А со која цел е ок да се изучува веронауката и религиите во официјалното образование?
За верниците, ајде некако...
Но за оние другите нема ама баш никаква смисла, не само веронауката туку и историјата на религиите како посебен предмет, доволни се содржините што се вметнати во историја (предметот)...
Едноставно...нема смисла и глупо е да се изучува како посебен предмет нешто апстрактно и измислено и кое за нив нема ама баш никакво значење.

Па сега ако веќе мора (со закон)....што правиме со оние случаи, што веруваат во спротивното од бог, што се определиле за антихристијанството, веруваат во сатаната, односно тој е нивни бог...не ли се тие дискриминирани, за нив тоа е нивната религија, каде е тука можноста за верска слобода без наметнување кога веќе им се наметнува да изучуваат нешто што се коси со сите нивни поимања. Поради комплексноста на овие прашања најдобро е религијата да се држи што подалеку од образовниот систем, едноставно не може да им се излезе во пресрет на сите а тоа ствара непотребни компликации и незедоволства.