15.000 публика во Хрватска = 500 наша публика
Јас гарантирам дека нашата публика е сто пати подобра од оваа која ја имаат Хрватите, сите се фасцинирани од тоа како ние навиваме, како секогаш гордо им отпоздравуваме на ракометарите, без разлика дали тие победиле или изгубиле. Ако Хрватска изгуби на некој натпревар па публиката ќе ги изгази. И иако имаат квалитетен тим, сепак нивниот квалитет не е како порано, кога имаа инзвореден голман, сега не ми текнува на името и кога Ивано Балиќ беше во подобра форма. Полска и Франција, а можеби и некои други репрезентации имаат подобар квалитет од Хрватска, ама сепак не играат дома. Финалето ќе биде изедначено, ама мене ми е сеедно кој ќе победи, а ја нема Македонија, јас не навивам за никој
За публиката е океј, тие гледам користат разни реквизити, сирени итн. Не ми се допаѓа многу нивното навивање, само тропање со глупости. Кај нас се знае песна цело време, пеење. Не нив ги слушам ако спикерот не му запее нив не му текнува
За нашите навивачи нема рамни на цел свет. И велев дека многу голем притисок е врз гостите, психички ги отепуваат. Но сакам да кажам, барем мое мислење дека Хрватска моментално го има најдобриот состав. Тоа за голманите нема некоја разлика од поранешниот нивни голман, Шола. Сега го имаат Лосерт, на кој тешко му се даваат голови, игра во Барселона. Не е мала работа да играш во Барса, не за ѓабе ке те земат таму. За Ивано Балиќ сакам да кажам дека човекот е во добра форма, но на секој натпревар не го користеа максимално, го штедеа за наредните натпревари. Но Хрватска нема загубено а и затоа не го пуштаат. Затоа тој така ти се чини дека не е во форма. Ќе се види се на финалето. Франција е многу добар тим (Карабатиќ, Омајер, Жили, Дидие, Абало) во квалитет се тука некаде со Хрватите, но сепак не му се толку баш сите играчи квалитетни како на Хрватска. Имат едно 7-8 играчи јаки, сигурни. Но Хрватите имаат две постави беспрекорни. (Метличиќ, Шпрем, Вори, Лацковиќ, Балиќ, Чупиќ, Хорват, Лосерт, Алиловиќ, Дувњак, Валчиќ и многу други, неможам да се сетам за имињата.)
На чело на двете репрезентации се големи имиња, селектори...
Затоа во недела ке биде лудница, ке пукаат и двете репрезентации со сите сили. Но мислам дека сепак ке победи Хрватска, моментално најголемата сила во машкиот ракомет во светот. А и кај и да се играше, немаше да има некоја поголема разлика во конечниот пласман. Моја прогноза е дека Хрватска ке тепа со 2-4 гола разлика.
Тоа е. Да дочекаме па да видиме:smir: