Кирилица за имињата на фирмите

  • Креатор на темата Креатор на темата Димитар
  • Време на започнување Време на започнување
А што им прави разлика на домашните корисници дали ноќниот клуб се вика ИНФИНИТИ или INFINITY ебаго? Или толку се неписмени па не умеат да прочитаат?
 
А што им прави разлика на домашните корисници дали ноќниот клуб се вика ИНФИНИТИ или INFINITY ебаго? Или толку се неписмени па не умеат да прочитаат?

Па баш заради фактот дека се писмени...на македонски, ти можеш кој сакаш јазик да го прочиташ..нели е така... ама сепак треба да се води сметка за мајчиниот јазик. Тоа е се’.
 
Не.
Грешиш.
Со законов не се води сметка за мајчиниот јазик. За мајчиното писмо можеме да збориме, ама молим те не ми го мешај јазикот тука.
Ноќниот клуб Infinity ќе си остане Infinity, само на кирилица ќе му се смени името - односно ќе стане Инфинити.
Сваќаш?
Според јавните гласила (примерок од законот засега не успеав да најдам) никаде не се спомнува дека ќе мора на МАКЕДОНСКИ да биде се. Само на кирилица вика.

Едит:
За неколку дена ќе стапи во сила законот каде се вели дека сите форми во Македонија треба да добијат кирилични имиња.
 
Глупо е. Едноставно некои работи не пасуваат. Како што читам по форумов некои Грл наместо Girl и сл.
 
многу глупави закони и чекори прајт владава...
демек да добиет поени кај народов...
еееееееее види ги овие патриотизам и ренесанса ширет...
па и црква на плоштад...
 
Глупо е. Едноставно некои работи не пасуваат. Како што читам по форумов некои Грл наместо Girl и сл.

Па глупо е што некој преферира англиски место мајчин јазик. Зашто Girl да биде... ?

Принц, не ме сфати. Писмени на македонски- КИРИЛИЦА
 
многу глупави закони и чекори прајт владава...
демек да добиет поени кај народов...
еееееееее види ги овие патриотизам и ренесанса ширет...
па и црква на плоштад...

Ама да правеа ноќен клуб наместо црква на сред плоштад многу јако ќе беше нели?


Музеи,скулптури..споменици..,цркви, спортски сали... ,стадиони.. ако сето ова е само популизам или ширење патриотизам и ренесанса..тогаш јбг.. последни сме во Европа :toe:
 
да... и интернет бесплатен... дајал-ап (ова на кирлица морав) на кој можат да се закачат 500 души во исто време
за кој ќе треба да чекаш 9 сати да се конектираш (ако имаш среќа)
и со кој за да ја прочиташ темава ќе ти требаат 3 часа а ако сакаш и да се регистрираш на форумов и да напишиш нешто уште 4 ќе си останиш...:nesvest:

ама зато старине ко ќе се соберат ќе речат гледаш...никола за младиве све прајт, и компјутери и интернеци...
и така...:kafe:
 
А што им прави разлика на домашните корисници дали ноќниот клуб се вика ИНФИНИТИ или INFINITY ебаго? Или толку се неписмени па не умеат да прочитаат?


Па ја колку што знам кирилицата е наше официјално писмо а не Латиницата....колку што знам Кирилицата потекнува од овие простори, а не Латиницата..
Или со еден збор тоа е наше писмо кое треба да го негуваме и почитуваме, латиницата сигурно дека не е наше писмо......
 
Абе се истурија туристи од Англија кај нас, остај... не знаеме шо да им правеме.
А шо праеме со голем дел луѓе шо ич не разбираат англиски??? Зарем тие се помалку важни???
Вие да даде Господ да направите успешни фирми, да создадете брендови, па мислам дека владата нема да ви се лути ако во странство (например Израел) користите други писма. Но овде, дома, ако не го почитуваме сопствениот јазик и писмо каде на друго место?
Мислам дека треба на компаниите со странски капитал да им се дозволи користење на латиница.
 
Најверојатно на младите и ме побитно да бидат фраери, отколку што и да е друго...

Затоа, треба да се направи некаква ваква кампања: „БИДИ ФРАЕР! ПИШУВАЈ НА КИРИЛИЦА!“



Што се однесува до странцизмите... "Coyote Ugly" би требало да премине во „Којот Грд“, на пример... некако многу подобро (барем мене ми) звучи, отколку „Којот Агли“.

Но тоа веројатно треба да се остави на сопствениците на фирмите.

Во секој случај законов ќе поттикне размислување кај луѓето и за кирилицата и за македонскиот јазик, што е позитивно во секој случај.
 
Или со еден збор тоа е наше писмо кое треба да го негуваме и почитуваме, латиницата сигурно дека не е наше писмо......
Немаш појма колку многу се согласувам. Но ајде пред да си ги менуваме фирмите, да го смениме твојот потпис. Што викаш? :smir:
 
Немаш појма колку многу се согласувам. Но ајде пред да си ги менуваме фирмите, да го смениме твојот потпис. Што викаш? :smir:

А твојот? :smir:
 
На мојот ништо не му фали. Максимално можно е на кирилица.
 
Под подписот му се 20те% :pos2::pos2::pos2:
Пардон 25%.
И се е според законот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom