Не се ни сеќавате на некој што некогаш сте го сакале на било каков начин? Срамота.
Ма се сеќаваат они многу добро, ама може моменталниот дечко им ги чита постовите, па да не дојде до конфликти.
Порака до бившите: Сите сте ми срцки и ве сакам, иако некои повеќе од некои други, како дел од мојот живот.
Некои од вас останале во мојот живот, со некои ни се разишле патиштата, ама на никого не му посакувам лошо, не го колнам, не го бодам на вуду кукли и слично. Педерски е некој што до вчера ти бил сонце и златце, денес да биде вол и говедо.
Јас сосем добро живеам со спомените од вас, ама селективно, само добрите, на лошите не се ни сеќавам.
![Пипи :pipi: :pipi:](/styles/default/xenforo/emot/pipi.gif)
Нема да ве заборавам-тоа е сигурно; сите епизоди од мојот живот грижливо ги чувам распоредени по фолдери. Само амнезија би можела да ги избрише податоците. :tv:
Знам дека не бев цветче, ама се надевам дека не ме колнете и не сте огорчени од мене од било која причина. Памтете ме по добро и свртете ми го бројот одвреме навреме, да видиме што сме, до кај сме. :wink:
Пријатен живот и многу среќа.