Абе да гледаме реално, оправдан беше црвениот картон. Ние можеме колку сакаме да се буниме и да не ни одговара, факт е дека замавна со лакт и дека го удри противникот. Кире во секој случај немаше намера, сакаше само да ја тргне противничката рака од својата, при што му ја разби муцката на швабата. Нормално судиите во тој момент не ни размислија дали намерно или не, му дадоа црвен картон. Удар постоеше, и црвениот до некаде оправдан, колку и да не ни одговара тоа. Него мене ми е што судиите се катастрофа, врска немаа од судење. Не бевме само ние оштетени, колку пати пред крај на прво полувреме им даде 2 мин. на швабите за џабе, за глупости. Имавме 3 пати 2 играча повеќе во прво полувреме, што незнаевме да го искористиме исто како и во второ полувреме. Во второто полувреме му даде трето исклучување на швабата со бр. 4 при што доби црвен картон, а тој немаше апсолутно никаков контракт со Миркуловски во тој случај. Сакам да кажем дека судиите беа катастрофа, и не правеа грешки само на наша сметка. Треба да бидеме и малку реални, колку и да ја сакаме Македонија.