Overclocking

  • Креатор на темата Креатор на темата STOLE_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
It's me again... Пред некое време ми се расипа кулерот, па ми го сменија и ми ставија Hyper 212 Plus (претходно го имав обичниот модел), и морам да кажам дека перформансите му се повеќе од добри. При оверклок на 3.6 со 1.125 V има температури 36/44 што е супер одлично. Затоа, решив да идам на повеќе. Ама сега работата е што нели како што зборите, за да достигнам поголеми фреквенции треба да ја оверклокувам и меморијата. Пробав за почеток ја ставив на 803MHz а процесорот на 401 FSB со 1.8 V на меморијата. Вака ОК работеше и не покажуваше никакви проблеми. Потоа го зголемив FSB-то и пак не правеше никакви проблеми. На крај го ставив на 410 а меморијата ја ставив на Auto, и пак е све ОК. Напонот на мемориите го оставив исто на Auto.
Прашањето ми е, дали ако све си биде на Auto со мемориите ќе можам процесорот да го терам до 4.2, или сепак ќе мора рачно да го подесувам тоа? Ако треба, кажете дали би било во ред да ја ставам меморијата на 963 (мислам дека толку беше 2риот избор од листата во биос), со напон 1.8 (или евентуално некој поголем), па процесорот да ми достигне 4.3 Ghz?
 
А какви мемории имаш?
 
Па...не можи точно да се кажи бидејќи секој стик меморијата највероватно различно ќе оверклокува.

Прво, намали го множителот на процесорот на 6х. Така, ако има некој проблем ќе знаеш дека не е процесорот.

Со множител на меморијата 2х, почни да креваш FSB по 5-6 секој пат попратено со ~20 минути тестирање (со мемтест најдобро). И така дури не излези грешка. Патем, волтажата на меморијата нека е на 1,8, бидејќи ако е на АУТО можи и да скокни над 2 волти.

Ко ќе излези грешка кажи па ќе видиме...
 
Таа меморија ако ти проработи на 963мхз колку што сакаш, со 0 грешки на мемтест, јас раката ќе си ја исечам.
 
Јас имав ист кингстон како на old_School и го возев на 900МХз. И јас малку сум скептичен за 963, али нека проба...
 
Можеби ќе помине, ако зголеми latency ама пак така ништо нема да добие + само ќе ја мачи меморијата
 
Можеби ќе помине, ако зголеми latency ама пак така ништо нема да добие + само ќе ја мачи меморијата

Од меморијата нема да добие ништо, ама ќе добие повеќе FSB и со тоа ќе стигни поблиску до 4.3 GHz...
 
Еве досегашно инфо. Значи ставив за почеток FSB на 405, со множител 6. Мерев саат време во MemTest 4.0 така што пуштив 2 програми наеднаш, и ги ставив 2те на посебно јадро. На секоја од нив им поделив по 1536 РАМ за тестирање, така што ми останаа уште 300 МБ слободни (кои се решив да не ги чепкам). Не ми јави грешки, све беше ОК итн... После зголемив на 410. И со тоа направив исто и пак све е во ред. Наредно ми е тестирање на 415, па 420 итн...
Е сега. Ми се јави друг проблем. Вчера дур играв CSS (која btw троши голем дел од процесорот) ми се појави BSOD. Малце ме зачуди ова бидејќи на MemTest се беше ок. Сакам да знам - кое е вистинското време за покачување на напонот на процесорот/РАМот? И дали BSOD ми е последица на недоволен напон?
PS: CPU Voltage - 1.125; RAM Voltage - 1.8
 
memtest не се тестира во виндовс, туку ќе си запалиш од бутабилно цд. И се остава да врти 15-20 саати, а не 1. Тоа ти е тест за стабилност на меморија. Ако меморијата е стабилна ондак иде втор тест - 8-12 саати Prime95 да тестираш стабилност на процесор. Btw. мемтестот тестирај го со најмал множител на процесорот, а prime95 со најголемиот. На тој начин мемтест нема да ти дава грешки по вина на нестабилен процесор, а prime95 ќе ти го тестира процесорот ко што треба.

Во зависност од резултатите на овие 2 теста, ќе си одлучиш како да си ја наместиш волтажата на процесорот, меморијата и нортбриџот.
 
Еве нов update. Тестирав денес оверклок на 420 со memtest 3 саати преку бутабилно USB (значи овојпат не преку windows) и за тие 4 loop-а што ги изврте не најде ни една грешка (значи 4 Pass, 0 Errors), што мене ми беше доволно да заклучам дека меморијата ми е стабилна (засега). Потоа го ставив множителот на 9, пуштив windows и одма краш, што ме асоцираше на недоволен напон на процесорот. Го зголемив на 1.13 и овојпат не ми крашираше windows-от, па пуштив OCCT LinPack со 90% зафатеност на РАМ, си вртеше тоа 1 саат (автоматско време), температурата на процесорот дојде до 55 ама не крашуваше. После само што го изгасив, пуштив Опера и мсн и одма ми крашуваше (strange shit...). Еве сеа пред малце го кренав напонот и на меморијата на 1.84 и засега работи ОК.
Ако имате некоја забелешка за мојава постапка слободно кажете ја. Ќе ми биде пуштен рс-во денес со овие сетинзи, па од утре ќе зголемам на 430 FSB.
BTW, има некои сетинзи од матичната (Asus P5Q) што се поврзани со рамот (пишува на некои демек ако е Disabled - might enhance RAM overclock ability)...

p5q0040.jpg

Значи од оваа слика ме интересира што да правам со вториот и третиот сетинг (дали да ги ставам на disabled)

100.jpg

А од оваа слика ме интересира тоа DRAM Static Read Control, DRAM Read Training, Mem. OC Charger & AI Clock Twister.
 
^ а бе незнам како не можеш да разбереш ... :)
10 луѓе ти кажаа дека memtest се остава преку ноќ ... ај ти си знаеш ...
 
Уште ова да го додадам.... Еден интересен Screenshot :)

--- надополнето ---

^ а бе незнам како не можеш да разбереш ... :)
10 луѓе ти кажаа дека memtest се остава преку ноќ ... ај ти си знаеш ...
Абе ОК тоа, еве вечер ќе го оставам да работи. Ти кажи ми околу тие сетинзите на матичната, дали да ги ставам на Disabled (кај што пишува дека ќе зголеми можност за оверклокување...).
 
Абе ОК тоа, еве вечер ќе го оставам да работи. Ти кажи ми околу тие сетинзите на матичната, дали да ги ставам на Disabled (кај што пишува дека ќе зголеми можност за оверклокување...).

Spread Spectrum, EIST, и C1E треба да се на Disabled...а тие таму подесувања кај што пишува дека ќе зголеми можност за оверклокување...не би се надевал многу...

Иначе за мемтест едно 15 пати да помини треба...
 
Епа го оставив преку вечерта memtest да работи на 430 fsb & 1.8 напон на РАМ. Изврте 14 ипол циклуси - no errors :).
Друго сеа да те прашам. Пошто на мемтест не ми јави грешка, ама одма при бутирање на Windows ми крашуваше, па морав да кревам напон на процесорот на 1.175 и засега е стабилен во Windows, па сеа ќе го пуштам и низ Linpack. Ме интересира околу PLL Voltage, FSB Termination Voltage & NB Voltage. Тие засега сите ми се на auto. Што значат овие и на колку да ги подесам?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom