Па што сме освоиле ние како држава? на кео поле сме се истакнале? фактите говорат и тоа мене ем бол изатоа така пишувам затоа што ова што гледам сакам иво мојата држава да биде на исто ниво. Да има луѓе по кафичи со дресови и да се навија, да има луѓе стари и над 50 годин исо дресови и шалови што кај нас го нема. Кога сето та го гледам мене ме боли што тоа го нема кај кај нас и доаѓам до заклучок дека они имаат поголема национална свест и тоа мие криво.
Не сме толку организирани ни моќни, како не разбираш? И јас му завидувам на Бразил што има пет титули светски првак во фудбал. Реалноста е друга, а ти не живееш во неа.
Ракометот во Хрватска е спорт број еден, најголемите успеси ги имаат постигнато во ракометот. Луѓето дишат со првенството деновиве што е и нормално, имаат репрезентација која не е домаќин за декор туку оди на златото, имаат пари за спектакуларна организација, кампања, можат да си дозволат да организираат се и сешто.
Не се работи за националната свест туку за можностите. Се сеќаваш ли како беше атмосферата кај нас кога жените првпат освоија 7 место. 7 место, не медал. Ги пречекаа илјадници навивачи на аеродром, се славеше по улиците. Успеси требаат. Ние и без разлика што немаме репрезентација за медал, правиме одлична атмосфера во сала (вчера театар беше кај хрватите) и ја пратиме репрезентацијата секаде. Какви ни се условите, одлични сме.
За организација не не бива ама тоа е друга работа. И не се обидувај да нафрлиш политички елементи тука. Прво, не е местото на овој форум. Второ, не се работи за тоа кој го организирал првенството кај нас. Колку пари, толку музика.