Темава не ми е читана уназат но ми дојде една мисла па доколку се нема за тоа продискутирано еве темава ќе ја насочам кон тоа (нормално ако има дискутанти):
Колку сметате дека операторот ВИП (генерален спонзор) на Македонската ракометна репрезентација и воопшто на македонскиот ракомет е "виновник" за успехот што го постигнавме на ова светско првенство.Јас мислам дека со една таква мотивација (финансиска подршка,имунитет,почит кон спортистите.....) секој спорт може да се развие.На нашите спортисти не им треба премногу.Никој не сака Бентли или Мерцедес слон.Доволно е да му се даде по едно ауто од средна класа,по едно бројче и телефонче од мобилен оператор,екстра сума за секој постигнат успех и тоа е тоа (во глобала замено).Па пратениците всобрание имаат поголеми уживања на права,а мнооооооогу помалце,т.е. воопшто не постигнале за државава,па за ваков успех....доволно е мал стопанственик да бидеш за да ги поткрепеш една екипа со некоја екстра сума и по некоја награда за да им се даде мотивација за понатаму.
Ме мрзи да набројам 10 и повеќе фирми што можат да инвестираат и да им покажеме на сите дека можеме да се носиме со квалитет во било кој спорт :smir:
П.С.:Стопанственици,ставете си го прстот на умот или
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
.Во ваши раце е успехот на Mакедонските спортисти!!!