D
drle
Гостин
Претседателот Бранко Црвенковски денеска потпиша решение за аболиција на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и другите петмина осомничени за случајот со трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.
Аболицијата значи дека Заев и другите осомничени целосно се ослободуваат од кривично гонење за делото за кое ги сомничи македонската полиција, а за истото дело не може да се отвора нова кривична постапка во иднина.
Според експертите, одлуката за аболиција стапува на сила веднаш, но за да произведе правно дејство треба да се поднесе до истражниот судија, кој треба да ја прекине постапката.
Опозициониот СДСМ истовремено соопшти дека го прифаќа предлогот на претседателот Црвенковски за враќање во Парламентот и надминување на политичката криза во државата, и решението за аболиција на градоначалникот Зоран Заев.
Извор А1