Lavanda
Модератор
- Член од
- 18 април 2008
- Мислења
- 676
- Поени од реакции
- 66
Кога љубам...
Кога љубам сакам да знаат сите.., да го препознаат чувството кога љубам некого чисто и искрено без резервно, кога ништо не ми е тешко во име на љубовта, кога давам незмерно, чувства, бакнежи, прегратки...
Сакам сите очите да ми ги видат кога љубам, да можам и душата да ја отворам, во неа ќе најдат цветна градина, расцветана, исполнета, разгранети дрвја со плод, птици во најубав пој...
Кога љубам... душата ми е возвишена на седмото небо, на најубавите облаци... се чувствувам дека лебдам , дека пеперутките го пратат мојот восхит и дека и тие впиваат од моите чувства и со мене се радуваат...
Кога љубам... ја ширам убавата и позитивна енергија ги греам сите, ги греам децата, на сите им е пријатно покрај мене...
Кога љубам... а те љубам тебе, најнежна сум, а во ист момент и најсилна, и нема кој не го чувствува и гледа тоа, на секому е во очи, и зрачи од мене како светилка длабоко во ноќта...
Ете јас така себе си се искажувам и одсликувам кога љубам, барам и од вас да кажете по некој збор, како вие се гледате и искажувате себе си кога љубите, го гледа ли некој тоа го чувствува ли???
Повелете....