ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 174
`` nova makedonija``
Кој ја финансираше кампањата за поддршка на Заев?
Маици, пропаганден материјал и илјадници летоци се испечатија за поддршка на Заев додека тој беше во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Зад кампањата наводно стоеше Сојузот на граѓански сектор од Струмица, а зад сојузот, пак, 33 граѓански организации. Меѓу нив се и културно-уметнички друштва, ловечки и хуманитарни друштва, боксерски клубови и други.
Граѓанското здружение, пак, „Правда за праведните“, кое требаше да обезбеди поддршка за Заев и за другите притворени и ги блокира магистралните патишта во државата во знак на протест, беше формирано од братот на еден од обвинетите за случајот - Ристо Годев. Неговиот брат Никола Годев е шеф на кабинет на градоначалникот Заев, а беше уапсен и аболициран заедно со него.
Маиците со кои се појавија граѓаните на Струмица на протестите биле нарачани и платени од братот на Заев и од Митко Љочев, сопственик на синџирот дуќани во Струмица „Џордан“. Тој поседува голем број дуќани во приземјето на трговскиот центар „Глобал“. Братот на Заев во готово платил за 1.200 маици, а Љочев 1.000 маици на кои пишува „И јас сум Зоран Заев, уапсете ме и мене“.
- За поддршка на Заев, од СДСМ беа подготвени да платат многу повеќе отколку што платија за изборната кампања. Ослободувањето на Заев им беше поважно од што било - велат нашите извори.
Зад финансирањето на кампањата, според нашите извори, стоеле локални бизнисмени, кои биле врзани со Заев и со партијата. Сепак тоа не го демантира фактот дека и жителите на Струмица го поддржуваа нивниот градоначалник и се залагаа за негово ослободување од притвор. Но неговите поддржувачи меѓу струмичани се против одлуката за аболиција на Заев, бидејќи, како што велат, со тоа градоначалникот однапред бил осуден и покрај тоа што тие го сметаат дека не е виновен.
- Јас се потпишав на петицијата за поддршка на Заев бидејќи сум сигурна дека тој е невин. Затоа не ми е јасно зошто Црвенковски го ослободи. Со тоа однапред го осуди и затоа претседателот треба да излезе во јавноста и да каже зошто го стори тоа. Заев е чист и тоа ќе го докажеше, а вака политичката кариера му виси на конец - вели една струмичанка.
Сепак, факт е дека атмосферата во Струмица стивна откако Заев го напушти истражниот затвор во Шутка. Голем дел вработени во општината во последниве два дена заминале на одмор, исто како и членовите на здруженијата за поддршка на Заев.