Да можев да го вратам времето...

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Возраст
33
Локација
Пустец
Што ако?
Што ако ви се даде шанса да го вратите времето и да направите промена во вашиот избор на средно училиште или факултет?

Секојдневно слушам вакви изјави од постари личности, бидејќи се наближува времето кога треба да се запишам на факултет и со тоа да ја изберам својата идна професија. "Запиши си се на Филолошки, јазик за женско најубаво е, што бараш на ФЕИТ или на Стоматолошки?". Слушав такви изјави и кога се запишував средно - "Што не си одиш некаде на полесно да си завршиш, што ќе се мачиш во ЈБТ?"

Што се однесува до мене, јас мислам дека згрешив што се запишав во ЈБТ, ама не дека е многу тешко. Работата е што е лесно и од професорите не добивам којзнае какво образование. Учење на памет бараат скоро сите од таму и автоматски ништо не ти влага во глава. Никој од нив таму не се труди да стане од стол и да ти покаже, да ти објасни. Јас барем мислев дека таму е строго, ама од строго ни С.

Да можев да го вратам времето, ќе се запишев во Орце. Не за полесно, туку затоа што барам да ме научат на нешто. Барем личи на училиште, има дисциплина, остана единствено училиште во кое униформите уште живеат а и барем има ред во наставата.

За тоа дали згрешив со факултетот, ќе пишам на темава за едно шест-седум години:)
 
згрешив ко се запишував средно .. значи од почеток тоа би сменила
и згрешив ко се запишав на факултет и тоа би го сменила
 
Згрешив што помалку учев од прва до трета во средно. Сега тоа ќе ми биде проблем за упис. :tapp:
 
Факултетот не би го сменила, супер избор направив за факултет, затоа што тоа е тоа што сакам да го учам.

Средно дефинитивно би се запишала во Орце кога би имала втора можност. Додуша сигурно има некоја причина што отидов во ЈБТ, затоа што да си отидев или префрлев во Орце во трета како планирав, животот ќе ми имаше поинаков тек.
 
Средното и јас го згрешив.Не ми се допаѓа толку, а и не е како што очекував и замислував.Ај среќа што најверојатно нема да завршам таму.
А за факулетот, мислам дека нема да го згрешам.
 
Се кајам зашто се запишав Економско-Борис!Не ме бива за тоа ама ич незнам што барам тамо седам и учам колку да пројдам едноставно немам желба!Да би бирал пак што знам би одбрал Коце-Автоматика!
 
И да можам да го вратам пак би одбрала англиски и книжевност. Иако сега ќе одам на бизнис и применети јазици сепак не сметам дека сум згрешила што сум била запишана на книжевност. Ако ништо друго зголемен ми е фонтот на зборови.

Средно..немам зошто да се каам. Блиску ми беше а тоа беше и единствената причина зошто се запишав таму. Гимназија ко гимназија сегде е истиот материјал.
 
Na momenti, ama na momenti si pomisluvam da mozev da se vratam ke napravev drug izbor.
Stvarno.
Koga idam na sisanje i koa ke me repne 300 denari za pola saat si vikam, "Koe magare sum jas, da mozam da biram sega ke odberam Dimitar Vlahov frizersko. Em e tri godini, eme zanat em vo denot sisas 15*300=4500 mesecno imas ???"
 
Ја па мисле темава е во Љубов :jaj:

Него и да се вратеше времето пак исто ке се запишев средно, мада неќам да се врати не ја поднесував професорката по македонски.
 
Јас не би го променил гимназијата, уствари и да сакам не можам да ја променам оти во Кавадарци има само една, останатите средни се стручни кои мене не ми одговараат.


За Факултет до скоро мислев на Филолошки да одам ама некако се предомислувам, страв ми е да не влезам во групата на луѓе кои велат “Ех да можав да го вратам времето да го сменам факултетот“ :)
Имам уште една година, а што ќе одберам за понатаму појма немам :kesa:
 
Кога би го вратил времето повторно, пак би се запишал на Правен факултет "Јустиниан Први",ама сега ќе знам како да учам и ќе поправам просек, и ќе станам асистент....:kesa:
 
Само би се вратил едно 10-11 месеци назад да сменам јазично Б подрачје, другото се е ок. Сеха за сега.
 
Сега ќе пиев кафе си Александар Македонски.
 
Кога би го вратил времето повторно, пак би се запишал на Правен факултет "Јустиниан Први",ама сега ќе знам како да учам и ќе поправам просек, и ќе станам асистент....:kesa:

И јас исто така.:helou:
 
За факултетот засега мислам сум сигурна дека не би го менувала и кога по втор пат би е запишувала. За неколку години можеби нема да мислам така, времето ќе покаже.

За средното, се каам што се запишав можеби во најтешкото стручно училиште и на крај не продолжив во истата насока, а тоа ми беше првенствената намера.
Сега да ми се врати времето би се запишала во гимназија и иако секаде се бара учење, во најлесната дефинитивно. Немам сознанија која е таква во моментов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom