Плачење

  • Креатор на темата Креатор на темата Reds United
  • Време на започнување Време на започнување
Порано се лигавев често.Некогаш и без потреба.А многу често знаев да се расплачам за да остварам некоја моја цел...
Фала Богу сега не сум веќе таква животот ме научи да бидам издржлива и непопустлива...Треба нешто ептен да ме погоди за да пуштам солза :pipi:
 
Секоја чест барем си научила да си издржлива,некои на 15 години сеуште се како БЕБИЊА па се лигават и ПИСКААТ за непотребни работи.
 
Мноогу ретко ми се случува да заплачам, не се сеќавам кога последен пат сум плачела.
 
Плачам кога се нервирам, кога се напнувам. Не од тага. :pos2: Вчера на пример..
 
Кога имав 11-12 некаде години. Плачев од нервоза најчесто.
 
не сум плачал од кога имав 14 години и тоа заради тоа што бев многу пијан :tapp:
 
Послеен пат - плачев денес ... попладнево
Инаку последниве две недели - плачам константно - најчесто дома, навечер кога ќе видам заљубени и пред легнување

--- надополнето ---

Да додам - плачев вчера кога пишував роденденска честитка на мојата млада професорка по француски ...
 
Ти треба повеќе внимание, ти треба некој кој ќе може емотивно да те разбере....и повеќе секс.
 
Можам да се расплачам за најобични глупости ( чуствителна сум многу -.-) ама успевам да ги здржам солзите,е кога мие за нешто многу тешко тогаш да плачам....А последен пат плачев вчера т.е ноќеска.
 
Понекогаш убаво е да заплачеш, да ги исплакнеш очите, тоа не значи дека покажуваш слабост, туку се обидуваш од себеси да го исфрлиш она тешкото...најдобро е плачењето на само, дома...
Често плачам, знам, плачка сум, знам на филмови да се расплачам, на песни, за глупости, за битни ствари, за животов, за све!
Но после тоа е многу поубаво на душичката, онака излеснета...
Не се срамете да плачете, без разлика на годините, луѓе сме, имаме чувства, емоции, искажете си ги!
 
Јас некогаш ги задржувам солзите но некогаш се исплачувам..Во тоа нема ништо лошо.Само си олеснуваш на душата.Најмногу плачам на книгите на филмовите...Кога бев мал бидејки секогаш имав петки, пет плусови и само еднаш добијав четворка плус и тогаш плачев многу но дома не во училиште.
 
Порано дозата беше еднаш месечно, последниов период се засили ептен, сега пак на старо ќе се вратиме ....... белким! :pos2:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom