Joakim
Skopjanecot
- Член од
- 17 јули 2008
- Мислења
- 534
- Поени од реакции
- 71
СоцијалДемократскиот Сојуз не само што е вистинската Социјал-Демократска опција во Македонија туку е и единствената. За разлика од другите политички партии за да се постигне нешто во СДСМ членовите се калат. Не може преку ноќ некој со едни протести да стане пратеник или член на високо партиско тело. Еднаквоста меѓу граѓаните е главно начело на Социјал-Демократијата и токму таа идеа е онаа која СДСМ ја практикува.
Инаку СДСМ е политичката партија која посветува најмногу време на едуцирање на своите политички кадри. Постојат повеќе домашни и меѓународни организации кои организираат семинари, обуки и сл. со кои младите членови се спремаат за политичко делување. Потребно е навистина време да се создадат квалитетни кадри и можам да ви ветам дека потенцијалот кај СДСМ е огромен и овие луѓе ќе бидат главните ’виновници’ за вистинскиот развој на Република Македонија во наредниов период. Ние сме спремни во било кој момент да ја водиме Македонија во многу посветла иднина.
Значи главната идеа (идеологија) која ги води СДСМ е да се подобри квалитетот на живот на СЕКОЈ човек во Македонија. За разлика од другите ние знаеме дека не е доволно само за нас да биде добро туку треба за сите да биде добро.
Инаку за темава: Во СДСМ нема раскол. Мало објаснување за сите форумџии кои се навратија на темава. Претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска и генералниот секретар Горан Минчев си поднеа неотповикливи оставки од функциите (иако јас сметам дека тоа е погрешно го пошитувам нивниот став). Кон крајот на Август ќе има редовна конференција на која СДСМ ќе избере ново раководство. Пред тоа во забрзана, легална постапка ќе се утврдат кандидатите кои со својата програма ќе побараат легитимитет од делегатите.
Околу враќањето на претседателот Црвенковски тоа не ќе може да се случи пред завршувањето на неговиот мандат во средината на 2009 година. Поради тоа што дотогаш ќе се случат многу работи може само да кажам дека две работи се извесни: 1. Бранко Црвенковски по завршувањето на мандатот ќе се врати во СДСМ и 2. Бранко Црвенковски никогаш нема да биде обичен член затоа што тој е лидерот кој трипати во Македонија со СДСМ беше на власт: 1992-1994, 1994-1998 и 2002-2004 а СДСМ ова и тоа како знае да го почитува.
Дали може да ни наброиш топ-10 работи по кои Црвенковски ке остане запаметен а да не се негативни.Да ти олеснам еве нека бидат 5.