F
fantomX
Гостин
Единствен случај:kesa:
Македонија наскоро без државна телевизија?
Автор на текстот: СателиТВ Редакција. (Хрватска)
Македонија наскоро би можела да остане без својот јавен информативен сервис - Македонска Радио Телевизија МРТ.
Агонијата на овој сервис под директорската палка на Јанез Сајовиц, „експертот“ увезен од Словенија, би требеало наскоро да се заврши, и тоа со ликвидација. Владата на Македонија се одлучи на таков чекор после проценката дека МРТ повеќе не е во состојба да ја извршува својата основна функција - да биде ефикасен јавен сервис.
Стечајната постапка се очекува наскоро, бидејќи Македонското Собранието ги усвои измените на Законот за радиодифузија, со кои се предвидува стечај или ликвидација за јавното радиодифузно претпријатие и трговското радиодифузно друштво. Такво законско решение досега немаше. Се најавува дека и со ликвидацијата ќе се отпуштат околу 1.100 вработени. Потоа, по францускиот модел, во новоформираниот јавен РТВ сервис, најверојатно под името Радио-Телевизија Македонија, би се вработиле значително помалку луѓе, но со подобра технолошка опременост. Се надеваат и на ефикасна наплата на претплатата и буџетски освежувања.
МРТ должи околу 15 милони евра, вработените се во штрајк веќе неколку месеци и немаат добиено плата, а десеткуваните новинари најчесто немаат никакви услови за да стигнат на местата на настаните. Извештаите се крпат, а дописничката мрежа практично е укината. Новинарите на МРТ во штрајк се појавуваат на емисиите на МРТ со беџови на кои стои порака: „Во Европа без јавен сервис?!“.
(Вечерње Новости,СателиТВ Редакција)
http://hr.satelitv.net/jumpto.asp?ref=news&cat=65&id=3419
Така, брукава стаса и подалеку. Ама ко шо гледам, дали значи дека се че се стратува одново?