а1 нај 2007
``
Љубомир Поповски беше уапсен на денот кога Бранко Црвенковски победи на претседателските избори 2004-та. Година дена подоцна беше осуден не само на затворска казна, туку судот му наложи да ги врати 45.000 евра земени како мито.
Цело време тврдеше дека е наместен од полициски функционер. Во затвор отиде во август 2006-та кога СДСМ веќе не беше на власт.
Во моментот е во отвореното одделение, преку ден работи во една скопска фирма, ноќе престојува во Шутка.``
вест 18/4/2005
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Љупчо Поповски, поранешниот државен секретар за одбрана и осуденик за примање поткуп во петокот, пијан, возејќи во погрешна насока во еднонасочна улица, направил сообраќајка на улицата Железничка во Скопје, тврдат очевидци. Тие кажуваат дека откако удрил во возило што било паркирано, се обидел најпрвин да ги обвини тие што ги удрил, а кога тоа не му успеало, велат очевидци, сакал место него, неговиот син да дува во алкометарот за да скрие колку е пијан.
Во петокот вечерта, околу 20.45 часот кога се случил настанот, на Железничка имало 20-ина луѓе кои внимателно ја следеле пијаната драма на Поповски. Според нивните кажувања, Поповски, возејќи во забранета насока со неговото "форд мондео" СК-442-НС, за да ги избегне автомобилите што возеле кон него, удрил во паркиран автомобил. Веднаш откако удрил, тетеравејќи се излегол од неговиот автомобил и почнал да им вика на оние што застанале поради сообраќајката дека тие се виновни и оти тие возеле во спротивна насока, а не тој, кажуваат очевидци.
"Сакаше да направи ујдурма оти беше пијан, па сакаше да го викне син му, најверојатно, за да дува тој место него кога ќе дојде полицијата. Ама не му успеа финтата бидејќи на местото на несреќата имаше над 20 луѓе кои јасно видеа дека тој возеше во обратна насока. Беше толку дрзок што почна на возачот на удрениот автомобил да му вели дека удреното му е од порано. Го убедуваше дека искршениот ладилник на автомобилот што тој го удри е стар дефект и дека водата од ладилникот така си течела со денови", раскажуваа очевидци кои во петокот вечерта се нашле околу раскрсницата на Железничка и Водњанска и кои не известија за случката. Луѓето што тврдеа дека виделе што се случило кажаа дека кога полицијата му направила алкотест се покажало дека Поповски бил многу пијан.
"Успеавме да sирнеме колку покажа кога дуваше. Не сме сигурни дали беше 2,8 или 2,08, но, како и да е, со толку алкохол во себе не можеш ни пеш да одиш, а камоли да возиш", раскажуваат оние што виделе колку "дувнал" Поповски.
Додека траел увидот на местото на несреќата, пијаниот Поповски цело време стоел потпрен на еден од sидовите на објектите на Железничка.
По несреќата, удрениот автомобил "опел астра" останал на местото на несреќата, а автомобилот на Поповски бил одвезен, а заминал и екс државниот секретар.
Поповски неодамна беше осуден за земање поткуп и беше фатен на дело со обележани 15.000 евра кај него. Осуден е на две години и шест месеци затвор, но пресудата се уште не е правосилна бидејќи Поповски може да ја обжали пред Апелација. [/FONT]
ббцмацедониа 17.05.07
„Господинот Поповски не смее на никој начин да биде привилегиран, меѓу тоа исто така не смее на било кој начин да биде дискриминиран“, рече Црвенковски.
Инаку Љупчо Поповски, како државен секретар во министерството за одбрана, во 2004 година беше фатен на дело како прима поткуп, за што беше осуден на 2,5 години затвор.
Со помилувањето казната му е намалена за седум месеци.