СП Хрватска 2009 - Ракомет (мажи) - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Видете какви овации приме Кире Лазаров :vozbud: Леле колку сум среќен ....
 
Браво за хрватите ... Не ословуваа со Македонија .. навиваа како македонци да се кога играше Македонија ... Ракоплескаа за Кире како нивен да е =)

/Риспект
 
Леле Лазаров овации бравоо мајсторе само така и овој рекорд да си го срушиш.
 
Ништо, ќе си седиме и ќе чекаме нареден пат, кога за нешто поважно ќе не заебат (а како да не не` заебале до сега)

Епа тоа е бе друже, гледаш... Не сакам да бидам ЗОТЕ 2 и да навлегувам во политика, но таа навлезе во спортот.

Едит: И Јове под мене е во право.
 
Ти ме цитираш, ти ме повика. Ако имаш да кажеш нешто, повели.

Сигурно дека нема да сфатиш се додека над телевизорот ти стои дрес од К.Лазаров. Треба да се биде објективен, како може некој кој е во 11та репрезентација на светот да биде во првите 7 ракометари. Отсекогаш знаеме дека во било кој спорт, за да се издигнеш себе си на високо ниво и да добиеш признанија, треба да имаш и подршка од тимот, да направиш голем успех со истиот. Исто е и во ракометот и во фудбалот и во кошарката.

Меси и најдобар играч на светот, но Кристијано ја освои титулата во ЛШ па затоа ја доби титулата.
Коби Брајнт е најдобриот кошаркар во светот, но Пол Пирс придонесе за тимот да ја освои титулата па затоа тој беше изгласан за МВП во меѓусебната пресметка во финалето.
Лиевски успеа да освои бронзен медал, па аналогно на тоа повеќе придонесе од Кире и затоа заслужено ја доби титулата за најдобар десен бек.

И 100 гола да постигнеше а Македонија останеше на истата позиција, освен титулата за најдобар стрелец немаше да добие ништо. Се дури не го однесеш тимот во најдобрите репрезентации, во САМИОТ ВРВ не можеш да се надеваш на таква награда. Ајде сеа гушни го коментаторот наш и продолжете да ги делите истите ставови. Ионака веќе ви ги испраа мозоците во последниве неколку недели.
 
Сигурно дека нема да сфатиш се додека над телевизорот ти стои дрес од К.Лазаров. Треба да се биде објективен, како може некој кој е во 11та репрезентација на светот да биде во првите 7 ракометари.
Исто како што можело на некое од претходните првенства Балиќ да биде најдобар играч на првенството иако Хрватска била петта. Факт е дека Лазаров беше најдобар десен бек на првенството, единствена конкуренција му беше Гландорф од Германија.
 
Ти ме цитираш, ти ме повика. Ако имаш да кажеш нешто, повели.

Сигурно дека нема да сфатиш се додека над телевизорот ти стои дрес од К.Лазаров. Треба да се биде објективен, како може некој кој е во 11та репрезентација на светот да биде во првите 7 ракометари. Отсекогаш знаеме дека во било кој спорт, за да се издигнеш себе си на високо ниво и да добиеш признанија, треба да имаш и подршка од тимот, да направиш голем успех со истиот. Исто е и во ракометот и во фудбалот и во кошарката.

Меси и најдобар играч на светот, но Кристијано ја освои титулата во ЛШ па затоа ја доби титулата.
Коби Брајнт е најдобриот кошаркар во светот, но Пол Пирс придонесе за тимот да ја освои титулата па затоа тој беше изгласан за МВП во меѓусебната пресметка во финалето.
Лиевски успеа да освои бронзен медал, па аналогно на тоа повеќе придонесе од Кире и затоа заслужено ја доби титулата за најдобар десен бек.

И 100 гола да постигнеше а Македонија останеше на истата позиција, освен титулата за најдобар стрелец немаше да добие ништо. Се дури не го однесеш тимот во најдобрите репрезентации, во САМИОТ ВРВ не можеш да се надеваш на таква награда. Ајде сеа гушни го коментаторот наш и продолжете да ги делите истите ставови. Ионака веќе ви ги испраа мозоците во последниве неколку недели.

Секој има свој вкус, тоа е докажано 2465 пати до сега. Ти мислиш за едно добро, јас за друго, ти мислиш едно, јас трето. Нема да делам исти став и да гушкам ниту дрес ниту коментар.

Јас не го знам Кире Лазаров од ова светско и да станувам негов фан од ова светско.
И реално го гледам изборото и каде и да е имало најдобар стрелец, секогаш е во ол стар тимот.

Ако мислиш дека сум јас од оние кои го засакаа кире лазаров од ова светско грешиш.:smir:
 
ма да,ко тој да е крив шо не можевме да се пласираме погоре од 11 место. Како да не. Уклучи малце РТЛ,да видиш тие шо коментирет,дека требит Кире да е меѓу првите седум. Не е само тој од Сител, "" шо ни ги перит мозоците""
 
Леле него избраа Кире најдобар десен бек го избраа оној Пољакот а пола светско не играше еее наместена работа.
 
Одлично организирано светско првенство, покрај одличните спортски сали и фантастичната режија, хрватите се покажале и како доста гостопримлив и пријателски настроен народ, пред се кон нас македонците.Имаме многу да научиме од нив како се организира едно светско првенство.
Криво ми е што не зедоа злато, но сепак се морални победници, барем за мене.Секоја чест за тоа што не именуваа под уставно име и за овациите на публиката кога Кире ја прими наградата за најдобар стрелец.Браво Хрвати !!!
 
Исто како што можело на некое од претходните првенства Балиќ да биде најдобар играч на првенството иако Хрватска била петта. Факт е дека Лазаров беше најдобар десен бек на првенството, единствена конкуренција му беше Гландорф од Германија.

Го споредуваш Балич, во годината кога беше прв ракометар во светот... со Кире, кој нема некој позначаен успех во кариерата? Никој не ги оспори квалитетите на Кире, ама кога ќе почне да носи трофеи, како за репрезентација така и за клубот, тогаш ќе биде наградуван и ќе има добро реноме. Дотогаш само Македонската јавност може да го величи. Многу нормална појава.
 
Ти ме цитираш, ти ме повика. Ако имаш да кажеш нешто, повели.

Сигурно дека нема да сфатиш се додека над телевизорот ти стои дрес од К.Лазаров. Треба да се биде објективен, како може некој кој е во 11та репрезентација на светот да биде во првите 7 ракометари. Отсекогаш знаеме дека во било кој спорт, за да се издигнеш себе си на високо ниво и да добиеш признанија, треба да имаш и подршка од тимот, да направиш голем успех со истиот. Исто е и во ракометот и во фудбалот и во кошарката.

Меси и најдобар играч на светот, но Кристијано ја освои титулата во ЛШ па затоа ја доби титулата.
Коби Брајнт е најдобриот кошаркар во светот, но Пол Пирс придонесе за тимот да ја освои титулата па затоа тој беше изгласан за МВП во меѓусебната пресметка во финалето.
Лиевски успеа да освои бронзен медал, па аналогно на тоа повеќе придонесе од Кире и затоа заслужено ја доби титулата за најдобар десен бек.

И 100 гола да постигнеше а Македонија останеше на истата позиција, освен титулата за најдобар стрелец немаше да добие ништо. Се дури не го однесеш тимот во најдобрите репрезентации, во САМИОТ ВРВ не можеш да се надеваш на таква награда. Ајде сеа гушни го коментаторот наш и продолжете да ги делите истите ставови. Ионака веќе ви ги испраа мозоците во последниве неколку недели.

Фала експерту што ми ја објасни цела ситуација, ми ги отвори очиве...
 
Типична реакција на некој кој што влегува во дуел онака колку да се речи(ќе го цитирам, можеби ќе испаднам паметен), а не знае што да каже. Бар да речеше модератор сум(евентуално, не треба така да се понашам) затоа не ми враќаш, вака не е интересно. :(
 
cestito za francija, podobra beshe i povece ja sakase pobedata.
neli vi rekov da stavite paricki za francija , koj stavi cestito ne ka mu se
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom