Како се молите?

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Како се молите?
Се молам тивко или во себе - најчесто наутро, пред спиење или кога ми е тешко

Дали ги прктикувате црковните молитви или се молите на свој начин?
Ја знам основната - Оче наш - која ја модифицирам според работите кои треба да ги променам ... пр. дај ми смелост, истрајност, исполни го моето срце со љубов и слл...

Дали кога кажувате молитва знаете што таа значи,за што е наменета и сл.?
Секако, таа најпрвин е наменета за самата мене - да се увераам во искрената намера на моите зборови, да се покајам за грешките, да побарам сила и да ги надминам истите пред себе а потоа и пред Севишниот Бог.

Дали ви се остваруваат молитвите?
Да, но исто така - како што јас можам да усерам - никој
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
...
Ја знам основната - Оче наш - која ја модифицирам според работите кои треба да ги променам ... пр. дај ми смелост, истрајност, исполни го моето срце со љубов и слл...
Секако, таа најпрвин е наменета за самата мене - да се увераам во искрената намера на моите зборови, да се покајам за грешките, да побарам сила и да ги надминам истите пред себе а потоа и пред Севишниот Бог.
А освен за сторените гревови, за потребите, дали се молиш Бог да ти даде живот вечен?
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
10
Поени од реакции
0
Прво и основно за молитвата треба да знаете дека не треба да се молите преку посредници,туку директно кон Бога. Биди искрен пред себе и пред Бога кога се молиш, и моли се на свој начин,на начин каков што ти го налага срцето,а не разумот,или молитвениците,или православните и католичките попови..На крајот на молитвата секогаш кажувај дека се молиш во името на Исус Христос и на крај Амин. Не е морално да се прекрстиш,затоа што во Библијата никаде не пишува дека ние треба да се крстиме.Молитвата е тука за нас за да комуницираме со Бога,и да му признаеме тоа што не мачи,да му кажеме кои се нашите потреби и нашите барања,и најбитното,да се покаеме.Бог преку таа молитва што ќе ја упатиш кон Него,го праќа Светиот Дух да влијае врз нас за да најдеме вистински начин да се покаеме,да признаеме нешто што не мачи,да ни даде храброст за да направиме некоја работа или (добро) дело,за да изнајдеме прав пат во животот,да живееме полесно на овој свет.
 

MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
Молитата е делотворна ако е искрена....Начинот на кој човек се моли...па освен ова што го спомна Христијанин...сето друго се сведува на индивидуалноста.. од благодарноста до сопственото исповедање...Постојаноста во молитвата е исто така важна..Дали се исполнуваат....џабе не е запишано барајте и ќе добиете..(не мислев на ферари)
Се’ е Убаво кажано :)
Молитвата која е од срцето, и е искрена и чиста - сигурно ќе се реализира :):):)
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Сосема е небитно кој како се моли. Сметам дека е многу побитно молитвата да се практикува почесто а со тоа ќе покажеме дека мислиме на Бог и ја остваруваме и зацврстуваме релацијата со него одколку како, кога и на кое место тоа го правиме.
Значи, се молам како што знам, се молам кога можам, се молам онаму каде што можам. Значи, главно зависи од можностите, но се трудам тоа да е што почесто.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Се молат тие што немаат што да кажат на темава да не постираат „ради реда“.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ич не беше ради реда. Имаше јасна порака. Тоа што некому не му се допаѓа пораката, не му дава за право да цензурира, нели?

Пошто е ова форум.

До кога со цензури и со само-цензури?!?!
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
edno prasnaje vo vrska so temata.
zasto hristijanite ne se molat kako sto se molel isus ?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Прегледај го приврзокот 41726Прегледај го приврзокот 41727

Ама немора да се молиш така ако веќе се молиш.Штетно е за колениците :pos2:
Штетно е кога омаловажуваш Некој за кој со сигурност не знаеш дали постои. Со смртта ќе се осигуриш. Можеби штета ќе биде за колениците, но можеби штета ќе биде за нешто друго. Некои мислат дека одговорот го знаат, некои пак веруваат дека одговорот го знаат, а со сиггурност сите ќе го дознаат. Можеби со смртта е крај на се. Можеби не е. Ако не е, зарем да се пропушти она што се дава бесплатно? Не мора да го земеш, сметај го тоа за недостојно, и чувај си ги колениците.
 
С

сашенко

Гостин
Штетно е кога омаловажуваш Некој за кој со сигурност не знаеш дали постои. Со смртта ќе се осигуриш. Можеби штета ќе биде за колениците, но можеби штета ќе биде за нешто друго. Некои мислат дека одговорот го знаат, некои пак веруваат дека одговорот го знаат, а со сиггурност сите ќе го дознаат. Можеби со смртта е крај на се. Можеби не е. Ако не е, зарем да се пропушти она што се дава бесплатно? Не мора да го земеш, сметај го тоа за недостојно, и чувај си ги колениците.
Ај вака.Дечкото го интересираше како се молел Исус.Си претпоставувам дека си мисли дека како што се молел исус треба да се молат сите луѓе.А јас имам слушнато дека не е битно како ке се молиш, битно е да е од срце.Не треба ни црква за тоа, ни посебна облека ни ништо едноставно ти треба со чисто срце и мисла да се молиш и бог ке те чуе.И кога дечкото праша како се молел исус се обидов преку слика да му го покажам тоа ама се насмеав на клечењето зошто ако е точно тоа што сум го мислел (и пишал погоре) тогаш клечењето нема никаква врска со молитвата и пораката иде другар не клечи штето е за колениците имаш и други начини на молење.И онака не е битно во која положба си :toe:..
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ако не е, зарем да се пропушти она што се дава бесплатно?
Бесплатно и хорс ќе ти дадат првите 5-6 пути. После ќе се смееш.

Поради тоа што е „бесплатно“ некој одлучува целиот живот да го помине во заблуда и чекање на нешто што не постои ветено од некој кој не постои, плаќајќи во масло, евра или лична слобода.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom