MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Спрема верниците, Бог постои од секогаш, тој е створителот на се што постои, законите негови се вечни. Спрема тие закони грев е (смртен) убиство, верување во други богови, и поклонување на идоли.
Тие закони сходнои постоење на Бог од самиот почеток, биле на сила и во времето на Александар и пред и по него.
Александар се огрешил во три горе наведини закони (од десетте) та затоа спрема верата би требало да се очекува дека како грешник гори во пеколот.
Искрено не ми е познато дали некој преставник од МПЦ присуствувал на откривањето на спомениците на Александар или дали ги благословиле установите кои го носат неговото име (ако некој знае би го замолил да каже) али ете од гледна точка на еден верник - патриота, како го двои чувството во себе, од една страна Христијанското од друга Македонското кога пеи песни или го слави човекот кој е спрема неговата вера еретик, и злосторник. Како се претопуваат тие чуства во едно ? Во која точка лежи компромисот да се речи “Е добро де бил паган, му се клањал на идоли, убивал али мене како христијанин тоа не ми смета“, дали тоа значи дека сме прво патриоти па после христијани, дали постојат работи кои ги ставаме пред верата?
-Верата е духовна а не емотивна категорија и се наоѓа и над нацоионалната и над расната припадност кај одреден поединец.
-„патритозам значи да го сакаш своето и да не го мразиш туѓото„-велат богословите.
- верата не познава компромис, па нека биде тоа и самиот Александар Македонски. Личното поистоветување со него, мене барем, ми наликува на идолопоклонство (против втората Божја заповед). Од друга страна, христијански гледано, апсолутно е небитно дали мој предок бил Александар или цар Самоил или некој трет. Вероисповеста е секогаш лична категорија и личен избор, а не колективно кокетирање со своите историски претходници.
- не ми е познато на колку заповести се огрешил Александар, но според неговото однесување, веројатно се повеќе од три Божји заповеди (полигамијата, пијанчењето, убивањето, запленувањето, освојувањето туѓ имот, желбата да се биде владетел со Светот., намерата да создаде своевиден „нов светски поредок„ и сл).