СП Хрватска 2009 - Ракомет (мажи) - генерална дискусија

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Срам да му е на секој шо ги вреѓа и пцуе македонските ракометари,тој не заслужува да живее е тука!!
точно и ја се согласувам
после секој пораз одма ги напаѓате!
па тие несакаат ли да победат,денес немаа среќа.
Ова е огромен успех за нашата репрезентација.
само едно ке кажам НАПРЕД МАКЕДОНИЈА:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
уште не е се загубено
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Уште кога ги видов судиите јасно ми стана...
Меѓутоа, главната вина е во нас!
Немаше никаква концентрација. Мечот требаше да го започне Дивиот, а не Борко. После таа серија од 6-0 во прво полувреме влезе Диви и се израмнија работите горе-долу.
Со играч повеќе ние примаме евтини голови кои скапо не чинеа. Губевме топки во напад како никогаш до сега, Кире беше одлично чуван и конечно сопрен.
Темелков не беше решителен кога се кршеш резултатот на крај, Наум исто немаше ден, можеби и повредите си го земаа данокот.
Се на се, ова беше лош ден. Треба да извлечеме поука од ова и да го надминеме. Па, не сме непобедливи нели?:)
Верувам дека пак ќе не израдуваат нашите херои пак!
И да ги загубат наредните две, радоста и среќата која ни ја дадоа на сите, ќе го покрие горчливото чувство од поразот...

Едит:
Се кладам со било кој, во било што дека Германија нема да загуби од Србија.:)
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
ne im odi u pm a sudive i nema na moe cudenje 3 min ni edni i drugi nemat gol dadeno konecno
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Прво, многу ми е криво што не отидов во Задар, иако се беше спремно да идам. :(

Гледав прилог на СителТВ како наш навивач збори во името на Хрватите како тие немале допирни точки со хрватските ракометари, а нашите цело време биле со навивачите. Епа тоа е најголема грешка. Имено, Хрватските ракометари се во карантин, и немаат никаков допир со јавноста...сконцентрирани се на своите грешки, на анализирање на играта на противникот. Основната грешка кај нас е тоа што при навидум лесен противник во моментите после Русија, Норвешка, навивачите им ствараат дополнителен притисок при нивната заедничка средба. Нешто што ниедна репрезентација не го прави после натпреварот е тоа да слави заедно со навивачите иако следниот ден игра тежок натпревар. Тоа е реалноста, колку на нас(ние што бевме во ХРВ) ни се свиѓаше што можеше да се сликаме со јунаците, да им дадеме подршка, толку и им одмогнавме.

Незнам каде ви е годроста на вие што ги пљукате нашите како изиграле слабо. Нашите не се навикнати на вакви натпреварувања, а посебно не во рок од 8дена да изиграат 6натпревари. Го оставија срцето на терен, самиот пласман во топ12 ни е ОГРОМЕН успех. Сите играат со мини повреди, и речиси е невозможно да играат онака како што знаат. Така да никој во Макеоднијава нема право да им пререче на нашите ракометари.

Сега, конкретно за натпреварот со Норвешка.
Незнам како може Филип Лазаров да игра во оваа репрезентација. Дечкото на овој натпревар имаше 3голови од 9удари, а имаше и три класични технички грешки...што би кажало дека продаде 9напади. Откако на првиот натпревар против Тунис се виде дека не е за во репрезентацијава, не ми е јасно кој го држи во репрезентацијава. Па за еден разбивач како Раде Стојанович да нема место т.е Ф.Лазаров да му го земе местото навистина не ми е јасно.
Норвешка изигра еден маестрален натпревар. Одлично ја прочитаа нашата игра, а имаат и предиспозиции да ги решат нашите напади во нивна полза...неверојатно брза игра во одбраната, и со многу груба игра, али помошта од судиите кој замижуваа на одредени ситуации, наполно им одговараше и тоа го користеа. Се виде колкаво искуство имаат дечките, во ВИСТИНСКИ моменти знаеа кога да ја смират играта и да играат на време, да не брзаат и да идат по сигурен напад па макар и до одземање на топката со пасивен напад.
Лазаров беше прочитан. Подвижната одбрана овозможи да се запре Кире. Таман кога требаше да се дигне на шут, излагаше еден играч на него и му прави ситен фаул. Сепак, Кире не одигра толку лошо, колку што немаше среќа бидејки 3-4пати ја погоди стативата
Нашите грешки се тоа што неможат да изиграат брз напад. Неколку пати бевме во полуконтра, моменти кога норвешката одбрана не беше поставена...тогаш треба центарот да се открие, да прими топка и да реализира. А нашиот центар во тие моменти се бутна со нивната зона за да направи простор за удар од далечина...а кој да шутне кога Кире е покриен а брат му е дупка, и Мојсовски полу-жив(повреден) ?!

Друго, се гледа слабоста на Борко Ристовски. Незнаш што е толку летнат типот. Си мисли дека он е неприкосновен на голот, и дека неможе никој да го смени. На натпреварот со германија ОДБИ да влезе во игра кога тоа се бараше од него. Многу е статичен на голот, и освен една одбранета топка, не направи ништо денеска. Со него во игра Норвежаните отидоа на +6, а откако влезе Ангелов таа предност да се стопи. Сериозно треба да се анализира односот на Ристовски и неговиот допринос кој го дава за репрезентацијата на ова Светско првенство.


Но, и покрај се, јас ја сакам Македонија и сум год на нашите репрезентатици, за нивниот допринос за ова мало парче земја.
Сега, откако ке се смират малце навивачите, и откако играчите ке се фокусираат на Данците...а не на пеење во шаторот на Алкалоид, мислам дека против Данците ке го видиме вистинскиот сјај на оваа рперезентација. Данците ке не потценат, не не сметаат за квалитетни...и тука е нашата шанса.

Во понеделник дотолку се организира идење во Задар специјално за со Србија, обавезно идам. 30евра превоз + 20евра карта. Стигаме сабајле во Задар, гледаме утакмица, славиме и си идеме дома ноќта.

-

Нешто офтипик. Првпат гледам утакмица со коментаториве. Оној "стручнот" коментатор неможе да се поднесе. Кажува апсолутно непотребни работи, и само допринесува за нервоза кај нас гледачите. Од далеку се приметува дека му е криво бидејки нема функција во репрезентацијата...али тоа е, ке трпиме.
 

aerodromka

Hiena
Член од
11 март 2007
Мислења
2.752
Поени од реакции
8
Уште кога ги видов судиите јасно ми стана...
Меѓутоа, главната вина е во нас!
Немаше никаква концентрација. Мечот требаше да го започне Дивиот, а не Борко. После таа серија од 6-0 во прво полувреме влезе Диви и се израмнија работите горе-долу.
Со играч повеќе ние примаме евтини голови кои скапо не чинеа. Губевме топки во напад како никогаш до сега, Кире беше одлично чуван и конечно сопрен.
Темелков не беше решителен кога се кршеш резултатот на крај, Наум исто немаше ден, можеби и повредите си го земаа данокот.
Се на се, ова беше лош ден. Треба да извлечеме поука од ова и да го надминеме. Па, не сме непобедливи нели?:)
Верувам дека пак ќе не израдуваат нашите херои пак!
И да ги загубат наредните две, радоста и среќата која ни ја дадоа на сите, ќе го покрие горчливото чувство од поразот...

Едит:
Се кладам со било кој, во било што дека Германија нема да загуби од Србија.:)

NEMOJ NE ZEZAJ NAS NAJVEKE NI ODGOVARA GERMANIJA DA IZGUBI
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
дали некој знае да каже кои се точно математиките кои ни одговараат?
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Послаба игра од изминатите, можда и наслабо до сеа на првенствово... многу избрзуевмо при што праевмо многу грешке, голманите не ни беа на ниво (а и ја не знам што абрамо од нив, тиај са само људи) а и судијете пак имаја улога, можда мала ама пак имаја улога...
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Ако Србија победи, ќе биде таква каша-попара во групата што нема да се знае ни кој јаде, ни кој пие:)
 

aerodromka

Hiena
Член од
11 март 2007
Мислења
2.752
Поени од реакции
8
[zEUs];2138665 напиша:
Послаба игра од изминатите, можда и наслабо до сеа на првенствово... многу избрзуевмо при што праевмо многу грешке, голманите не ни беа на ниво (а и ја не знам што абрамо од нив, тиај са само људи) а и судијете пак имаја улога, можда мала ама пак имаја улога...

tocno mala uloga ama vo najbitnite momenti :(
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
polska da pobedi so danska nie da pobedime so danska i srbija germanija site tri da gi tepa

ajde nereseno svabive
 
Член од
8 октомври 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
20
Исходот од овој натпревар по победата над Русија беше на некој начин предвиден. По победа следува пораз, но сепак поразот ќе помогне за малку симнување на замја и со ладни глави да се размислува за нашиот следен противник.

Сепак сето ова што го направи македонската репрезентација е историски успех и за ништо неможе да им се занемари на ракоматарите затоа што секој од нив секогаш го дава својот максимум за Македонија.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
NEMOJ NE ZEZAJ NAS NAJVEKE NI ODGOVARA GERMANIJA DA IZGUBI

Како бе да изгуби што зборите? Германија да ги згази сите 3 а Данска да изгуби вечер од Полска, тоа највеќе ни одговара.

Еве 24-23, ќе го јадат србите! Ајмо ЏЕРМАНИ :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.465
Нешто офтипик. Првпат гледам утакмица со коментаториве. Оној "стручнот" коментатор неможе да се поднесе. Кажува апсолутно непотребни работи, и само допринесува за нервоза кај нас гледачите. Од далеку се приметува дека му е криво бидејки нема функција во репрезентацијата...али тоа е, ке трпиме.
Тоа неколку пати го пишував. Само ја креваат нервозата кај гледачите наместо да коментираат ракомет, веројатно затоа што толку и го разбираат. Нормално е после да не можеме реално да ги согледаме слабостите.

Јас прво гледав на Сител, после с префрлив на интернет стрим и гледав без коментар додека не ставив кабелска специјално за ракометот. И сега си гледам на RTL Хрватска: ем добри коментатори, ем навиваат за нас. Но не се пристрасни и многу разбираат ракомет. Ја имаат простудирано секоја репрезентација, знаат кој на каков начин игра, знаат од кај доаѓа опасноста, на што да обратат внимание. Знаат што е за две минути а што е за црвен картон...

Не сакам да го критикувам она што е наше, но нашите коментатори, освен да викаат (а некогаш ни тоа), ништо друго не знаат...
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Србите се на плеќи, готово е со нив.Значи Германија 6, Македонија, Србија, Норвешка по 2, се надевам Полска ќе има исто 2, а Данска 4:)
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
А чекајте да ве прашам нешто? Се гледа меѓусебен дуел или гол разлика? Ако се гледа гол разлика, треба и Данска и Србија да ги тепаме со многу разлика, што ќе биде премногу тешко!


btw, србите пак во водство, 27-28!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom