Биди ѓубре за да те ценат?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
За да стекнеш почит кај луѓето потребно е уште на самиот почеток да се поставиш така.Слабоста твоја не треба да ја покажуваш према никој.
Со тоа да биде гад према некој за да те почитува важи донекаде али зависи према кој.Значи има навистина луѓе со многу ниско понашање према кој си обврзан да бидеш гад према него за да почне да те почитува.
Треба да си добар проценувач на луѓето за да тие почнат да те почитуваат, значи треба да процениш према кој како да се понашаш за тие да те почитуваат уште на самиот почеток кога сте се запознале.
 
според мене ѓубриња се оние луѓе што не знаат што сакаат во животот,не знаат како да се однесуваат во друштво па си ставаат маска:kesa:ЃУБРЕ за да бидат приметени,мислат дека се на врв,а по некое непишано правило повеќе ги ценат:drk:
 
Мислам дека не би требало да бидеме баш ЃУБРИЊА за да не ценат..ако сум ѓубре кон некој сигурно нема да ме засака или д аме почитува,не би требало да покажуваме слабост пред другите или пак да молиме некој,да плачеме за некој.иначе ако си ѓубре ке те мислат за човек без чуства и ке им бидеш одбивен на другите.
 
Не може да избројам колку пати ја имам чуено оваа изрека и колку само ме нервира.Добро,мајку му,мора ли луѓево да бидат третирани како ѓубре,да осеќаат злоба на своја кожа за да почитуваат некого?Не знам,дали луѓето се повеќе и повеќе стануваат мазохисти,свесно сакаат да бидат лошо третирани и тој човек кој ќе ги третира така ќе го сакаат и почитуваат?

Колку оваа изрека држи вода во реалноста?
Кои луѓе ја употребуваат и постапуваат во склад со неа?Оние кои сакаат да се самоубедат дека е ОК да бидеш таков,за да немаат грижа на совест кога повредуваат некој или оние луѓе кои се разочаруваат од злобата околу себе,кои се фини?

Дали мора да значи дека ако си добар,фин со луѓето нема да бидеш успешен и ценет?

И зашто побогу некој повеќе би го ценел оној кој го третира како ѓубре отколку оној кој е фин и добар со него?

И со професорите во школо е така сум приметила:Оние кои се добри,фини и кои пријателски се поставуваат,учениците им се качуваат на глава,а оние одвратни,злобни,исфрустрирани професори се страви трепет и сите им се плашат и се најголем авторитет.

Ваши мислења?
Луѓето не ја поднесуваат туѓата супериорност , секој сака да е доминантен иако не доволно квалитетен. Сепак, најмногу успеваат оние кои можат да го наметнат својот став на стариот конвенционален начин а тоа е повисока позиција. Секогаш . од времето на Исус уште, страдал оној кој бил добар заради злобата на човекот, неговата ненаситност , стремежот кон авторитетност и егоистичноста. Оние кои се поставуваат како ѓубриња кон другите , не се почитувани, туку другите се принудени да ги почитуваат. Денеска, мислам дека почитта се стекнува со индивидуалниот впечаток кој го остварил поединецот во очите на другиот поединец . Професорите во училиште се сите до еден кај мене големи стручњаци , но многу ретко се наоѓа педагог , а со тоа се ствара вистинското почитување од страна на учениците. Сето останато е само "принудно" почитување, лажно, приморано, лицемерно... Од некоја остварлива корист за во иднина...
 
Дали мора да значи дека ако си добар,фин со луѓето нема да бидеш успешен и ценет?

И зашто побогу некој повеќе би го ценел оној кој го третира како ѓубре отколку оној кој е фин и добар со него?

не мора да значи но во последно време мал е бројот на тие шо знаат да ценат...па ако видат слаба точка и те газат...ти се качуваат на глава...и ке те користат коклу шо можат...а тоа е лошо...

како што е кажано погоре...тоа е наметнато со сила...затоа што добриот не сака да се расправа...да се кара да се тепа....па ке ,,почитува''....едноставно ке си ќути...но не значи дека нема тој да си ги брка своите работи...нели...попаметниот попушта.
 
Човек вреди колку што му вреди интегритетот и зборот.Не мислам дека треба да си ѓубре за повеќе да те ценат или ако си исфрустриран си со поголем авторитет, туку напротив ако си фин и со добра намера кога ќе им пријдеш на луѓето тие го чувствуваат тоа и подобро реагираат.Порано прочитав во една книга една поговорка која вели прави им го на другите тоа што сакаш тие да ти го прават тебе или така нешто слично.Значи било која акција која што се презема врз други лица првин се проверува со тоа што дали сакаш тоа да ти се случи тебе,ако не,не прави им го тоа на другите.
 
Па да бидеш ѓубре и не е така тешко. Погази некој мал милион луѓе, уништи им се што имаат и постави се над нив. Тешка работа...
Него прашањето е колку е тоа ценење? Дали е навистина ценење или нешто друго?
Од моја гледна точка (пошто нели сите ѓубриња се уствари злобни луѓе), тие луѓе не ја имаат туѓата почит, туку едноставно имаат здобиено стравопочит. Стравопочитта е многу грда работа затоа што е здобиена со влевање на страв кај луѓето. Со еден збор кажано, ти ставам јас тебе нож под грло и ти викам или почитувај ме или сечам.
Да се има стравопочит према тебе е болно, меѓутоа да бидеш ѓубре со стравопочит е уште побоно...
Затоа најубаво е пред се да бидеш човек кој цени секого, па дур тогаш можеме да бараме и ние самите да бидеме ценети.
Сепак она кое не го очекуваш, она изненадното е послатко, отколку она кое си го земал насилно:smir:
 
Луѓето не ја поднесуваат туѓата супериорност , секој сака да е доминантен иако не доволно квалитетен. Сепак, најмногу успеваат оние кои можат да го наметнат својот став на стариот конвенционален начин а тоа е повисока позиција. Секогаш . од времето на Исус уште, страдал оној кој бил добар заради злобата на човекот, неговата ненаситност , стремежот кон авторитетност и егоистичноста. Оние кои се поставуваат како ѓубриња кон другите , не се почитувани, туку другите се принудени да ги почитуваат. Денеска, мислам дека почитта се стекнува со индивидуалниот впечаток кој го остварил поединецот во очите на другиот поединец . Професорите во училиште се сите до еден кај мене големи стручњаци , но многу ретко се наоѓа педагог , а со тоа се ствара вистинското почитување од страна на учениците. Сето останато е само "принудно" почитување, лажно, приморано, лицемерно... Од некоја остварлива корист за во иднина...

Девојче,да не идеше кај мене на часови ?

:pos2:

Браво!
 
Не може да избројам колку пати ја имам чуено оваа изрека и колку само ме нервира.Добро,мајку му,мора ли луѓево да бидат третирани како ѓубре,да осеќаат злоба на своја кожа за да почитуваат некого?Не знам,дали луѓето се повеќе и повеќе стануваат мазохисти,свесно сакаат да бидат лошо третирани и тој човек кој ќе ги третира така ќе го сакаат и почитуваат?

Колку оваа изрека држи вода во реалноста?
Кои луѓе ја употребуваат и постапуваат во склад со неа?Оние кои сакаат да се самоубедат дека е ОК да бидеш таков,за да немаат грижа на совест кога повредуваат некој или оние луѓе кои се разочаруваат од злобата околу себе,кои се фини?

Дали мора да значи дека ако си добар,фин со луѓето нема да бидеш успешен и ценет?

И зашто побогу некој повеќе би го ценел оној кој го третира како ѓубре отколку оној кој е фин и добар со него?

И со професорите во школо е така сум приметила:Оние кои се добри,фини и кои пријателски се поставуваат,учениците им се качуваат на глава,а оние одвратни,злобни,исфрустрирани професори се страви трепет и сите им се плашат и се најголем авторитет.

Ваши мислења?



Мислам дека секој човек без разлика каков е треба да се цени.Не постои злобен човек само човек што на пореалната и поцрната страна ги сфака нештата и така се спроведува.На таквите им е битно личното задоволство.Таквите луѓе стојат цврсто на земја,ама незначи дека фините не се паметни и дека не стојат цврсто на земја туку земено е дека се по лабилни и променливи,лесно ранливи.Секако дека се ценети и успешни но на поинаков начин доаѓаат до целта.Се е тоа до природата на човекот.
 
има луѓе кои незнаат как да се постават за да ги ценат и за повеќето луѓе тие се глупи на еден начин...а незначи дека се.некои се повлечени едноставно сакат да слушат шо другите ке кажат и ќе размислуват за тава.тргнувајќи од мене...сакам луѓе кои знаат да прават муабет и се комуникативни,а не се ѓубриња!!!
иначе лесно е да бидеш Ѓубре...ама финтата е шо после самите не се чувствуваме комфортно
 
кој како со мене така јас со него. помина времето кога бев човек со сите:tapp: :toe:
 
Сите на темава сте одвратни и патетични. И сакам да ми дадете зеленко за постов. :wink:
 
Биди ѓубре за да те ценат- го гледам во некаква чудна конотација, дека оние луѓе кои не се преправаат дека се фини кои едноставно зграпчуваат се што сакаат и газат се што ќе им се испречи на патот, се цицачи на енергијата на оние добрите кои ,,на мравка не газат,, и аналогно на тоа успеваат да ја имаат контролата над се и да манипулираат со оние работи кои лично ги засегаат.
,,Ѓубрињата,, се интелигентни снаодливи, затоа што на некој начин повеќе добиваат од ,,добриците,, кои веќе еднаш треба да сфатат дека ова не е розева бајка во која што секоој игра според правилата. Затоа и мноооогу малку добри луѓе има, свеста на човечкиот род самата се насочи кон таквиот пристап на нештата.
 
Ne znaci deka lugeto ke te cenat ako si Gjubre.Nema da te cenat ako si los i pokvaren.Te cenat onie sto vistinski te poznavaat i te sakaat.A i ne treba da ni e bitno da ne cenat site neli,bitno e toa kako ke ne gledaat lugeto sto ni znacat,a ne nekoj od ulica sto ic ne ni se vazni..Ako si gjubre nema da te cenat,se razbira so zavisnot od toa kakvo gjubre ke im se pokazes,ako se pokazes kako idiot samo ke te mrazat a od koga mrazenjeto ili stravot spaga vo cenenje?
Jas sum takva kakva sto sum,kako sto ke si se postavi taa osoba so mene,ako e dobra jas ke bidam uste podobra so nea,ako e gjubre i se obiduva da me gazi,e toa nema da go dozvolam.
 
ко што прочитав во постовите погоре,..неколку пати забележав дека тие што се ѓубриња се најповеќе ценети :tapp:..не можам воопшто да го сватам тоа, како е можно некој да те цени ако воопшто немаш култура ни образ пред другите, ни почит ни познаваш граници,..тоа не е начин за стекнување добар впечаток кај другите, во никој случај,..ретки се тие што се ценети навистина,..а тоа „ценење“ на вакви особи појќе ми делува на „лижење“..!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom