Прва помош да се знае или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
И оваа тема ми дојде како инспирација на скорашното завршување на прва помош. Според тоа што не учеа таму јас како и тие што завршија со мене или пред мене сме веќе способни да спасиме некој ако има некој проблем, но исто така според денешниве закони кои постојат денес за да помогнете на некој човек прво морате да побарате дозвола и да му кажете дека сте способни за тоа и откако ќе го излечите човекот може едноставно да каже јас не дадов никаква дозвола и тој ми нанесе додатна штета и да ве тужи. Според ова на некои луѓе дури им се одсакува да учат прва помош зошто некој може и да ви ја злоупотреби помошта против вас. Но поентата ми беше да ги прашам другите што мислите во врска за првата помош. Треба да се знае или да се остави на луѓето кои учеле и се спремале за тоа?

Јас би рекол иако има дупки во законот кои може да ви наштетат да давате помош сепак потребно е да се знае зошто не се сите луѓе такви, има и некои кои стварно би ви биле благодарни.

А што мислите другите за ова?
 
Прва помош учевме во 7-мо одделение, учевствував на натпревари меѓу училиштата...Сега не знам како е.
Исто, во полагањето на возачкиот испит, беше вметната првата помош.
Па како може да не е битно да ги знаеш основните работи во првата помош...Не знаеш каде и на каква ситуација можеш да налеташ, барем ќе знаеш како да се справиш со опасноста
 
Tвоја должност е да помогнеш.Ако недај боже се најдеш во таква ситуација да мораш да даваш помош нема да размислуваш за тоа дали ќе те тужи повредениот твоја должност е да помогнеш и да му го спасиш животот или да го заштитиш од додатни повреди мобилизирајќи му ја таа што ја има, затоа и се учи прва помош.Сите и пред да го полагаат тој испит за возачка треба да ги знаат основните работи од првата помош:toe:.Мое мислење е дека е потребна без разлика какви дупки во законот има:pipi:
 
тоа е убава работа, јас одев едно време во црвен крст и стварно не само што е корисно да се знае, и интересно е. незнаеш дали некогаш ќе ти притреба или не. не само на тебе и на тие околу тебе.
 
Сепак тие предупредувања што те учат и ти ги викаат секогаш прашај прво, а и да прашаш сепак тој може да излаже нешто и да те тужи за голема пара кај некои луѓе предизвикува скептичност. Еве пример кај мене да се случи такво нешто и да ме тужи ако треба да лежам у затвор ама сериозно ќе му ги скршам местата кај што бил повреден и јас сум го средил па шо сака нека е.
 
Би помогнал кога би се нашол во таква ситуација.

Нека му биде... кога тогаш ќе излезам од затвор и ќе му пратам писменце колку да знае дека излегувам да дојде да се видиме.
 
Ако е за така и да не му помогниш пак е злодело. Сигурно дека нема да те тужи ако си му помогнал. Ама пак ако не знаеш не чепкај.....
Инаку прва помош пред возачка, ветер во магла. Два дена на часови и третиот полагаш, и положен си. Треба само 1200 да уплатиш вбанка и решен проблем. Барем јас ко полагав така беше, сега не знам со новите комисии како е.
 
Исто ама не знам дали на полафањето за сите три прашањапројде со по еден збор кажан за секое прашање. За едно прашање не успеав да сврзам реченица и ме кикна ми вика ај готово дој утре за потврда
 
абе не е лошо да се знае...никогаш незнаеш кога ќе ти потреба...пу пу, не дај боже, али јбг....
 
Фала богу дека треба.Незнам зошто кога се полага прва помош кога се земаат часови за возачка,се сфаќа толку необврзувачки,несериозно и слично,кога во некои не дај боже моменти навистина може да се помогне.Ако навистина добро ги спроведат часовите не верувам дека поголема штета би направиле на повредениот,пострашен е моментот што ги добиваш тие часови и си уверен дека колку-толку знаеш,па ќе се обидеш да направиш нешто,е тука е бељата.
Според законот треба на 20(или нешто повеќе) вработени да има барем еден парамедик...ама не функционира за жал...ретко кој навистина добро знае прва помош сем членовите на Црвен Крст.
 
Би помогнал кога би се нашол во таква ситуација.

Нека му биде... кога тогаш ќе излезам од затвор и ќе му пратам писменце колку да знае дека излегувам да дојде да се видиме.

Апо абе ти не ме свати на што мислев. Работата е ако те тужи максимум од тебе пари само може да ти извади не затвор барем до толку ми имаат кажано сите ситуациите максимум дошле, а јас мислев ако видам ливче у пошта дека некој ме тужи за тоа и тоа е тогаш дека ќе идам да му скршам и нозе и раце што и да сум му излечил или средил со прва помош па после у затвор.
 
Сепак тие предупредувања што те учат и ти ги викаат секогаш прашај прво, а и да прашаш сепак тој може да излаже нешто и да те тужи за голема пара кај некои луѓе предизвикува скептичност. Еве пример кај мене да се случи такво нешто и да ме тужи ако треба да лежам у затвор ама сериозно ќе му ги скршам местата кај што бил повреден и јас сум го средил па шо сака нека е.

А како ќе го прашаш ако е во безсознание (несвест) ? И ако те тужи, треба да докаже дека баш ти си му ја усложнил состојбата, плус ако те тужи значи дека е жив, а тогаш ти си успеал да го спасиш. Затоа не се замарај, ако знаеш да помогнеш на некој во невоља помогни му и ич да не ти чуе.:toe:
На крај на краиштата, убаво е да знаеш прва помош за недај боже на некој твој близок да му затреба, атој нема да те тужи сигурно. А тоа тужењето, многу американски филмови...Секој мисли дека ке добие 100 000 000 долари...
 
Треба да се учи зашто не знаеш кога тие работи ќе ти притребаат. Убаво е на некој да му помогнеш кога тоа му е потребно.
Денес се учи пред полагање на возачки испит, а во самата книга Прва помош има и можности да се помогне и кога не станува збор за сообраќајна несреќа. Убаво би било според мене овој предмет да се изучува и во училиште барем како изборен предмет. Корисни се тие информации и живот вредат.

Сепак тие предупредувања што те учат и ти ги викаат секогаш прашај прво, а и да прашаш сепак тој може да излаже нешто и да те тужи за голема пара кај некои луѓе предизвикува скептичност. Еве пример кај мене да се случи такво нешто и да ме тужи ако треба да лежам у затвор ама сериозно ќе му ги скршам местата кај што бил повреден и јас сум го средил па шо сака нека е.

Па да го прашаш човекот дали може да комуницира или е во бессознание. Може некоја личност не сака да му помогнеш бидејки од кај знае дека ти имаш полагано прва помош??? Така што ако имаш таква ситуација ќе си кажеш. Ако е некој нестручен може уште поголеми компликации да направи и никаква корист да има од човекот што на некој начин сакал да помогне.
А не може да те затворат во затвор за таква работа, а и ако си паметен ќе се извлечеш со тоа што си помогнал според правилата на Прва помош.
Ако толку се секираш за такво тужење што е реткост, не помагај. Така не го почитуваш правилото да помогнеш на лицата на кои им е потребна помош, а и каква совест ќе имаш кога ќе знаеш дека си можел да помогнеш а не си помогнал?
Јас во тие ситуации ни на крај памет не би ми била тужбата во глава, единствено би сакала ако можам да помогнам. Подобро отколку да имам совест зашто не помогнав кога можев тоа да го сторам.

Исто ама не знам дали на полафањето за сите три прашањапројде со по еден збор кажан за секое прашање. За едно прашање не успеав да сврзам реченица и ме кикна ми вика ај готово дој утре за потврда

Ти важно си учел. Што е битно колку ќе те прашува. Не се гледа сознанието од тоа колку повеќе прашања ќе ти постави. Кај мене најмногу гледаа од тоа дали точно ги правиш вежбите на часовите и дали внимателно слушаш.
 
Треба да се учи тоа, многу нормално, човечки живот е во прашање. Мислам дека нема поголемо исполнување во душата кога ќе сфатиш дека на некој си му го спасил животот. Знам да давам прва помош, да вадам давеник од вода, дури татко ми ме учеше како да спасам човек што се гуши иако малку незгодно ама сфатив:).
Не е голема филозофија давање прва помош, секој може да научи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom