Симпатизер или навивач?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Некои пред мене добро го објаснија моето мислење за ова, значи јас сум спимпатизер на Челзи, Фенербахче, Барса, Денвер Нагетс, но навивам и лудувам дома кога игра само Јувентус за другите не ми е воопшто важно. Тоа е мое мислење, секој си знае за себе.
 
По моје мислење симпатизер е ако имаш симпатии кон некој клуб, дека имаш добро мислење за клубот и дека до некаде го сакаш.

А навивач е, клубот да ти е до негде во крв влезен и дека никогаш и под никакви услови ќе го напуштиш, значи засекогаш тој клуб ќе ти биде омилен, дека после секоја победа ќе се радуваш итн.
 
Навивам за МИЛАН и Челзи.
Тоа значи дека го следам секој натпревар со страст и овие два клуба се влеани во мојата крв.
А симпатизер бев на пример на Хал во прва полусезона тоа значи дека имам добар став за клубот а не дека навивам за него ТО Е ТО...
 
По сите тврдења кои ги нудите (а се неисправни според мене) вие никогаш нема да се откажете од светото име “Барса/Манчестер/Јувентус“ кое и да е, бидејќи тие никогаш не губат. И да имаат криза од месец, два или сезона потоа повторно се во врвот... што значи никогаш немате шанса да се почуствувате толку повредени. Џабе и не сте одбрале Јувентус покрај Наполи или Киево.

Ама за да бидеш навивач на еден клуб, треба да те врзува нешто друго а не тоа што тимот победува. Јас на пример, навивам за Вардар бидејќи како мал ме носеле на утакмици и сум се соживеал со целата магија на “Градски“, и плус воспитан сум да го сакам тој клуб, без оглед на се`... но таа еуфорија јас можам да ја живеам во реалноста, а оние кои следат натпревари на странски клубови се како да бркаат девојки на форум, и никогаш да ги немаат видено, ама да пишуваат секаде дека им е девојка. :zid:
 
Па сум страсен навивач на Баерн,се германско во секој спорт и за Македонија.
Имам симаптии кон неколку клубови на пример како Рома и Лацио,Челзи и тоа.
 
Од мал навивач на Милан, најголема симпатија кон Македонија ЃП а ги подржувам Реал Мадрид и Арсенал.
 
Навивач на Тетекс, тим кој го обожавам Реал...а симпатии према други клубови...може да се каже Челзи и Интер.
 
Го делам ова мислење.Само би додал уште нешто.

Вие кои се преставувате како навивачи на Јунајтед,Аренал,Интер,Милан не сте ништо повеќе од обични фанови.Оние кои одат на стадион и НАВИВААТ за клубот со песна е тоа се навивачи.

Поточно навивач е човек кој е дел од организирана група која цел и е да го бодри својот клуб преку песни и скандирања.

Јас сум навивач на спортскиот колектив Работнички.Симпатизер сум на клубовите Манчестер и Барселона.

Potpolno vo pravo...... Simpatizer, mozes da go smenis i so Drk......ja, posto toa i pravime na ovie svetskive klubovi
 
Навивам за Ac Milan.. А Симпатизер на ФК ПЕЛИСТЕР,БОРУСИЈА ДОРТМУНД и ДИНАМО ЗАГРЕБ..

Динамо загреб Але...але.. алееееееееее...:tapp:
 
Дефинитивно навивач за Рома и Ривер Плата.
 
Јас сум симпатизер на Евертон затоа што еднаш како мал сум бил на нивна утакмица ама не се сеќавам баш, ми кажуваше татко ми.

Ама сум страстен навивач Милан. Е тогаш кога ќе одам на Сан Сиро, ќе си ја исполнам долго посакуваната желба.
 
По сите тврдења кои ги нудите (а се неисправни според мене) вие никогаш нема да се откажете од светото име “Барса/Манчестер/Јувентус“ кое и да е, бидејќи тие никогаш не губат. И да имаат криза од месец, два или сезона потоа повторно се во врвот... што значи никогаш немате шанса да се почуствувате толку повредени. Џабе и не сте одбрале Јувентус покрај Наполи или Киево.

Ама за да бидеш навивач на еден клуб, треба да те врзува нешто друго а не тоа што тимот победува. Јас на пример, навивам за Вардар бидејќи како мал ме носеле на утакмици и сум се соживеал со целата магија на “Градски“, и плус воспитан сум да го сакам тој клуб, без оглед на се`... но таа еуфорија јас можам да ја живеам во реалноста, а оние кои следат натпревари на странски клубови се како да бркаат девојки на форум, и никогаш да ги немаат видено, ама да пишуваат секаде дека им е девојка. :zid:

Па добро, и успесите се дел од тоа да бидеш навивач на еден клуб. Мислам ама исто, дека ако идат лоши времиња навивачите се сеќаваат на големите успеси и така можат да ги поминат тие времиња. Ете ќе ти кажам пример, ја сум навивач на Дортмунд цел живот и имаше Дортмунд успеси ама и тешки времиња кога се бореше за опстанок посебно последните години. Страшно е една година да си шампион и во финалето на Куп Уефа а следните 2 години да се бориш за опстанок во лигата. Но ете се сеќавам на 1997 кога Дортмунд стана шампион во ЛШ и се сеќавам ко вчера да беше на таа вечер. И мислам дека сите навиваче на Дортмунд истата возбуда ја имаат ако помислат на таа вечер. Такви успеси многу се битни за идентификација со клубот. Сега некој клуб како Лион 10 години по ред е прв во Франција, тогаш тие успеси не се нешто посебно ама за помали клубови кој поредко освојуваат титули, вакви успеси се многу важни.

А има и други нешта за идентификација со еден клуб, на пример навивачите, стадионот, врвни играчи итн. Посебно една фен-култура на некој клуб е многу битна, да се организирани феновите ама и клубот да им враќат. Ја можам за Дортмунд да кажам дека стадионот пред 10 години бираше 60 000 гледачи но поради навивачите тие го проширија на 80 000 и денес Дортмунд има најголем просек на гледачи во цела Европа. Лани исто на секој купувач на сезонска карта му беше подарен еден нов дрес кој чини 70Евра да го купиш. Сакам да кажам дека овие работи се многу битни да станеш се повеќе поврзан со некој клуб, да бидеш ценет како навивач од страна на клубот.
 
И мислам дека сите навиваче на Дортмунд истата возбуда ја имаат ако помислат на таа вечер. Такви успеси многу се битни за идентификација со клубот. Сега некој клуб како Лион 10 години по ред е прв во Франција, тогаш тие успеси не се нешто посебно ама за помали клубови кој поредко освојуваат титули, вакви успеси се многу важни.
И пак, никој не навива за Лион... ама сите го :drk: на Барса. Тоа открива една медиумска финта која го покрива целиот муабет а ја го дрдорев страна уназад, ама не е битно ајде...
Igorcemk напиша:
Посебно една фен-култура на некој клуб е многу битна, да се организирани феновите ама и клубот да им враќат. Ја можам за Дортмунд да кажам дека стадионот пред 10 години бираше 60 000 гледачи но поради навивачите тие го проширија на 80 000 и денес Дортмунд има најголем просек на гледачи во цела Европа. Лани исто на секој купувач на сезонска карта му беше подарен еден нов дрес кој чини 70Евра да го купиш. Сакам да кажам дека овие работи се многу битни да станеш се повеќе поврзан со некој клуб, да бидеш ценет како навивач од страна на клубот.
Се сложувам, види каква убава организација на фенови:
bf51a5d655ea.jpg

Инаку, како ти како навивач, фан, фен, шо и да си, се гледаш во таа групација, во таа слика, каде дресови се делат, еуфорично се следи настапот на Дортмунд, од тука, од Мешеишта на твојот колор екран... ?
 
И пак, никој не навива за Лион... ама сите го :drk: на Барса. Тоа открива една медиумска финта која го покрива целиот муабет а ја го дрдорев страна уназад, ама не е битно ајде...

Се сложувам, види каква убава организација на фенови:
bf51a5d655ea.jpg

Инаку, како ти како навивач, фан, фен, шо и да си, се гледаш во таа групација, во таа слика, каде дресови се делат, еуфорично се следи настапот на Дортмунд, од тука, од Мешеишта на твојот колор екран... ?

Те сфаќам што сакаш да кажеш, дека некој што е многу оддалечен од клубот и го нема никогаш во живо гледано не може да биде толку инволвиран. Но ја можам само за мене да зборувам дека сум географски близок со Дортмунд :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom