Па вака го гледав тој фамозен ХРФ на НоваТв и морам да признам и дека не беше богзнае што и тоа пред се музички,оти речиси да немаше песна за која можеш да кажеш дека се издвојува или дека е нешто посебно се беше просечно,искрено не ни очекував нешто повеќе.Она што ми се допадна таму беше одлината сцена за која ние на некој наш фестивал би можела само да ја сонуваме,како и белите удовици кои беа и најголемите ѕвезди таму со нивните зајадлите,па дури и навредливи коментари,но во секој случај ја размрдаа онаа досадна монотонија од глупави песна.Исто би го истакнал и стајлингот на одренени пејачи кои игледа доста добро.
Што се однесува до Калиопи имаше сосема коректен настап,со песна која беше многу подобра од минатогодишната,но ќе ги цитарам хрватските медиуми кои велат убаво е да се слушне нејзиниот глас секогаш,но ова сигурно не е најдоброто од неа.
Што се однесува до нејзиниот стајлинг,мислам дека покичесто облечена досега не била,можеби овој сталинг во спотот се вклопуваше но на грандиозна сцена тоа изгледаше пренападно и премногу кичесто(ништо ново од кралот на кичот Дејан Миличевиќ).
А пак што се однесува до оние шпекулации кој беа пласирани од КМП пред самиот фестивал за нејзиното убедливо водство,тоа беше само еден од многуте лажни рекламирања кај нас љубат да ги практикуваат нашите пејачи многу често,па после некој друг им бил крив.Инаку,да точно беше дека беше прва на една интернет листа,но тоа беше само една радио станици,а истите заборавија дека постојат 20тина радио станици на кој се гласа.
Инаку,не ми е јасна оваа фестивалска офанзива на Калиопи,која упорно ни докажуваше дека не е фестивалска пејачка и дека таму може да настапи само во ревијален дел со свој солистички концерт,а еве сега најавува и настап во Будва на фестивал на кој минатата година беше претставена како бившојугословенка,чисто од патриотска причина(нели она за себе вели дека е голема Македонка) не треба да настапи таму.