Владата директно влијаат врз одлуките на судот. Тоа го потврдија со завчерашниот пример, кога Елена Гашева, мајка на советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во советот на Град Скопје, е избрана за претседател на Советот на јавни обвинители на Македонија. Претходно, кумот на собранискиот спикер Вељановски, како што тврдат до СДСМ експресно бил избран за претседател на Врховниот суд. - Во Македонија не постојат услови за фер судење на Зоран Заев и за неговите соработници. Целиот случај е политички монтиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за да се уништи личниот углед на градоначалникот. Нервозните реакции на премиерот и целата ВМРО-ДПМНЕ само го докажуваат тоа - рече Борче Демитриев, член на СДСМ од Струмица. Локалните социјалдемократи побараа одговор од ВМРО-ДПМНЕ, кој бил поводот на пратеничката Силвана Бонева за честите посети на Основниот суд Скопје 1, додека траел притворот на Заев и на неговите соработници.