Делам совети, но не ги применувам

  • Креатор на темата Креатор на темата bella
  • Време на започнување Време на започнување
мислев за мене сте збореле кога ја видов темава:)

секогаш знам да дадам добар совет на сите околу мене,ама кога ќе дојде мене да ми е тешко не знам како да си помогнам,што е најарно.
лесно е да седиш од страна,да посматраш и да делиш совети.


ми кажаа еднаш како да го решам проблемов.
"замисли си дека сето тоа му се случува на некој друг,каков совет би му дала нему така и за тебе ќе си напраиш":star:
ама кога си во фрка не ти текнува на муабетов:toe:
 
е за тоа ти зборам,паметни сме сите,знаеме како треба,ама некако полесно е да ги увидиме туѓите,отколку нашите грешки,зар не???


Не мора да значи.
Ги увидуваш твоите, ама сепак не се мачиш да ги поправаш, туку палиш мсн, наоѓаш особа со истиот проблем и се распалуеш со решенија, и веднаш се осеќаш подобро.
 
Не мора да значи.
Ги увидуваш твоите, ама сепак не се мачиш да ги поправаш, туку палиш мсн, наоѓаш особа со истиот проблем и се распалуеш со решенија, и веднаш се осеќаш подобро.

Истото сакав да го кажам.
Јас сум свесна за повеќето (да не кажам сите, зашто сепак човек се учи се додека е жив нели) грешки што ги правам, но сепак наоѓам изговор да го одложам нивното поправање.
Поентата ми е дека теоријата секогаш е полесна од практиката.Како што кажа Goddess of Chaos, откако ќе пронајдеш решение за проблемот што те мачи-се чувствуваш многу подобро, но останува најтешкото-да ја примениш таа теорија.
Затоа многу пати им забележувам грешки на луѓето и ги советувам да постапуваат правилно, иако ги разбирам зашто и јас самата грешам за истото тоа.:toe:
Мое мислење...
 
Делам совети ,не значи дека секогаш ги применувам јас истите..Не можам на некој да го советувам нешто да направи а тоа не личи на него..Секогаш советите треба да се соодветни на личноста што и ги даваш односно да се совпаѓаат со нејзиниот карактер..
 
Не делам. Од кога станав свесна дека сосема друга перспектива имам кога “решавам„ туѓи и мои проблеми и дека тука имам една нереална и неосвестена ситуација, башка и моќта за визуелизација ми е слаба почнав да не ги делам.
 
da chesto delam, zatoa shto sum mnogu iskusen vo toa i zatoa shto sekogash sum vo pravo i zatoa sho sum Vaga-ako ne veruvate prashajte-site sudii i pravnici se pretezno vagi vo horoskop:star:
 
Дали и Вие правите така??Кога треба да посоветувате некој за проблем одлични сте советници,психолози,но сепак малце вие потешко кога треба Вие тоа да го примените??Многу е лесно да кажете на некој како да постапи,а Вие кога сте во иста ситуација,се повлекувате,незнаете дали тоа да го направите или не??Што правите Вие,дали ги примменувате своите совет и на себе или не??
Интересна тема....:smir::smir::smir::smir::smir:
Малку е тешко да одговорам на ова затоа што не е лесно да се ставиш во туѓа кожа...Како што велат лесно е да се каже,,потешко е да се направи..да,,делам совети кога мислам дека навистина би помогнале некому..Иако искрено има ситуации во кои ни јас не би знаела како да постапам..Секако дека е подобро да се учиме на туѓите грешки,,но понекогаш баш од сопственото искуство може да помогнеме некому да не го направи истото...
 
:smir: Ви гестикулирам BELLA оваа тема беше како да си ја створила за мене ;) :D:D Одамна ми се врти во главата фактот "Делам совети но не ги применувам" .
Темата ви е ЗАКОН и навистина е секогаш така,добриот советник т.е. психологот никогаш не ги следи своите сопствени совети:uvo: додека знаеме на другите да им кажеме се убаво и свесно да размислуваме за нивната ситуација.Мислам дека со малку ПОВЕЌЕ труд ке можеме и самите да испливаме,иако сите кажуваат дека и психолозите одат на консалтинг кај други психолози... ПОзЗз :helou:
 
јас едноставно не делам совети и не се замарам многу со тие работи. Шо и да ми се дешават си седам ладнокрвно то шо е мое ќе си дојт :)
 
Дали и Вие правите така??Кога треба да посоветувате некој за проблем одлични сте советници,психолози,но сепак малце вие потешко кога треба Вие тоа да го примените??Многу е лесно да кажете на некој како да постапи,а Вие кога сте во иста ситуација,се повлекувате,незнаете дали тоа да го направите или не??Што правите Вие,дали ги примменувате своите совет и на себе или не??

давам совети на други итие ги применуваат и имаат успех, додека јас, големиот советодавач ич не ги применувам за мене тие совети, па така да, никаков сум во таа смисла :pos2:
 
Секогаш (или речиси) сум знаела како да посоветувам некој, да го пронајдам вистинскиот начин и правец за да успее, поправи нешто, за било каков проблем да станува збор. Во тоа сум успешна и се покажало безброј пати досега, дека кога ме послушале, постапиле правилно.

Истите тие совети, иако согледувам дека сум во истата или слична ситуација, секогаш ми било тешко да ги применам на себе.
Кога имам некој проблем, го сфаќам премногу трагично, мислам дека ми се случува најкатастрофалната работа, дека на никој не му е тешко како на мене и безброј други преувеличувања и свесна сум дека поради тоа ми е полесно да проценам дека за секој друг можам да најдам светол патоказ за излез освен за себе.
 
Давам ако ми побараат:)Кога делиш совет работите ги гледаш објективно,бидејќи не ти е разумот заматен со проблеми.Кога ти се случува лично,премногу си субјективен за да бидеш реален.Јас додека не се окозам не ми иде паметот,но почнав да слушам совети од оние што поминале низ тоа и биле во право.
Полесно давам,него што ги применувам за себе.
 
Да,едно време давав. Но секој советот различно ќе го протолкува па сега ако ми побараат ќе пробам да ги насочам. Откако ќе им ја сервирам нивната незавидна ситуација. Знаете она од типот- Имаш тумор на мозок,но сепак има надеж...
Нормално дека никогаш нема да го примениме она што го пропагираме. Зошто-па веројатно како што кажа Леандра-премногу си субјективен за да бидеш реален со себе,секогаш е позабавно и порелаксирано да се внесеш во туѓ проблем и да можеш да бидеш потенцијален спасител на денот.
 
Имам решение за секој проблем освен за мојот,од едноставна причина што сум појака на зборови одколку на дела во такви ситуации,кога нешто МЕНЕ не ми оди од рака.
Веднаш можам да го изнајдам најлесното и наједноставно решение ако се работи за друг,а ако се најдам во таква ситуација истото ми изгледа како да е најтешкиот џокер кој би го искористила само ако немам ништо друго.
И тоа е така зошто јас кога сум во каша моите проблеми се најтешки,најнерешливи,си ги преувеличувам работите непотребно,заслепена од проблемот,и од кога ќе го решам ми се појавуваат милион решенија кои ми биле пред нос цело време.
 
Проблем број еден во мојот живот.Зошто? Затоа што на секој му се наоѓам да му кажам совет за било што кога ќе ме праша, а мојот живот го оставам на стенд бај понекогаш, наместо да си ги употребам сопствените совети врз себе. Но, и кога го пробувам тоа, џабе, не можам. Лесно ми е да им зборувам на другите како и што да направат, а сама на себе да издејствувам, јок! И затоа после ќе паѓам у депресии:nenene::):)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom