Случај ЗАЕВ - генерална дискусија

  • Креатор на темата drle
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
`` nova makedonija``

Кој ја финансираше кампањата за поддршка на Заев?

Маици, пропаганден материјал и илјадници летоци се испечатија за поддршка на Заев додека тој беше во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Зад кампањата наводно стоеше Сојузот на граѓански сектор од Струмица, а зад сојузот, пак, 33 граѓански организации. Меѓу нив се и културно-уметнички друштва, ловечки и хуманитарни друштва, боксерски клубови и други.
Граѓанското здружение, пак, „Правда за праведните“, кое требаше да обезбеди поддршка за Заев и за другите притворени и ги блокира магистралните патишта во државата во знак на протест, беше формирано од братот на еден од обвинетите за случајот - Ристо Годев. Неговиот брат Никола Годев е шеф на кабинет на градоначалникот Заев, а беше уапсен и аболициран заедно со него.
Маиците со кои се појавија граѓаните на Струмица на протестите биле нарачани и платени од братот на Заев и од Митко Љочев, сопственик на синџирот дуќани во Струмица „Џордан“. Тој поседува голем број дуќани во приземјето на трговскиот центар „Глобал“. Братот на Заев во готово платил за 1.200 маици, а Љочев 1.000 маици на кои пишува „И јас сум Зоран Заев, уапсете ме и мене“.
- За поддршка на Заев, од СДСМ беа подготвени да платат многу повеќе отколку што платија за изборната кампања. Ослободувањето на Заев им беше поважно од што било - велат нашите извори.
Зад финансирањето на кампањата, според нашите извори, стоеле локални бизнисмени, кои биле врзани со Заев и со партијата. Сепак тоа не го демантира фактот дека и жителите на Струмица го поддржуваа нивниот градоначалник и се залагаа за негово ослободување од притвор. Но неговите поддржувачи меѓу струмичани се против одлуката за аболиција на Заев, бидејќи, како што велат, со тоа градоначалникот однапред бил осуден и покрај тоа што тие го сметаат дека не е виновен.
- Јас се потпишав на петицијата за поддршка на Заев бидејќи сум сигурна дека тој е невин. Затоа не ми е јасно зошто Црвенковски го ослободи. Со тоа однапред го осуди и затоа претседателот треба да излезе во јавноста и да каже зошто го стори тоа. Заев е чист и тоа ќе го докажеше, а вака политичката кариера му виси на конец - вели една струмичанка.
Сепак, факт е дека атмосферата во Струмица стивна откако Заев го напушти истражниот затвор во Шутка. Голем дел вработени во општината во последниве два дена заминале на одмор, исто како и членовите на здруженијата за поддршка на Заев.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
od a1

Аболицијата нема негативно да влијае на мојата политичка кариера, ниту ќе го наруши имиџот на мојата партија, бидејќи не сум виновен, тврди градоначалникот на Струмица и потпретседател на СДСМ, Зоран Заев.
Невиноста, како што вели, не ја докажува на суд, затоа што не верувал во регуларна судска постапка. Одговарајќи на прозивките на власта за негово криминално работење, вели дека струмичани ги знаат резултатите од неговото тригодишно владеење. „За разлика од Премиерот, којшто исклучиво владее со лажни ветувања дека после неколку години ќе дојдат резултати, дека на елегантни начини, по сите основи ги празни џебовите на граѓаните секој ден и единствено ги храни со вакви спектакуларни апсења“, изјави Зоран Заев, градоначалник на општина Струмица и потпретседател на СДСМ.
„Во Струмица, во делокругот на моето работење, резултатите се видливи. Во струмица има девет фабрики, во последните три години, кога јас управувам со општина Струмица.“, додаде Заев.
Заев денеска уште еднаш ги образложи трите обвиненија, за кои МВР го товареше дека проневерил осум милиони евра со петмината негови соработници. Според градоначалникот, парите со кои власта мавтала во јавноста биле од купопродажните договори на соинвеститорот со купувачите на дуќаните, а соинвеститорот за изградбата на „Глобал“ имал вложено преку 13 милиони евра.
„Тоа е исто како јас да кажам дека Груевски има направено криминал од 15 милиони евра со склучување на договор со „Агрокор“, без да спроведе процедура за јавна набавка“, вели Заев.
Заев ги праша МВР и власта, зошто кривично не одговараат трите струмички семејства кои по трет пат бараат државата да ги обештетува и дали на државно градежно земјиште каде имало објект од јавен интерес, требало да се садат домати и пиперки или да се гради?
Струмичкиот градоначалник обвини дека власта предметот против него го планирала пред една и пол година. Обвини за прислушкување, следење, па дури и закани. Тврди дека двапати јавното обвинителство предметот за изградбата на „Глобал“, го враќал назад бидејќи не увидело злоупотреба.
За однапред испланиран негов политички линч, ја посочи и информацијата на интернет сајтот на МВР од пред 6 месеци за негово кривично гонење и, како што рече, саркастичното извинување од страна на Министерството за внатрешни, дека за него се уште нема обвинување.



zaev moralna gnido i fizioloski ostatok od brankova besika, so koe pravo se drznuvas da tvrdis deka si nevin.
ne go priznaval sudot i ne veruval vo negova postapka, eve tranziciski skoroevicu jas pak ne veruvam deka ti si cist.
kako ne ti sram da izigravas zrtva vo slucajov i da probuvas da go delegitimiras sudstvoto pred javnosta pred narodot posebno pred nas obicnive smrtnici koi se treseme na vreme smetki za struja da platime za da ne zavrsime na sud ili ne daj boze nekoj sudski izvrsitel da ne ni tropne na vrata poradi dolg za neplateni smetki.

zaev jas i ti nikogas nema da sme isti, ne deka ti si ``bezgresno zacnat`` pa nekoj mazohisticki papa ti gi prostuva grevovite ( ah martin luter da bese ziv ke se razocarase deka ne uspeal vo svojata borba), jas i ti ne sme isti zasto jas mozam da zboram i da kriticiram , da baram da sum slusnat, da slusam i diskutiram direkno vo oci za razlika od tebe koga pogledot ``pticja perspektiva`` ke te pratri cel zivot. Tvojata kriminogena rea ke mirisa dur si ziv...da da da kriminalec si , bidejki kako sto ne si dokazano cist tolku si i spekulativno kriminalec........ti duri ne si ni ist so ubiec koj ja izdrzal 30 godisna kazna,zasto toj dolgot si go platil..a ti cel zivot ke zivees na veresija.
tolku od mene.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Случај Заев - генерална дискусија

Струмичкиот градоначалник тврди дека преку добро монтиран политички процес против него се сака да се предизвика гнасен линч на неистомисленик во власта. Тврди во повеќе случаи се направени преседани, меѓу кои за првпат се случува по две последователни одлуки на истражниот судија осомничените да се бранат од слобода, кривичниот совет да изрече мерка притвор.

- Предметот под работно име Зајчи уште пред година и пол беше планиран од МВР и даден на 3 инспектори да го водат, а притоа им беа дадени сите механизми на МВР на располагање: следење, прислушкување, закани и др. Мора да знаете дека кога седат 4 ВМРО-вци заедно и кројат мрачни сценарија, тројца од нив во истиот момент ги копка како да ја предадат тајната. Затоа ќе ви кажам дека двапати ми беше саботирано моето приватно возило. Предупреден бев дека знаеле по кој пат одам често од Струмица за Скопје и да му ја мислам. За на крај, во одделението за притвор во затворот во Скопје, јасно да ме потсетат на новинарот Таневски и на кофата со вода. Поголема дрскост нема да се појави. Побарајте увид во деталните телефонски сметки на судиите кои работеа на предметот Заев и се ќе ви биде јасно - министер директно се јавувал на судии - изјави Заев.



Струмичкиот градоначалник го повикува на дебата премиерот или било кој друг како што вели во монтираниот процес против него да излезат и јавно да ги образложат аргументите за градбата на Глобал:

- Сакам да му порачам на Груевски да не се прави паднат од Марс во врска со изјавите дадени во понеделникот за првпат од негова страна по предметот Заев. Фрустрацијата од неуспешниот план многу добро се препознаваше во неговата изјава. Го повикувам него или кој и да било друг учесник во овој гнасен план на отворена дебата за предметот Заев. Нека соберат храброст пред цела јавност да ги споредиме аргументите и да престанат кукавички да ги користат сите инструменти на власта и јавно да даваат квалификации за некој кој не може во моментот на нивната изјава да се спротивстави.


Заев вели процесот на денационализација на местото каде е изграден Глобал судски е завршен, местото за градба е на Комуналец - Струмица, а општина нема потрошено ниту еден денар за градба.


Потпретседателот на СДСМ вели, процесот нема да влијае на неговата политичка кариера, ниту пак на партијата. Не ја одбива лидерската позиција доколку членството оцени дека може да ја води партијата.


---извор---
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Струмичкиот градоначалник го повикува на дебата премиерот или било кој друг како што вели во монтираниот процес против него да излезат и јавно да ги образложат аргументите за градбата на Глобал
Премиерот нешто се плаши од дебати.
Ќе објасни он...сам, на сител.
Или во гласот на Томиќ.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Добро си кажа премиерот после ревијалниот фудбалски натпревар. Ќе ги оставиме да се глупираат.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Dodeka site na ovoj (SDSM) ili onoj (DPBNE) se glupiraat, rzavata i natamu odi vo kurac.
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Премиерот нешто се плаши од дебати.
Ќе објасни он...сам, на сител.
Или во гласот на Томиќ.

Aj nemoj samo Tomik molim te! Koj ke go slusa sega sekoja vecer Zaev, Zaev,Zaev.....
Ke smeni malce kasetata dodusa,naporen bese veke so ona Crvenskovski,Gligorov vo sekoja emisija....Gi viknal begalcite od egejska Makedonija,namesto da gi prasa za situacijata vo koja tie se nasle ,on ja iskoristi cela emisija za BC I Gligorov....Mu dojde premierot ko gostin vo emisija ,on pak sakal da go prasa za Gligorov i Crvenkovski ,ama posle ke se navratel na temata.!:pos2:


btw so se odnesuva do temava, neka mi prostat simpatizerite na SDSM ama se mislam dek Zaev sam si presudi so prifakjanjeto na abolicijata.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.794
Поени од реакции
49.793
Нема да го спасат Заев уште милион вакви изјази и глумење ““маченик и прогонуван бунтовник’’,пред сите ке остане запамтен како крив и ослободен од Бранко,ВМРО своето му го направи.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.756
Поени од реакции
5.017
Заев вели процесот на денационализација на местото каде е изграден Глобал судски е завршен, местото за градба е на Комуналец - Струмица, а општина нема потрошено ниту еден денар за градба.


Нема везе ова ..нека докаже ..а не да збори само ...пред 2 години баш гледав емисија за која се збореше за денационализација на земјиштето ..и кои се правите сопственици ..како тоа им е одземено неправедо со сите документи & стаф ...само тогаш никој уво не му чуеше за тој проблем
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Па луѓе токму како што кажа Џаро, дајте кандидирајте се за Преседатели, зашто навистина бољи бизнис не постои.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Podrshka do gradonacalnikot zaev i negovite postignuvanja vo napredokot za gradot strumica. na grujo mu smetat vakvi kako nego pa zatoa saka na sekakov nacin da gi ocrni i ponizi.Na premierot zarem malku mu e sto im ja zede dozvolata za kargo aerodrom.pa sega ke izmisluva kriminal za degradiranje na vlasta vo strumica zatoa sto grdonacalnikot e od redovite na sds.premierot neka si go ispita kriminalot vo svoite redovi i negoviot licno pa posle neka bara kriminal vo drugite redovi.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
- Предметот под работно име Зајчи уште пред година и пол беше планиран од МВР и даден на 3 инспектори да го водат, а притоа им беа дадени сите механизми на МВР на располагање: следење, прислушкување, закани и др. Мора да знаете дека кога седат 4 ВМРО-вци заедно и кројат мрачни сценарија, тројца од нив во истиот момент ги копка како да ја предадат тајната. Затоа ќе ви кажам дека двапати ми беше саботирано моето приватно возило. Предупреден бев дека знаеле по кој пат одам често од Струмица за Скопје и да му ја мислам. За на крај, во одделението за притвор во затворот во Скопје, јасно да ме потсетат на новинарот Таневски и на кофата со вода. Поголема дрскост нема да се појави. Побарајте увид во деталните телефонски сметки на судиите кои работеа на предметот Заев и се ќе ви биде јасно - министер директно се јавувал на судии - изјави Заев.
Пази Заев да не паднеш у некоја од фонтаните, лизгаво е. :pos2:

п.с. Слушнавте на вести како се викал случајот за Заев? - "Зајче"!
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Нема да го спасат Заев уште милион вакви изјази и глумење ““маченик и прогонуван бунтовник’’,пред сите ке остане запамтен како крив и ослободен од Бранко,ВМРО своето му го направи.
После свадба тапани. Нека ја одбие аболицијата штом сака да докажува на суд дека е невин. Ајде, нека го праша некој јавно зошто не ја одбие аболицијата, па да видите како ќе бега од прашање...

Фазонот е сите знаат дека има докази да кражбата т.е. перењето пари. Ако Заев молчи, може и некако ќе се извлече од ситуацијава. Ако продолжи да џавка, додатно се бламира и си штети на ионака разурнатиот имиџ.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Aj nemoj samo Tomik molim te! Koj ke go slusa sega sekoja vecer Zaev, Zaev,Zaev.....
Ke smeni malce kasetata dodusa,naporen bese veke so ona Crvenskovski,Gligorov vo sekoja emisija....Gi viknal begalcite od egejska Makedonija,namesto da gi prasa za situacijata vo koja tie se nasle ,on ja iskoristi cela emisija za BC I Gligorov....Mu dojde premierot ko gostin vo emisija ,on pak sakal da go prasa za Gligorov i Crvenkovski ,ama posle ke se navratel na temata.!:pos2:


btw so se odnesuva do temava, neka mi prostat simpatizerite na SDSM ama se mislam dek Zaev sam si presudi so prifakjanjeto na abolicijata.
Знаеш шо се дешава некни.
Идам ја дома накај дванаесет, пуштам тв, и гледам...Томиќ со гласот.
И дрнда Томиќ како демократијата во државава била на највисоко ниво така едно пола саат...
Се јавува еден и вика:
- Демократијата во Македонија е најголема до сега. Демократијата во Македонија е демократска....Премиерот добро ја води државата, и затоа има голема демократија..... демократија.......демократија.
А Томиќ свршува на топлите зборој....и се ќе беше во ред, ако во последна секунда не се зезнеше....и го праша од кај се јавува.
А овој:
Од Германија Господине Томиќ.:pos:

Се извинувам за оф топикот, ама се утепав од смеење.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom