Фер судење ?
Господине Ве молам приложите имотен лист.
Заев: Повелете.
Ве молам Решение за градба.
Заев: Повелете.
Ве молам тендерска документација.
Заев: Повелете.
Судијата: Доставена е целокупната документација и се е по пропис, Заев е слободен и херој на народот.
Или втората опција.
Нема решение за градба и земјиштето е во процес на денационализација.
Кривично дело по член тој и тој и Заев е затворен.
Без тендер дадено за градба.
Кривично дело по член тој и тој и + години апсана.
Ако е све легално многу е едноставно.
Се работи за објект од 15 милиони евра, не е тоа гаражичка или индивидуална куќа.
Има предмет со докази по тој предмет а ние не успеавме да ги видиме.
Многу брзо се случи амнестијата.
Али голема пара е во игра, така да.....
Или третата опција.
Истражен Судија:Господине Ве молам приложите имотен лист.
Заев: Повелете.
Истражен Судија:Ве молам Решение за градба.
Заев: Повелете.
Истражен Судија:Ве молам тендерска документација.
Заев: Повелете....може сега од слобода да се бранам ?
Истражен Судија: Да да....ама чекај малку...телефонот ми звони...АЛО
Маневски: Ало, шо бидна со Заев ?
Истражен Судија: Па нема веќе основа за притвор.
Маневски: Нема основа!!! Па ти здрав ли си бе. Комуњар е, од тоа поголема основа...здравје.
Истражен Судија: Да господине Министер, но ние работиме по закони, а јавното обвинителство не достави цврсти докази за да го држиме уште во притвор.
Маневски:Ти очигледно си кочничар на реформи. Кај бе држава ќе редормираме со вакви. (Клик - затвара врска)
Маневски: (Звони) Ало шврго, ти си ?
Шврговски: Кажи друже партиски...јас сум.
Маневски: Абе шо прават овие твоите обвинители, не ги бива нешто.
Шврговски: Зашо ?
Маневски: Зашо бе зашо, да му ебем матер зашо. Заев ќе го пуштат, ето зашо.
Шврговски: Гајле немај ти. Сеа јас обвинителот ќе го сменам, па ќе видиме, ќе исконструираме нешо. Абе не се секирај. Он до локални не искача од шутка, може да напраи уше еден Глобал...хахаха.
Маневски: Е ај да ти верувам, пази да не заебеш работа.
Новиот обвинител: Ево ти истражен уште докази за Заев...потпиши притвор.
Истражен Судија: Паааа, како што гледам и нема нови докази, само обвинителот е нов.
Новиот обвинител: Абе не се праи мангуп, потпиши оти знаеш дека ако се жалиме по втор пат, одлуката оди на кривичен совет, а таму се оние троицата....братучедот на оној у Влада, вујко на оној од апелација, и брат му на оној од кабинетот на ......
Истражен Судија: Јас мојата работа си ја вршам совесно и одговорно, така да мислам дека нема основа за да понатаму го држиме дечкото.
Новиот обвинител: Абе комуњар еден. Ќе видиш ти.....
После два дена.
Кривичен совет: Одлучивме Заев да остане во притвор, бидејќи може да влијае на писмените докази што стојат во судот со вуду магија, и затоа што може да го повтори делото, и да изгради уште некој трговски центар по пат додека си оди накај дома.
Рада: Ало шефе...
Шефот: Кажи Радеее...кааааажи дууушо...
Рада: Абе не пеј, не е до пеење работава.
Шефот:Е аено де....шо па ти....кажи шо ќе каеш.
Рада: Абе на Зоки му го местат.
Шефот: Е глеам де гледам, ама шо да правам.
Рада: Озбилна е работата, вчера Зоки ми се јави, и ми рече дека чешмата у ќелија му капкала, па му донеле кофа.
Шефот: Кофааааа!!!!!!!!!!! (затвара)
Шефот на секретарката: Aj види таму, искуцај една аболиција за Зоки....ама сместа...одма. Идам ја да се пресоблечам, а ти најави прес за пола саат.