ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ОДБИЛ ДА ГО ПОМИЛУВА ЏИМИ ОД ШТИП, ОСУДЕН ЗА СООБРАЌАЈКА БЕЗ ЖРТВИ
Бранко, ти да не си расист?!
Јас не сум криминалец. Не сум убил никого, не сум украл пари, не сум силувал, не сум крадел. Едноставно сум направил сообраќајка, нешто што секому може да му се случи. Никој не загина во сообраќајката. Еден човек беше повреден, но фала му на бога, и тој е добар сега. Минатата година за таа незгода ме осудија 3 месеци" - вели Џими
Симон Гаџида Поликарп, или познат како Џими од К 15, ќе мора да одлежи 3 месеци затвор поради сообраќајна незгода во која немало жртви. Во мај, годинава, Џими писмено се обратил до Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски барајќи да го помилува, но неговото барање без никакво образложение е одбиено.
"Јас не сум криминалец. Не сум убил никого, не сум украл пари, не сум силувал, не сум крадел. Едноставно сум направил сообраќајка, нешто што секому може да му се случи. Никој не загина во сообраќајката. Еден човек беше повреден, но фала му на бога, и тој е добар сега. Минатата година за таа незгода ме осудија 3 месеци" - вели Џими.
Тој не може да го прифати фактот дека претседателот помилувал криминалци, луѓе кои проневериле милиони евра, учесници во изборни инциденти, лица кои убивале, а не сака нему да му ја замени казната барем со условна осуда. Надевајќи се дека ќе успее да добие помилување, Џими во неколку наврати го одложувал издржувањето на затворската казна. Но на 1 септеври тој ќе мора да се појави во затворот во Штип и да ја издржи затворската казна.
"Повторно ќе побарам помилување од Црвенковски. Се надевам овој пат ќе добијам поинаков одговор. Мојата работа многу трпи од оваа судска пресуда" - додава Џими.
Неговиот пасош е одзеден уште во ноември минатата година. Оттогаш трпи и неговата работа. Џими има своја Фондација. Со донациите кои тој ги обезбедил моментално се прави дневен прифатен центар за хендикепирани лица во Волково. Ваков центар Џими обезбеди и во Неготино, а од неговата фондација се донирани возила во болниците во Демир Хисар и Демир Капија.
"Го реновиравме и училиштето во селото Селце, Штипско. Во план ни е реновирање на ште неколку училишта во овој регион. Сметам дека придонесов многу за државата. Поради тоа што го немам пасошот пропуштив донаторска конференција, на која јас бев единствениот поканет од цел Балкан. Три месеци во затвор ќе помнат, но ќе поминат и многу донации не искористени, а сите тие се во корист на државата" - раскажува Џими.
Сообраќајната незгода се случила пред три години. Џими се враќал од Скопје кон Штип. Некаде кај Катланово се поминал поминал покрај човек на велосипед. Но по само некоја минута камионот кој возел со него со песок и од кој капел вода закочил нагло. Иако возел со брзина од 40 километри на час, на пат каде е дозволено 70, при кочењето поради лизгавиот коловоз зализгала колата на Џими. При лизгањето удрил во велосипедистот. Вели веднаш го качил човекот во автомобил, бидејќи никој околу несакал да го префрли во болница.
Јас не знаев ни каде е болницата. Човекот ми кажуваше каде да возам. Го однесов. Двете нозе му беа скршени. Секој ден го посетував во болница. Го платив болничкото лекување. Кога го пуштија дома, повторно му одев во посета. И ден-денес знам да отдам кај човекот да го видам. Тој сега е добар, се движи. Поради тоа што цело време бев со него, не ме ни тужеше. Ме тужеше државата и ме осудија на три месеци затвор" - додава Џими.
Инаку, на листите на помилувани лица од страна на претседателот се јавуваат неколкумина осудени заради сообраќајна незгода, во кои имало и жртви.