Читам по веснициве, не ми се верува. Пак старите методи, него го апсат, ама народот го сака, го испраќа со солзи. Лош е естаблишментот, владата, полицијата, судот, сите се виновни, само нивното најмило зајче не е. Кога се работи за некој друг нема гајле, ама нивното драго или симпатичниот бучко ако го чепнат, одма се создава хаос.
Оставете бе да заврши целиот процес па после зборувајте.
На нероден петко капа му кројат. Лично, се надевам искрено дека ќе биде поголема.(дека е од сдс, а јас за атер на реален да повторам дека не можам да ги смислам).
Нешто ко фамозната кофа која конкрит неколкупати ја спомна.
Мене ми е жал што голем дел од судската власт е под сдс контрола, но се надевам дека во иднина ќе се променат тие работи.
А дотогаш ќе гледаме само спектакли со приведување и никаква осуда.
Али ај, да сме живи и здрави, ќе се променат работите на подобро.