Конечно вистински патриотски говор на Груевски на Илинден 2008, досегашните негови настапи на националните теми не отскокнуваа од едно сивило што на овие теми ни го нудеа “комунистите и нивните наследници“. Јасно и гласно декларирани националните приоритети, основната порака: се зависи од нас ВЕРБА ВО МАКЕДОНИЈА И ВО СЕБЕ МОРА ДА ИМАМЕ, МОЖЕМЕ И МОРАМЕ ДА РАЗМИСЛУВАМЕ И ЗА ОПСТОЈУВАЊЕ И РАЗВОЈ НАДВОР ОД ЕУ И НАТО. Ставот НАТО и ЕУ стратешки определби и цели, но не по секоја цена, е прв сериозен обид покрај отварањето на Македонското прашање да се поврати националното достоинство кое што комунистите и неокомунистите речиси го уништија. Македонија и предолго молчеше и правеше отстапки пред шестокласните ЕУ бирократи. Инаку околу стратешки определби и тоа кој за што се залагаше, да потсетиме само дека во далечната 1991 година кога нашите ЈУГОКОМУНИСТИ предводени од Киро и Бранко (вториов демонстаративно ја напушти првата конститутивна седница на првиот повеќепартиски парламент затоа што не му беше интонирана Југословенската химна, а првиот нудеше платформи за спас на Србославија) плачеа за Србославија, не веруваа во својот народ и несакаа Македонска држава, тогашната ВМРО-ДПМНЕ се залагаше за независна Македонија, членка во НАТО и ЕУ.
Како што тогаш чекаа инструкции од Белград, во одработувањата на Антимакедонските агенди, денеска се радуваат кога ЕУ и Баросо отворено ни го негираат националниот идентитет и сакаат да се самоукинеме (откако предтходно капитулантски ја прифатија промената на името, уставот и знамето). Повторно имагинарните интереси за некакви си федерации или конфедерации им се поблиски од вербата во можноста Македонија да опстои. ЕУ им е сега нова Југославија, а европејството ново југословенство. Се работи за за антимакедонски ОЛОШ најчесто луѓе со ограничени способности, злобни луѓе, кукавици, подлизурковци и плачковци. За наша МАКЕДОНСКА среќа овие ретрогадни сили од ден на ден изумираат, ги има се помалце, а развојот и еволуцијата тотално ќе ги уништат.
Македонија може да се развива и надвор од ЕУ и НАТО, со сеопфатна стратегија за економска, технолошка и воена обнова на земјата и стратешко партнерство со САД и поинтензивна соработка со пријателските земји Русија. Чешка, Словенија, Хрватска, Канада, Израел, Турција.