Од кога тоа секое индивидуално мислење е битно за донесување на некој закон?
Ако тргнеме така, никогаш нема да се донесе било каков закон. `Колку луѓе, толку мислења`. А веќе ти кажав, за најдобар економски ефект ич не плаќај ништо кон државата, ниту пак почитувај било кој од постоечките закони. Или пак измисли нешто ново со што ќе ги привлечеш муштериите, а не да го поганиш јазикот.
И не заборавај дека живееш во општество заедно со други луѓе, сите ние своеволно се ограничуваме од некои индивидуални задоволства, желби и побуди. За општо добро. Ако не ти одговара, ене ти ја планината. Таму пишувај на кој јазик сакаш, изразувај се како сакаш. Се додека живееш во општество со какви-такви закони, почитувај ги. Ако не ти одговараат, или дај совети да се подобрат или најди си место со закони кои ќе ти одговараат повеќе. Смешно е да се повикуваш на креативна слобода и изразување. Имаш 7 уметности за креативно изразување, ако во тие 7 не успеа да се изразиш креативно тогаш најверојатно не си креативен и жал ми е. А ти све некако баш во законите на моменталната власт наоѓаш ограничувања и слично.
А ефектот за буџетот ќе биде добар се додека има индивидуалци што мислат дека баш они се дадени од небото за го заебат законот. Во превод:
Додека има овци-мангупи што не го почитуваат законот, ќе има и волна-полнење на буџет.