МРТ: Срам, брука...но...?

  • Креатор на темата Креатор на темата fantomX
  • Време на започнување Време на започнување
А кој бил крив?

Море не гладни глави... И во затвор треба да ги шибнат заради оштетување на угледот на државата и предизвикување материјална штета.

За ова признавам да дека се криви но сепак и ние како граѓани поголемиот дел ни пари ништо не плаќавме. А не сум сигурен мислам на МТВ им забранија реклами колку сакаат да пуштаат и немаат пари. Сепак За угледот имаш право. Еден пример скорашен преносот на светско јуниорско у ракомет ни време ништо немаше ставено. Којзнае како во другите држави гледале.
 
Абе мистичен и јас би сакал да се издигне ама не по цена на 1100 гладни глави. Сеа некој ќе каже да еве ништо не направиле ама они не биле криви.
Абе млад ман, млад си сеуште. Не е убаво, ама сите сме креатори на своите судбини. Убаво беше дур траеше, дремеа доле во бифето, имаше стотици на платен список кои воопшто не се ни појавуваа на работа или доаѓаа еднаш месечно, тие кои доаѓаа на работа гледаа да фатат кривина (имам еден таков у фамилија, повеќе беше на гости кај нас отколку на работа во работно време), од чистачка до директор билдаа телефонски сметки со маратонски гага разговори по роднини од селата па до Австралија...а сето тоа треба некој да го плати на крај.

Е нема веќе. Секнало. Умре. Наместо да мислеа на иднината, на развој на куќата и остварување профит, мислеа дека е бунар без дно.

А за Нова Македонија, ме мрзи да пишувам, можам фељтон да напишам како тонеше бродот.
 
Тоа е тоа :toe: жално но вистинито неможат повеќе,сите пари што им ги дадоа како помош ги украдоа...им треба чистка со способни и моќни менаџери
 
Ок... Ако веќе прави милионски загуби, поздрав.

Нека почива во мир. :pop:
 
Тоа е тоа :toe: жално но вистинито неможат повеќе,сите пари што им ги дадоа како помош ги украдоа...им треба чистка со способни и моќни менаџери
Абе џабе е секаква помош, тоа е џин кој влече огромни трошоци, ламја која не можеш да ја нахраниш затоа што има проширан желудник и глисти, затоа што е превработено.

Во старт месечно за плати, придонеси и режиски трошоци (струја, вода, телефони, одржување и слично) за 1.100 вработени се потребни околу 1 милион евра. Кога ќе остварат толкав профит месечно за да не запаѓаат во долгови? А камоли во иднина и модернизација (опрема, продукција) да инвестираат.
 
Сигурно дека е ламја но има и поголеми телевизии кои опстанале :toe: политиката на самата телевизија треба да се смени и да се донесат способни луѓе,но сепак 1100 луѓе се премногу вработени
 
Сигурно дека е ламја но има и поголеми телевизии кои опстанале :toe: политиката на самата телевизија треба да се смени и да се донесат способни луѓе,но сепак 1100 луѓе се премногу вработени


Тогаш... отпуштања?

И без милост... „Ама јас 30 години сум тука!...“ „А колку придонесуваш во работата?“ „Па многу работам, само да го испијам ова кафе...“ „Поздрав, чао, отпуштен си.“

Така би можело да се решат доста работи.



Но од друга страна ако техниката е застарена... Е тогаш е посериозен проблемот.



Веројатно се сведува на ова: кој прави најмногу загуба, тој се отпушта, т.е. се запушува од каде што се излеваат пари без потреба. Чиста економија.
 
Сигурно дека е ламја но има и поголеми телевизии кои опстанале :toe: политиката на самата телевизија треба да се смени и да се донесат способни луѓе,но сепак 1100 луѓе се премногу вработени
А зашто опстанале?

Затоа што Господ ги сакал и измислиле печатница за пари или затоа што стегнале гзот?

Ти не разбираш дека таму работат такви неписмењаци кои воопшто не можат да сфатат дека треба да се оствари профит за да се подели плата. Тоа е непоимливо за нив. Тие луѓе немаат никаква претстава од каде доаѓаат парите за плата. Основната максима им е "државата треба да не издржува".

Пола кадар е од рангот на Пеце од Зелениково, 60 годишен селанец со четврто одделение кој на времето завршил некој курс во Работнички Универзитет Кочо Рацин, кој доаѓа на работа за да се изрелаксира од пасењето овци, да сврти телефони по роднини, да дрмне пиво во бифе, да се врати дома и на први да бара плата, затоа што напорно работи човекот.

И да ја обвинува државата.

Вториот профил вработени таму се "интелектуалците", децата на поранешните буџи, кои освен млатење празна слама, боемштина, и секс со колешки, не работат ништо друго. Океј, работат, како уредници. Мислат каква најавна шпица да се направи за некоја емисија по 20 години, како врв на нивната кариера, пред да заминат во пензија. Или, во кое студио да се смени инвентарот - дали да се стави фикус или вештачка палма покрај масичката од 62-ра.

Тие кои беа способни и видоа колку е часот отидоа во други медиуми. Другите останаа да чекаат милост. Мислат дека се во прифатен центар или некое сиропиталиште. Така им чини.
 
Кај е Бранка Станковска да ги среди работите за 5 минути :icon_bigg
 
Апсолутно те разбирам затоа викам дека самата политика останата уште од времето...лежи лебу да те јадам ги доведе до овој стадиум :tapp: така да мора да има отпуштања тоа е неминовно а тие со стаж фала ви многу но новите кадри сигурно ќе доведат до подобрување на самата состојба
 
Освен ако не дојде NBC или некој од тие да ја купи и го превземе раководењето друго чаре нема.
 
Освен ако не дојде NBC или некој од тие да ја купи и го превземе раководењето друго чаре нема.
Абе не NBC, Господ хим селф да дојде да ги купи не му се исплати. Ќе треба да врати повеќе долгови на доверителите, отколку што вреди целата зграда барабар со цела опрема и инвентар. Џабе да ти ја дадат треба да си будала да ја земеш за да наследиш обврски за враќање на милионски долгови кои копуците ги направиле, а не па уште да дадеш пари за неа.

Исто ко со жена. Се зема ли жена која му должи милиони на бившиот маж, а кои ќе треба да ги врати идниот маж? И да е убава како манекенка, и да знае да се секса како порно ѕвезда треба да си глуп да прифатиш такви услови. А МРТВ сирота, ем не е убава, ем незнае ни да се секса, а должи милиони.

Затоа се прогласува стечај и се ликвидира претпријатие. Ама некои упорно не можат да сфатат.
 
директорот земал 6000 евра плата алоооооооооооо толку црвенковски не зема што е тоа и после мрт нема пари па ке нема :uvo::uvo:
 
Катастрофа тешка е ова шо се случува со МТВ и тоа веќе одамна...не само заради превработеноста и застарената техника шо ја имааат туку и заради вработените кои шо се од типот нишај врата земај плата , а да не зборувам дека таму нема ниту еден единствен чоек кој има некаква идеја како да се извлечат од калта во која шо се наоѓаат...како пример ќе ја земам Шведската национална телевизија која работи со само 85 стално вработени луѓе ( останатите се хонорарци ) и тоа во зграда која е висока само 3 спрата...а кај нас на 4 пати помалку жители од Шведска има 1100 вработени кои работат во зградиште високо 17 спрата ( иако последните 2 не се доправени ) ... хе хе....нигде во светот нема национална телевизија која е сместена во толку голема зграда како шо е зградата од МТВ...има и една анегдота ( вистинска случка ) поврзана со ова...пред десетина години дошол директор на национална тв од некоја западноевропска земја на посета кај директорот на МТВ...кога стасале пред зградата и кога ја видел колкава е , ги прашал нашиве колку спрата од зградата и припаѓа на МТВ...кога нашиве со чудење му одговориле дека цела зграда е на МТВ типов неможел да поверува дека е вистина...хе хе
 
За ова признавам да дека се криви но сепак и ние како граѓани поголемиот дел ни пари ништо не плаќавме. А не сум сигурен мислам на МТВ им забранија реклами колку сакаат да пуштаат и немаат пари. Сепак За угледот имаш право. Еден пример скорашен преносот на светско јуниорско у ракомет ни време ништо немаше ставено. Којзнае како во другите држави гледале.
нешто коа не го глеам, и нема квалитет патем зашто и да го плаќам?
А и 99% од нас плаќаат кабловска така? такааа... + радиодифузна такса..
епа извини.. башка најпаметно ке му беше на МТВ да склучи договори со кабелските оператори за нејзино емитување отколку вака.. на тој начин ќе земеше нешто.. вака тешко
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom