што запнале толку со двоспратните автобуси, стварно е дебилно, ама што да направиме, штом Владата решила мора и да го исполни тоа. :icon_roll
 
Нека се одбере најдоброто, пикањето пари во џеб е веќе друга приказна.

Ако возилата исполнуваат листа на спецификации, тогаш не е важна формата на каросеријата, тоа е веќе ствар на вкус, на некој му се допаѓаат на некои не, тоа е тоа.
Мене нема да ми смени каква форма ќе имаат, ако загадуваат помалце, имаат клима, добри седишта, конфорно возење и слично.
 
Ова е глупо со двоспратниве, како прво нема потреба за такво нешто, а како второ, може лесно да бидат на мета на хулиганите и замислете: ако се деси некоја тепачка на втори спрат, каде што воедно има и многу луѓе, може да се преврти автобусот и да се направи беља.
Нископодните иако носат помалку патници, сепак се поефикасни и побезбедни, а ако сум во право, мислам дека имаат и помала потрошувачка на гориво.
Во најмала рака, доколку не сакаат нископодни, барем нови обични градски автобуси нека стават. Како и да е, добра работа од Владата е тоа што сака да даде пари за нови автобуси. Конечно веќе да се отстранат оние канти кои го трујат Скопје веќе 30 години.

А што му фали на овој, со мерак да се возиш на него...:back:

Coach%20and%20Bus%20Live%202007%20NEC%20Whitelaws%20MAN%20Wrights%20111007%20M%20Crowe.jpg
 
Ne mi se veruva deka ke imame takvi avtobusi...kako i tramvaj sto trebase da imame taka mislam deka i ovoj plan ke propadne...a inace bi sakala zsoto da ne:pipi:
 
Скопје коа ќе добие двократни автобуси мене ќе ми дигнат у центар споменик :vozbud: крш град а уште покрш транспорт !
костовска -џееее си ба:pos2:

--- надополнето ---

omni.png
 
Добро изгледаат двокатниве бар вака од надвор,вчера видов 15-ка
 
Автобусите на изглед се прекрасни. Внатре се исто така убави.
Што не чини? Не се функционални. Не се сеќавам да сум влегла во нов автобус, а да има место за проаѓање. Мали се, особено во вторник и петок.
 
за малку ќе го фатев, сега ќе чекам да го севтосам! :vozbud:

баш се атракција, едвај чекам да ги донесат останатите!

--- надополнето ---

Ова е глупо со двоспратниве, како прво нема потреба за такво нешто, а како второ, може лесно да бидат на мета на хулиганите и замислете: ако се деси некоја тепачка на втори спрат, каде што воедно има и многу луѓе, може да се преврти автобусот и да се направи беља.
Нископодните иако носат помалку патници, сепак се поефикасни и побезбедни, а ако сум во право, мислам дека имаат и помала потрошувачка на гориво.
Во најмала рака, доколку не сакаат нископодни, барем нови обични градски автобуси нека стават. Како и да е, добра работа од Владата е тоа што сака да даде пари за нови автобуси. Конечно веќе да се отстранат оние канти кои го трујат Скопје веќе 30 години.

А што му фали на овој, со мерак да се возиш на него...:back:

Coach%20and%20Bus%20Live%202007%20NEC%20Whitelaws%20MAN%20Wrights%20111007%20M%20Crowe.jpg

за вакви ќе чекаш едно 100 години, едвај за ЛАЗ дадоа, а камоли за МАН па уште нов.
 
Автобусите на изглед се прекрасни. Внатре се исто така убави.
Што не чини? Не се функционални. Не се сеќавам да сум влегла во нов автобус, а да има место за проаѓање. Мали се, особено во вторник и петок.

потесни се во ширина.. тешко ќе е разминување во полн автобус.. се гледа дека кинези го правеле, све по нивни мерки
 
за вакви ќе чекаш едно 100 години, едвај за ЛАЗ дадоа, а камоли за МАН па уште нов.

Мислам дека Трифке Костовски лобираше за вакви, ама кога веќе го изгуби политичкио кредибилитет.

Инаку не се лоши лазовите. Во средата се возев, начекав полупразна 65ка.

Патем бидејќи темава е за двокатните бусеви. Пеам на свадби, зошто не те пратија тебе на терен кога беше промоцијата, ќе се возевме заедно :))
 
Приметив дека шоферите у новиве автобуси сите дотерани,кошулче ,саковче,машна ова она.. а оние што возат у старите уште по мајци и блузи :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom