Груевски испрати писмо и до Баросо

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување
За југословенството ќе те информирам дека кај сите нормални Македонци такво нешто НЕ ПОСТОИ! Тоа е мртва работа.
Очигледно се уште има и ненормални ! :nesum:
 
Oвие скроз попизделе, бе = на вистинскиот пат сме!!

“Етнос“: Се очекува второ писмо од Груевски на кое Атина нема да одговори


Новите претензии кон Грција, Скопје ги постави со редица писма до грчката Влада, пишува денес грчкиот весник “Етнос“.
“Само неколку дена откако Никола Груевски испрати писмо до грчкиот премиер Костас Караманлис и побара од Атина да го признае македонското малцинство во Грција и да биде решен спорот со имотите на бегалците од Егејска Македонија, претставник на македонскиот кабинет соопшти дека за неколку дена се очекува ново писмо на Груевски до Караманлис. Грција која веднаш , му испрати писмо на Скопје во кое се изјасни дека во Грција нема македонско малцинство, нема намера да одговори на второто писмо“, пишува весникот.

Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 21.07.2008 12:34:41

“Катимерини“: Скопје се обидува да го продаде името преку признавање на македонскиот народ


Целта на новата серија провокации на Скопје кон Грција е Поранешната југословенска република Македонија во замена за прифаќање на додавка “северна“ или “нова“ на името Македонија, да добие гаранција за постоење на македонски народ. Грција се разбира нема да се согласи ниту пак специјалниот посредник на ООН по спорот за името меѓу Атина и Скопје, Метју Нимиц, нема да сака да се прошири предметот на неговото посредништво, пишува грчкиот весник “Катимерини“.
“Со дејствијата и однесувањето Груевски е на пат да всее вознемиреност на Балканот, а тоа ќе има последици не само за неговата земја. Проблемот на ја засега само Грција, кон која во моментов се насочени претензиите, но и Бугарија и целиот регион. 38-годишниот арогантен националистички премиер на малата држава во срцето на Балканот заплашува дека ќе ја наруши кревкатата рамнотежа на Балканот по што би следувало да ги притисне САД и ЕУ кои последните десетина години инвестираа политички, економски и воено во стабилноста на регионот. Никола Груевски се обидува да се преобрази во ’херој’ во ПЈРМ“, пишува грчкиот весник.

Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 21.07.2008 12:59:28

“Скај“: ЕК ги зема за сериозно поплаките на Груевски за правата на “македонското малцинство“ во Грција


Европската комисија ги зела за сериозно поплаките на македонскиот премиер Никола Груевски, дека правата на “македонското малцинство“ во Грција се поткопуваат, откако испрати писмо до претседателот на европската комисја Жозе Мануел Баросо, јави грчкото радио “Скај“.
На прашање од новинар на грчкото радио во Брисел, портпаролот на ЕК изјавил дека обвинувањата се проучуваат и дека до утре ќе има формирано позиција. Груевски побара од ЕК да се заложи за прашањето со нарушување на правата на македонското малцинство во Грција, кое Атина не го признава.

Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 21.07.2008 14:10:27

“Елефтеротипиа“: Во Грција има околу 50.000 Славомакедонци


Грција направи голема грешка со недвижните имоти на славомакедонците, рекол во интеврју за грчкиот весник “Елефтеротипиа“, Пандио Ал. Ираклидис, професор по меѓународни односи на државниот универзитет.
На прашање што би се случило, ако проблемот стигне до судот во Стразбур, Ираклидис рекол дека “во тој случај Грција би се нашла во незавидна положба, оти во 1949-50 година им ги конфискувала спорните имоти дури и без судско решение, поради што ќе и биде наредено да плаќа обештетување. Според него, Грција треба да престане да ја “забива главата во песок“ и да тврди, дека славомакедонците не постојат.
“Нивниот број во Грција е меѓу 40.000 и 50.000 лица. Некои од нив имаат македонско етничко потекло, други пак се интегрирани целосно со грчкиот етнос, со што всушност нема никаква опасност по територијалната целина на Грција“, изјавил професорот Ираклидис.
Тој додал дека настојувањата на Атина дека такво малцинство или етничка група нема, не е правен проблем, туку практичен, исто како што решил Меѓународниот суд во 1930 година, спрема соодветните тогашни заедници во Грција и во Бугарија.
Ираклидис во интервјуто рекол дека тој гледа реално решение во спорот за името и тоа Грција да прифати едно составно име, Нова Македонија, Горна Македонија или Северна Македонија, за билатерална употреба со Скопје, но не и за меѓународна употреба.

Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 21.07.2008 15:10:47

Изгледа на здраво месо удри тоа Грујото:vozbud:
 
Ете нешто по темата и од мене:

 
Go povtaram svoeto prashanje ! Vo drjavnite dela nema i ne mora da ima emocii - ima racionalna misla i trezva visia za idninata !

Gledam na forumov nekoi kritichari na Grujo se svartea i mnogo go aresvat ova pismo ... Ochigledno e deka vlezot vo NATO i EU ne e prioritet za niv, toku post-jugoslovenstvoto ....
Vakvi pisma definitivno ke provocirat negativna reakcia od Grcite, a samiot Baroso e sadolgen da gi brani interesite na stranite-chlenki na EU - toi verovatno ke napravi tochno tova .... :toe:
А кој к** фактор си ти бе бачко да ми водиш евиденција у сопствената куќа??? Абе бугари оти бе ние не се занимаваме со вас толку ??? не ни е потребно си имаме нешто НАШЕ, нешто ВРЕДНО вие за тоа мојте само да сонувате... вредноста си ја искажувате преку геј паради и извоз на проституки низ европа... дај бе глејте си ваша работа.. еф ти одговорот НЕСАКАМЕ НАТО И ЕУ со скршена кичма... сеа појасно ти е? и заеби тоа југоносталгичарство никој тука не тагува по југославија... таа вештача творевина шо беше еден од 3те окупароти и узорпатори на Македонија и Македонецот...
 
Ете нешто по темата и од мене:

Искрено не здоболе за НАТО и ЕУ.. Особено со грција и бугарија и кој се не педер друг во нив.
Заеби ти интеграции, куропецевини, кога сакаат да не дупат за влез. Доста со тие демагогии 17 години кои ни ги тупат, работи кои очигледно не можат да се реализираат. Дај да се насочиме кон некоја друга насока.
Европска унија, нато, бла бла бла секој ден, ни ја полнат главата со глупости.
Инаку бугари, се усреќивте вие со влезот а? како ви е струјата во главниот град?
тоа што имавте ќар е што можете во шпанија да одите и да рмбате.

Нема никакво решение кое е спротивно со нашите национални интереси. Нит име, нит идентитет. Тие работи се јасни и непроменливи.
И не замарај на форум, демек совети добронамерни даваш.
 
Инаку бугари, се усреќивте вие со влезот а? како ви е струјата во главниот град?
Super e so strujata ! Se ushte koristime naj evtinata struja vo Evropa i na Balkanot ! Pa i na vas prodavame po malce ! :wink:
 
Супер ако Груевски пише пак.

А ако не му одговорат, уште подобро - ќе може да се обрати до повисоки инстанци; ќе има право на тоа, зашто очигледно дека „меѓусебниот“ спор едната страна не сака да го реши.

А тоа значи - интернационализирање на проблемот.

Ете така се прави!

Значи, Грците само нека се прават смотани - кај и да е ќе излезе вистината за нив на виделина.
 
Си велам...
До каде стасуваат писмата на премиерот

97D8DD019919304A9A866005296E3778.jpg
Ерол Ризаов

Писмата на премиерот Груевски наидоа на поддршка само во Македонија
За да чуе и да разбере светот за маките македонски и неправдите врз Македонија нанесувани со векови, предлагам во кабинетот на Никола Груевски да се отвори специјален оддел за пишување писма до соседските и светските политичари и државници. Охрабрени од ефектот и големите резултати со писмата до Караманлис и од неговиот одговор и со писмото до Европската унија, Груевски треба да напише уште слични писма до повеќе лидери во соседството и во светот.

Итно треба да се испратат серија писма до бугарскиот премиер Сергеј Станишев, и до претседателот на Бугарија, Георги Прванов, не помалку жестоки писма треба да се упатат до раководството на Србија, претседателот Борис Тадиќ, и до премиерот Мирко Цветковиќ. За секој случај, треба по едно тврдо писмо и до албанскиот премиер Сали Бериша, а и до турскиот Таип Ердоган, а потоа по една историска лекција можеме да им одржиме на францускиот претседател Саркози, британскиот премиер Браун, канцеларката Меркел и, се разбира, на крајот до Џорџ Буш и до Путин и Медведев. Нека се отворат еднаш сите прашања за Македонија, нека чуе светот под каков постојан светски заговор се наоѓаме.

Засега писмата на премиерот Груевски имаат поддршка само во Македонија и во македонските медиуми, а од Европската унија и од Грција, разбирливо, стасуваат само негативни коментари и реакции на тие писма. Лоши одговори стигнаа и од некои на кои не сме им испратиле писма како, на пример, Америка, Франција и Германија. Како се осмелуваат да ни одговорат негативно, а не сме им пишале. Од Букурешт наваму на меѓународен план Македонија забрзано и драматично ја губи трката со Грција за меѓународна поддршка . Нашите позиции по Букурешт се многу полоши. Но, затоа пак растураме дома.

Грците ги направивме пастрма кога им кажавме дека сме крајно загрижени за правата на македонското малцинство и за имотите на Македонците кои беа протерани за време на Граѓанската војна. Тоа предизвика бура од негативни реакции во Грција и, се разбира, воодушевување во Македонија. Кога навистина ќе се подобрат правата на македонското малцинство во Грција и кога и дали ќе се вратат имотите тоа се помалку важни детали во македонската политика. Предлагам Груевски да им ја симне маската и на Сергеј Станишев и на Георги Прванов и да им напише за нивната дволичност и византиска политика бидејќи, од една страна, ни се прават пријатели, а, од друга, веќе во Брисел ни ставаат дебели сопки.

Груевски треба отворено да му каже на Станишев да се признаат малцинските права на Македонците во Бугарија. Да и' кажеме отворено на Бугарија дека подмолно ги отвора прашањата за јазикот и продолжува да ни ја присвојува историјата. Груевски храбро треба да им побара на Бугарите обесштетување на злосторствата од Втората светска војна што ги направија во Македонија како окупатори. Ќе биде голем шок во Бугарија, поголем од оној во Грција.

Со српските лидери, Тадиќ и Цветковиќ, треба жестоко да го отвориме прашањето за признавањето на Македонската православна црква, за „Прохор Пчињски“, и други територијални проблеми. На Сали Бериша треба да му свртиме внимание да ги признае правата на Македонците во Албанија и да го стивне патернализмот. На Хашим Тачи од Косово треба да му се каже дека признавање ќе нема додека не се обележи границата. На турскиот премиер Ердоган ќе му напишеме дека очекувавме повеќе од Турција, а Груевски вешто ќе му објасни дека тоа што ги бараме нашите имоти од Грците, а не им ги даваме истите права на Турците и на сите други поранешни државјани на Македонија, на кои им ги одзедовме имотите со аграрната реформа и национализација, не е исто. На германската канцеларка Меркел треба да и' се напише без заобиколување дека и Германија ги изневери нашите надежи и се стави на страната на Грција и на Бугарија. И британскиот премиер Браун треба да знае дека не сме задоволни, ќе го искараме што воопшто не го интересира Македонија. А на Карла Бруни ќе и' напишеме дека нејзиниот сакан сопруг Саркози е омразена личност, бидејќи така отворено и грубо се стави на страната на Грција демек поради дедо му од Солун. На Буш можеме да му напишеме дека се сомневаме оти почна да ги забошотува работите и дека веќе не стои толку цврсто зад Македонија. Повеќе мисли како да си замине отколку на Македонија. На Путин и на Медведев, Груевски остро треба да им каже да не покажуваат премногу братска љубов, бидејќи ние сме помалку Словени, а многу повеќе антички Македонци и да не ни праќаат пансловенски пораки. Тоа не' нервира. Повеќе сакаме да сме блиски со Хунзите отколку со Русите, Полјаците, Украинците, Чесите, Словенците, Словаците, Србите, Хрватите, Црногорците, Бугарите... Тие се варвари, а ние жива антика.Така, откако ќе ги објавиме сите овие писма кај нас дома, ќе се гордееме и на сите ќе ни биде полесно на душата.

Во Македонија никого не го интересира крајниот резултат од оваа преписка на премиерот. Кому му е гајле што во разрешувањето на големите меѓудржавни проблеми резултати даваат само тивка и упорна дипломатија, која подразбира многу меѓусебни средби, компромиси, толеранција, мудрост и знаење , посредници, преговори и договори кои често траат многу подолго пред да бидат обелоденети на јавноста.

Во Министерството за надворешни работи не знам дали е вклучен аларм, ама време е за тревога ако е вистина дека Панама е прва земја која се пишманела што не' признала со уставното име. Ако почне да се топи најголемиот капитал од досегашната војна за името, а тоа е признавањето под уставното име од 120 земји, тоа ќе биде најголемиот пораз на оваа влада во светските билатерални односи. Признавањето на уставното име од 120 земји е најголемиот дипломатски успех на повеќе македонски влади, и не само влади, на многу заслужни луѓе од Македонија и од светот. Што мислите, дали Панама е виновна за ова или ние. Или и на нивниот претседател Мартин Торихос ќе му стегне Груевски едно жестоко писмо. Ќе види тој.

Многу е погрешна тезата која во последно време се пропагира и тоа од луѓе блиски на владата, да не се брза со евроатлантските интеграции. Демек доцниме со години, па зошто сега да брзаме и да правиме непотребни компромиси. Се премолчува дека трката со Србија за влез во ЕУ е исклучително важна и за Македонија и за Хрватска. Македонија, ако влезе пред Србија во Европската унија, исто така, ќе биде во позиција да разреши еден од своите најголеми проблеми. А тоа е признавањето на Македонската православна црква и симнување од дневен ред на проблемот до кој ќе дојде меѓу Македонија и Србија со евентуалното скоро признавање на Косово. Србија може да стане рамноправна членка во Европската унија само ако претходно ги реши отворените прашања со соседите, значи и со Македонија. Доколку, пак, Србија и Албанија бидат пред нас во Европската унија, пак ќе мора да правиме компромиси на наша штета, или дефинитивно да се збогуваме од нашите евроатлантски аспирации.
 
Реален, реално да збориме, уште кога ќе видат на почеток кој го пишал текстот нема ни да почнат да го читаат, како на пример мене, икао не сум политички необоен и не сум подржувача на некоја партија.
 
Реален, реално да збориме, уште кога ќе видат на почеток кој го пишал текстот нема ни да почнат да го читаат, како на пример мене, икао не сум политички необоен и не сум подржувача на некоја партија.

Зошто..
Што му фали на Ерол ?
Како јас го читам и латас...го следам и Томиќ....колку и да забегуваат, понекогаш и нешто паметно ќе кажат.

Колумнава....вреди да се прочита.
 
Ми ај нека бомбардира нешто за да привлече внимание. Бог да се чува. Груевски си го кажа своето, ако не сакаат да го слушат тоа е поен за него (не домашен). Сега може да игра на други карти и да каже „не ме слушавте“.
 
Ихи-хи-хи

Абе овие „реформираниве“ комунисти тотално одлепиле, еј. Сега ќе се стават ако треба и на страната на Бугарија, само да ги рушат македонистиве. И пази какво лицемерие, од една страна Ерол ќе напише:

Кому му е гајле што во разрешувањето на големите меѓудржавни проблеми резултати даваат само тивка и упорна дипломатија, која подразбира многу меѓусебни средби, компромиси, толеранција, мудрост и знаење , посредници, преговори и договори кои често траат многу подолго пред да бидат обелоденети на јавноста.

А од друга страна неговите ментори од Бихаќка бараат Премиерот подитно да ја обелодени на јавноста тактиката во преговорите со Грција.

И демек не требало така да се прави, туку кротко, полека и без многу врева. Да не кажам „мудра политика“ што до сега ја тераа Киро и Бранко, особено во поглед на преговорите со грција. Јас заклучив дека Ерол сака да ни порача да не ја обелодениме пред светската јавност нашата вистина, иако и Ерол знае (не е толку тап) дека владите на соседите мавтаат на сите страни со „нивните вистини“ за Македонија. Ама ние кротко, полетка и без врева си теравме до сега, за на крај да си останеме со „спуштени гаќи“ пред соседите и пред светот.

И демек сега, подитно да сме влегле во ЕУ, по секоја цена, за да можело после ние на соседите да им поставуваме ултиматуми, вака тие на нас ќе ни поставувале услови. Па какви услови ќе поставуваш и на кого бре Ероле, кога треба идентитеот да го смениш за да влезеш во тоа ЕУ.

На која основа ќе бараш нешто од соседите, кога ќе бидеш запишан во ЕУ и ОН како вештачки створена територија на која и се одобрува државност само за да нема кавги на Балканот, а жителите на таа творба не ќе можат да се идентификуваат со истата како посебна нација?

Кога ќе почнат вакви амеби да критикуваат нешто што е направено (без разлика како е направено) а за алтернатива ќе ти понудат сите масовно да си ги извадиме кичмите и да отползиме во некакво ЕУ, на човек му доаѓа да си го исповраќа дебелото црево.

Да ти ибам амебите, да ти ибам.
 
Ихи-хи-хи

....Да не кажам „мудра политика“ што до сега ја тераа Киро и Бранко

Еквидистанца нели, живти зборот, само што со едните беше дистанцата помала. Србенди тешки.
 
Треба антикорупцијска да се позанимава со случајов и да провери која фирма му ги штампа писмава на Гвујо,дали се запазени сите тендерски постапки по закон,дали фирмата плаќа реално данок и не се ли непотистички интереси во прашање како и многупати досега.:smir:
П.С.:Станува интересно колку Гвујо го копира Макрадули со писмава кој веќе никој не ги чита,ама на меѓународно ниво и во поголем тираж.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom