Официјална посета на Македонците, во Македонија!

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Stvarno mislite deka ste 'rodnini' so Hunzite?

(tie so veruvaat normalno)
Јаков, мислам дека малку грешно го постави прашањето.
Работата е тоа што тие се тие што веруваат во тоа што се префрлува од колено на колено кај нив, имено дека тие се потомци на војската на Александар Македонски.
Нам ни останува да им придадеме чест за тоа што се чувствуваат како луше со кои имаме исти потомци и да им ги претставиме нашите до сега зачувани и негувани културни одлики и традиции. Па за да видиме дали имаат доприни точки со нивните. Исто така евентуална генетска анализа може да покаже на заедничкото потекло, бидејќи некогаш не ти треба коултура за да пренесуваш одредени генетски маркери, исто како што не ти треба генетски материјал да пренесуваш од генерација во генерасција за да зачуваш култоролошки одлики.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Па ќе ти ја негира нацијата кога ги бараш своите корени во Пакистан а ги имаш пред сопствените очи,ама се правиш дека не ги гледаш.:toe:
Агитирај де.

Кажи им на археолозите дека Мариово е најбитно.

Прави флаери, плакати, емисии на телевизија.

Еве, направи нова нишка на форумов: „Во Мариово живеат најчистите Македонци“ или слично, па пропагирај таму.

Не верувам дека некој ќе се побуни.

Само ова не е начинот, ниту времето, ниту местото тоа да го правиш. Овде се зборува за утрешното доаѓање на Хунзите. Сакал или не, тоа ќе се случи. Ако го поддржуваш, фино. Ако не го поддржуваш, ќе треба да се справиш со мнозинството што го поддржува.

Ако имаш сосема нова идеја (како за Мариово), зборувај за неа на друго место.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Е ако де, Хунзите и така ќе станат натурализирани Мариовци, поради фактот што ќе им биде поклонет плац од 1000 квадрата, што сакаат нека изградат :)

Момци, шо да ви кажам....

Ние имаме секакво право овие луѓе да ги нарекуваме свои браќа, не само затоа што колективната свест независна една од друга го тврди истото, туку и генетиката дополнително го потврдува тоа. А богами и антропологијата, и етнологијата, лингвистиката.

Затоа, за сите шабани, џабе ви се било какви одвраќања. Одите со глава во ѕид.

Се гледаме утре на аеродром. :helou:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не бе АБЦ, нејќе да работи и да се потруди.
Он сака да не си помрдне со газот и да продава памет наоколу.
Ама тоа само дома може.
И дај веќе, барем на оваа тема која носи таква прекрасна вест, да го игнорираме целосно.

Инаку, Бацилус...Јаков сосема свесно го постави прашањето така како ко што го постави, за да му конвинира на негаторската теза.
Јас сум убедена дека и тој е свесен како е, во најмала рака, фасцинантно тоа што на некој народ со векови му се пренесува дека има Македонска крв и дека потеклото му е во Македонска земја. Тоа, туку така не се случува. Има зошто тоа се раскажува. Поткрепено е со колективната меморија, со врежаната припадност кон Македонија.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Јаков, мислам дека малку грешно го постави прашањето.
Работата е тоа што тие се тие што веруваат во тоа што се префрлува од колено на колено кај нив, имено дека тие се потомци на војската на Александар Македонски.
Нам ни останува да им придадеме чест за тоа што се чувствуваат како луше со кои имаме исти потомци и да им ги претставиме нашите до сега зачувани и негувани културни одлики и традиции. Па за да видиме дали имаат доприни точки со нивните. Исто така евентуална генетска анализа може да покаже на заедничкото потекло, бидејќи некогаш не ти треба коултура за да пренесуваш одредени генетски маркери, исто како што не ти треба генетски материјал да пренесуваш од генерација во генерасција за да зачуваш култоролошки одлики.
Баци бе,не е до генетиката или до допирните точки,до замислата на “советниците“ од премиерот е,зарем не гледаш.?Грчевито се борат за да не бидат отпуштени од работа,зошто ништо досега не сработија како што треба.:toe:Тоа ти е кога на советнички места ставаш луѓе по линија на непотизам со краткогледи и застарени идеи од времето на сталинизмот.Па толку ли “кичерај“ им се собрал во штабот?Знаеш ли колку на пример Курдите ни се поблиски од Хунзите,имаме ист мелос имаме исти зборови на претек,не ни се толку далеку,ората им се комплет исти,се чудат како некој од Македонија многу поубаво го игра некое “нивно“ оро одколку некој нивни играорец,го знаат и почитуваат Александар како нивни предок кога веќе збориме за културолошки одлики,и што е најважно помногубројни се,но никој толку не се занишал како за императорот на Калашите или Хунзите.:toe:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Пошо сакам да се просветлат разните безработни мрчала кои нишо у животот не напраиле, а уше поише пошо ми се грее душата кога го читам ова, ќе си цитирам

. Како додатна информација, Кралското семејство на Мир во својата дипломатска кариера се има среќавано дури и со Маршал ТИТО , Кралицата Елизабета, потоа со Хилари Клинтон, Војводата од Единбург, кралот Хусеин на Јордан итн.
Затоа ова е навистина голема чест да бидат наши гости.
Па уше еднаш, за тие шо упорно не гледаат
. Како додатна информација, Кралското семејство на Мир во својата дипломатска кариера се има среќавано дури и со Маршал ТИТО , Кралицата Елизабета, потоа со Хилари Клинтон, Војводата од Единбург, кралот Хусеин на Јордан итн
Затоа ова е навистина голема чест да бидат наши гости.
И уше еднаш за тие шо ептен со сила слепи се праат
. Како додатна информација, Кралското семејство на Мир во својата дипломатска кариера се има среќавано дури и со Маршал ТИТО , Кралицата Елизабета, потоа со Хилари Клинтон, Војводата од Единбург, кралот Хусеин на Јордан итн
Затоа ова е навистина голема чест да бидат наши гости.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ада, некои луѓе едноставно многу лесно замижуваат пред работите кои не сакаат да ги видат. А некои луѓе едноставно цел живот седат во некое темно ќоше и мрчат и ништо не им е по ќеиф.:toe:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Баци бе,не е до генетиката или до допирните точки,до замислата на “советниците“ од премиерот е,зарем не гледаш.?Грчевито се борат за да не бидат отпуштени од работа,зошто ништо досега не сработија како што треба.:toe:Тоа ти е кога на советнички места ставаш луѓе по линија на непотизам со краткогледи и застарени идеи од времето на сталинизмот.Па толку ли “кичерај“ им се собрал во штабот?Знаеш ли колку на пример Курдите ни се поблиски од Хунзите,имаме ист мелос имаме исти зборови на претек,не ни се толку далеку,ората им се комплет исти,се чудат како некој од Македонија многу поубаво го игра некое “нивно“ оро одколку некој нивни играорец,го знаат и почитуваат Александар како нивни предок кога веќе збориме за културолошки одлики,и што е најважно помногубројни се,но никој толку не се занишал како за императорот на Калашите или Хунзите.:toe:
????????

До премиерот?? Груевски?

Ако ништо не сработил, тешко дека на изборите ќе победел со толкава голема разлика. Ако народот толку не го сакал, не требало да го гласа.

Сметаш дека целиов народ колективно бил хипнотизиран?



За Курдите... Многу супер ако е така. Еве, оди таму, како Дојчиновска што отишла кај Хунзите, направи контакти со нив и доведи ги наваму. Ќе те фати неколку години макотрпна работа, многу пари и одрекување од многу работи, ама на крајот и тебе ќе те слават, дека си направил голема работа за Македонија.

И пак: отвори нова нишка на форумов и за нив. Ако е точно тоа што го збориш, и тие ќе бидат добродојдени. Ај да го издискутираме тоа.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
98
Drzava koja stava pregolem akcent na minato nema idnina !

Istorija e opijum za narodot isto ko i religija , za da bide covek zombi mu se frla magla u ochi... polesno da progolta sto mu sleduva

Taka bese i u Srbija ( mi odavde do Tokija , Kosovski boj ) a samo nekoj profitirase a iljadnici mladi umrea ili emigriraa. Isto scenario al dobro ke prekutam ne idam u detalji...

Da ziveat Hunzite dobar anestetik ke bidat , da se progolta novata teroristicka postava i osudata na 12 god !

Ako e ova edini marketinski anestetik loso !

I da da garant sum SDSM i garant ja mrzam Makedonija neli ?
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
of topik malku ama nema na koj da se obratam vo ovie utrinski sati...baram edna stara makedonska pesna po netov patriotska....znam deka starite ,dedo mi , ja peeja porano na slavi i otogas mislam retko ja iam slusnato.....ima tekst koj odi

dva orli se bijat gore na nebeto,
dve reki tecat dolu na zemjata
dva cara se bijat........tolku mi teknuva

po netov ne mozam da najdam nisto, a neam ni koj da prasam. pls help
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Drzava koja stava pregolem akcent na minato nema idnina !
Еве да се фокусираме на сегашноста.

Која е твојата држава? Република Македонија или FYROM?

Бирај ја својата сегашност, па ќе ја избереш и својата иднина.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Луѓе, единственото што е важно,е дека утре доаѓаат Хунзите.

Дај да се радуваме, и утре на аеродром да и им покажеме дека сме си НАШИ, МАКЕДОНЦИ!

Весели се Македонијо!Утре дочекуваш свои чеда!

Добра ви ноќ со ова прекрасно видео
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Ада,некои луѓе едноставно многу лесно замижуваат пред работите кои не сакаат да ги видат.А некои луѓе едноставно цел живот седат во некоое темно ќоше и мрчат и ништо не им е по ќеиф.:toe:
Значи ако некој го сретнал Тито или Елизабета,сега треба да му се додворуваме.Што да речам,се фрапирав,снемав зборови,икао знам дека на Тоде од Штавица(Мариовско) Тито му беше кум на децата Гоце и Даме и се имаше сретнато со него најмалку 20 пати.Не го прави ли тоа Тоде и неговите деца позначајни од Кралот Мир?Само Тоде од Штавица(село искористено за сцени од Пред Дождот и Прашина) имаше 11 деца,како што треба да има секој голем Македонец кому треба да му се оддаде чест,поголема од било кому.


????????

До премиерот?? Груевски?
Ако ништо не сработил, тешко дека на изборите ќе победел со толкава голема разлика. Ако народот толку не го сакал, не требало да го гласа.
Сметаш дека целиов народ колективно бил хипнотизиран?
За Курдите... Многу супер ако е така. Еве, оди таму, како Дојчиновска што отишла кај Хунзите, направи контакти со нив и доведи ги наваму. Ќе те фати неколку години макотрпна работа, многу пари и одрекување од многу работи, ама на крајот и тебе ќе те слават, дека си направил голема работа за Македонија.
И пак: отвори нова нишка на форумов и за нив. Ако е точно тоа што го збориш, и тие ќе бидат добродојдени. Ај да го издискутираме тоа.
За неговите советници зборам бе Крусер,не за Гвујо,а за Курдите морам да ти кажам дека Грците нажалост тоа го направија одамна иако никако не можат да се вклопат во нивниот сличен на Македонскиот менталитет,не можат да ги заиграат нивните ора како ние што можеме,ни мелосот не им е сличен колку што е сличен нашиот,ниту имаат толку многу слични зборови колку што имаме ние со нивните,ниту народните везови и обичаи не им се слични колку што се слични нашите.Сепак Грците им помагаат многу во нивната борба за самостојност да им контрираат на Турците.
П.С.:Преданијата велат дека Александар во еден ден оженил 3 000 Македонци за Персиски жени(денешен Курдистан),а самиот тој ја зел за жена принцезата Роксана,мислиш ли дека ништо од тоа не останало посебно во тоа време кога на пример Атина имала само 10 000 жители вкупно?Треба ли да се бара попрецизен податок колку војници Македонци останале во Пакистан за да го остават и сочуваат Македонскиот генетски и културолошки код,кога ова го имаме како факт познат и признат од целиот свет?:toe:
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
98
Еве да се фокусираме на сегашноста.

Која е твојата држава? Република Македонија или FYROM?

Бирај ја својата сегашност, па ќе ја избереш и својата иднина.
------------------

Tezata ti nema vrska demek ako forsiram minato ( ovie od paksitan ) ke mi pomogne da ne bidam FYROM ke bidam RM ????

U minato ne se zivee
 

Kajgana Shop

На врв Bottom