realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
Освен политичките, еве и еден од економските показатели за тоа во кој правец се движи Македонија:
Граѓаните во чудо како да се преживее
Месечните издатоци за основните десет производи од прехранбената кошница во јуни годинава, во однос на јуни минатата година, се зголемени во просек за 500 денари, пресметано за килограм од тие производи. Реалната слика за процентот на поскапување на храната и на пијалаците кои месечно ги троши едно четиричлено семејство покажува дека месечно се трошат по неколку килограми од овие десет производи, што значи екстра-трошоците за храна годинава се многу поголеми од минатата година.
На тоа треба да се додаде фактот дека потрошувачката кошница не се состои само до десет производи, туку многу повеќе, статистиката брои 63, кои на крајот ја даваат горе-долу вистинската математика за потребите на едно семејство која, пак, излегува од рамките на статистичките пресметки на трошоците.
Заводот за статистика ја составува месечната кошница врз основа на просечните потреби на населението, кои често се многу помали од реалните.
Така, според статистичарите, едно семејство месечно троши по 26 килограми леб, 13 килограми млеко, 1,6 килограми месо, 2,3 килограми сирење, 700 грама кашкавал, 6 литри зејтин, а секојдневното живеење покажува дека тие количини се поголеми.
„Потрошувачката кошница се составува врз основа на просекот на потрошувачката на количествата на производите. Тоа значи дека со методологијата на испитување сме пресметале дека толку може да си дозволат граѓаните, што не значи дека тоа е доволно за живеење“, велат во Заводот за статистика.
Ова на некој начин го поништува податокот дека со издвојување средства за просечната потрошувачка кошница од една просечна плата на семејството му остануваат вишок средства во висина од 3.395 денари овој јуни или 3.837 денари минатиот јуни. Овој вишок практично е стопен од честите поскапувања на храната и екстра-трошоците што треба да се издвојуваат за парно, струја и за други комуналии, па на крај излегува дека просечната плата е премала за се' друго, освен за неопходната храна.
Поскапувањата на храната различно се одразуваат врз различна категорија граѓани. Не е исто зголемувањето на цените на храната за оние што земаат, на пример, 20.000 денари плата и за оние што земаат 8.000 денари плата, кои се наоѓаат на егзистенцијален раб, велат социолозите.
Со ваквите движења на примањата и издатоците за храна, Македонија спаѓа во редот на земји каде што сиромаштијата зема замав, со оглед на тоа дека трошоците за храна се индикатор за мерење на оваа појава. Растечките цени на храната се закануваат уште повеќе да го оптоварат семејниот буџет на граѓаните.
Рекордно зголемување на цената на храната во последните десет години е забележано и во Европа. Според Европската агенција за статистика „Еуростат“, тешката финансиска криза на светскиот пазар и високите цени на нафтата се причина за „неподнослива инфлација“ во некои земји од Источна Европа, каде што одделни продукти поскапеле и за 86 проценти.
Она што е страшно е тоа што меѓу поскапите производи се и оние најнеопходните, леб, млеко, сирење, јајца, овошје и зеленчук. За помалку од една година цената на храната во Бугарија е зголемена за повеќе од 25 отсто, во Литванија за 22 процента, во Унгарија 14, во Романија и во Словенија 12 отсто и 10 проценти во Чешка.
Излез од ваквата ситуација, според домашните експерти, е зголемување на производството на храна, со цел да се амортизира ударот врз потрошувачите. Проблемот со недостиг од храна е од светски размери, кој уште посилно се рефлектира врз Македонија, каде што за купување храна и пијалаци едно македонско семејство издвојува околу 80 отсто од просечната плата. Тоа е далеку над просекот во ЕУ, каде што средствата што се даваат за храна се движат во рамките од 10 до 20 отсто од просекот на примањата.
Анализата на европските истражувања покажува дека Македонците плаќаат поскапи производи отколку жители на земји-членки на ЕУ. Германците, на пример, ја полнат месечната потрошувачка кошничка за 160 евра, а граѓаните во земјава за основните продукти за живот треба да платат 200 евра. Грчкиот весник „Та неа“ неодамна објави дека потрошувачката кошница со 86 производи ги чини Грците 215,7 евра и потенцираше дека жителите на Грција купуваат за 168 отсто поскапи производи во споредба со Германците или со Холанѓаните, што земјата ја прави европски лидер според скапотијата. Според грчко истражување, килограм кисело млеко во Берлин чини 0,93 евра, во Атина 2,49 евра, а кај нас од 0,5 до две евра. Шише газиран пијалак Грците ги чини 0,74 евра, Германците 0,39 евра, а Македонците 0,73 евра. Европските аналитичари сметаат дека во последните две години најмногу поскапеле прехранбените и млечните производи, маслото и нафтата, што важи и за нашата земја.