Делам совети, но не ги применувам

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
Дали и Вие правите така??Кога треба да посоветувате некој за проблем одлични сте советници,психолози,но сепак малце вие потешко кога треба Вие тоа да го примените??Многу е лесно да кажете на некој како да постапи,а Вие кога сте во иста ситуација,се повлекувате,незнаете дали тоа да го направите или не??Што правите Вие,дали ги примменувате своите совет и на себе или не??
 
candybabe

~ПЛАВУШКА~
Член од
16 јули 2008
Мислења
588
Поени од реакции
9
СЕКОГАШ! дури и коа ке се изнамачам да помогнам онака да си кажам се како што ми лежи на душичката,да им биде се ок да не повторат иста грешка ко мене ке ми речат па добро бе викторијо не ме зезај и ти со ко мене ..ти најде да ми кажеш ...и ај сеа ..те укопува на место:helou:
 
е за тоа ти зборам,паметни сме сите,знаеме како треба,ама некако полесно е да ги увидиме туѓите,отколку нашите грешки,зар не???
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дали и Вие правите така??Кога треба да посоветувате некој за проблем одлични сте советници,психолози,но сепак малце вие потешко кога треба Вие тоа да го примените??Многу е лесно да кажете на некој како да постапи,а Вие кога сте во иста ситуација,се повлекувате,незнаете дали тоа да го направите или не??Што правите Вие,дали ги примменувате своите совет и на себе или не??
Се разбира.
Секогаш.
Апсолутно секогаш.
Можам да им помогнам на сите,освен на себе си.На сите им делам совети им помагам,ама а дојде време сама на себе да си помогнам,ништо.Ме фаќа некој внатрешен инает и не си ги слушам сопствените совети.:S
Секогаш е така,со сите луѓе.
Кога ќе ти рече некој : Не се нервирај ти викаш: Не можам да не се нервирам,а кога гледаш некој како се нервира му велиш : Не се нервирај и така цело време во круг.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Навика ми е да солам туѓ памет, а свесно ги правам истите грешки и кога се работи за мојот живот сум без совет.
 
candybabe

~ПЛАВУШКА~
Член од
16 јули 2008
Мислења
588
Поени од реакции
9
е за тоа ти зборам,паметни сме сите,знаеме како треба,ама некако полесно е да ги увидиме туѓите,отколку нашите грешки,зар не???
у право си така е..ама па некој ден ке ти дојде се преку глава и на крај краева кај им даваш совет па уште мани наоѓаат бар да ценат ...
 
bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
у право си така е..ама па некој ден ке ти дојде се преку глава и на крај краева кај им даваш совет па уште мани наоѓаат бар да ценат ...
не не се тоа мани,туку малку тоа те иритира,лично јас на пример и викам на другарка ми еднаш шо да правам бившиот ми звони цело време,а она- па не кревај,или раздери му се,воа-ноа,а ја и викам па ти шо му креваш на твојот и праиш пола саат мубет,а не го поднесуваш??Стално е така еден магичен круг како шо рече крејзи,нема крај,само понекогаш пред да кажеме нешто треба да се помислиме,дали и ние така вистина би постапиле?
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Тоа не е прашање дали и ние така би постапиле. Правилнот начин е тој, се знае. Вистинското прашање е дали имаме сила да го направиме правилнот избор.:helou:
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Апсурно нели, пушам а држам часови против пушењето, шмркам а држам предавања за штетното влијание на дрогите и капак на се очекувам да ме слушаат... јбг природата ни е таква сите сме такви, светот е таков.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Апсурно нели, пушам а држам часови против пушењето, шмркам а држам предавања за штетното влијание на дрогите и капак на се очекувам да ме слушаат... јбг природата ни е таква сите сме такви, светот е таков.
Знаеш како оди она, прашај паталец а не гаталец. (Така беше?) Оние кои никогаш не земале дрога не можам да зборуваат за неа. Немаат право. Ко јас и ти да зборуваме дали е добро во брак и дали треба да се разведеме ако има проблеми. :toe:

Совети делам, но имам маана/доблест... често велам не знам. Кога се наоѓам во истата ситуација постапувам по моменталната ситуација. И да направам обратно од советуваното, гајле ми е... ако сум советувал веќе сум сторил на овој или оној начин. И така битно е да си свесен за постапката и нејзините последици, а не да кажеш “ја напраив така, боље е“, туку “ја не напраив така, ама се заебав, слушај ме, боље е“.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Хаха во право си, но нели би било пологично против пушењето на пример да зборува некој кој го увидел штетното влијание и прекинал а не некој кој активно пуши и на секое предавање против пушењето дава 10 минутна цигара пауза.

п.с погоре запишав пушам,а не пушев, алудирајки токму на овие појави што сега ги опишав. :)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Не може да попува паталец,ако тој продолжува да пуши и да се дрогира.Лицемерно е од негова страна.
Некој кој го победил порокот,може да збори за тоа како делува на потенцијалните жртви....оној кој продолжува да го зема,нема право.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Делам совети само во случај да сум се нашла во слична или доста слична ситуација која сум ја преминала и веќе останала зад мене така што не сум била во ситуација да ги применам советите кои штотуку сум ги дала некому од проста причина што пред искуството сум имала еден памет а по него друг...затоа и редовно давам совети кога ќе наидам на позната ситуација затоа што не сакам а и многу се нервирам кога гледам како некој ги повторува моите грешки и е исто толку глуп колку и јас што сум била на времето...

За сите други проблемчиња и разно-разни ситуации кои сеуште не сум ги доживеала, не давам совет...едноставно одговарам или со НЕ ЗНАМ или пак кажувам како јас би постапила во таква ситуација ама сето тоа е далеку од совет...
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Делам совети, но не ги применувам....лол да...така е...незнам зашто...се праам паметен и кажувам како треба, а всушност јас не правам така...
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Уф ме погоди темава, делам совети, помагам многу и сакам тоа да го правам. Обично советите произлегуваат од мојот живот или од животите на моите најблиски, значи го мразам она еј немој така гледај што се случи на таа и таа. Обично ја детализирам состојбата и гледам да се најде решение а не само да се кука и да се седи. Е кога се работи за мене, секогаш мислам дека ја сум посебен случај за решавање и за мене излез нема, хехе ама и така е. Не сакам да слушам совети, доволно е еднаш да ми кажат и готово, ако ми повторуваат или од некои си икс примери ми кажуваат што и како, тогаш боље да си молчат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom