Дали Александар Македонски е во рајот или пеколот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
А зашто да не го наречеме тоа „предупредување„ туку „заплашување„!? Заплашувањето има само една страна-заплашувањето, и знае само за казна, а предупредувањето има втора страна-спортивната можност од предупредувањето и можност за награда.
 
ЗАПЛАШУВАЊЕ=ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
исти к.. друга паковка
не си играј со варијации на зборовите!
 
Во својот пост, веќе напишав дека се работи за различни а не идентични поими.
 
Џабе си игра...Од 15ти век навака, народот почнал да се ПЛАШИ од Господ, поради застрашувачката пропаганда произлезена од Рим при што следува и инквизицијата...Дај те моалм, ЦРКВА УБИВАЛА!

Демагогии од типот награди и казни, не се потребни. Ако вистински гледаме на христијанството - АД не постои!
 
Во својот пост, веќе напишав дека се работи за различни а не идентични поими.
МИКИ...пример за по твое предупредување..
Стој или пукам!
каде е наградата? а каде е заплашувањето?
 
Џабе си игра...Од 15ти век навака, народот почнал да се ПЛАШИ од Господ, поради застрашувачката пропаганда произлезена од Рим при што следува и инквизицијата...Дај те моалм, ЦРКВА УБИВАЛА!

Демагогии од типот награди и казни, не се потребни. Ако вистински гледаме на христијанството - АД не постои!
Во билбијата пишува дека ...Стравот од Господа е почеток на мудроста, но безумните ги презираат мудроста и поуката..ама тоа е далеку пред 15 век..се работи за Соломоновите пословици..Немало цркви тогаш..
 
МИКИ...пример за по твое предупредување..
Стој или пукам!
каде е наградата? а каде е заплашувањето?

Тоа е војнички а не христијански пример.
Еве ти и еден поинаков:
...казна за гревот е смртта...
...а за држењето до Божјите заповеди, наградата е вечен живот...

П.С. Ако застане(ш), и ја послуша(ш) наредбата, ќе остане(ш) во живот. Ако не ја послуша(ш) наредбата, отиде човекот...
 
Џабе си игра...Од 15ти век навака, народот почнал да се ПЛАШИ од Господ, поради застрашувачката пропаганда произлезена од Рим при што следува и инквизицијата...Дај те моалм, ЦРКВА УБИВАЛА!

Демагогии од типот награди и казни, не се потребни. Ако вистински гледаме на христијанството - АД не постои!

Кое е тоа чудно христијанство, кое не го познава адот? Некое твое, или некое тазе измислено?
 
Во билбијата пишува дека ...Стравот од Господа е почеток на мудроста, но безумните ги презираат мудроста и поуката..ама тоа е далеку пред 15 век..се работи за Соломоновите пословици..Немало цркви тогаш..

Кое е тоа чудно христијанство, кое не го познава адот? Некое твое, или некое тазе измислено?

„Сакај го Господ, твојот Бог“....Зошто би се плашел од Господ?! Никој не е безгрешен. Јас не верувам во Пеколот, затоа што православието учи дека Господ простува. Ако Господ простува, тогаш „пеколот“ навистина нема „промет“...
 
Јас не верувам во Пеколот, затоа што православието учи дека Господ простува. Ако Господ простува, тогаш „пеколот“ навистина нема „промет“...

Селективно простува, има подобни и неподобни:toe:
 
Селективно простува, има подобни и неподобни:toe:

Господ е еден и е за сите, нема предрасуди и сите сме негови чеда, барем така не учат. Ако не е така, тогаш, треба ли да отвориме сомнеж во христијанското учење?!
 
Мислам дека забегавте од темата... Ова е специфично дали Александар Македонски е во рајот или пеколот.

Со тоа што тој не бил ниту христијанин, не верувам дека е ниту ваму ниту таму. Не знам која била религијата на античките Македонци, но тие си имале свои богови, па со тоа и свои верувања за задживотот.
 
Значи доаѓаме до заклучок дека религијата е менлива работа, и дека секој човек е воден според сопствените убедувања. Затоа, не гледам некоја поента од темава.
 
Спрема верниците, Бог постои од секогаш, тој е створителот на се што постои, законите негови се вечни. Спрема тие закони грев е (смртен) убиство, верување во други богови, и поклонување на идоли.
Тие закони сходнои постоење на Бог од самиот почеток, биле на сила и во времето на Александар и пред и по него.
Александар се огрешил во три горе наведини закони (од десетте) та затоа спрема верата би требало да се очекува дека како грешник гори во пеколот.
Искрено не ми е познато дали некој преставник од МПЦ присуствувал на откривањето на спомениците на Александар или дали ги благословиле установите кои го носат неговото име (ако некој знае би го замолил да каже) али ете од гледна точка на еден верник - патриота, како го двои чувството во себе, од една страна Христијанското од друга Македонското кога пеи песни или го слави човекот кој е спрема неговата вера еретик, и злосторник. Како се претопуваат тие чуства во едно ? Во која точка лежи компромисот да се речи “Е добро де бил паган, му се клањал на идоли, убивал али мене како христијанин тоа не ми смета“, дали тоа значи дека сме прво патриоти па после христијани, дали постојат работи кои ги ставаме пред верата?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom