Лига на шампиони 2008-2009

Статус
Затворена за нови мислења.
I

InF3cTeD

Гостин
Германска машинерија од кои 3 играчи на Барселона имаат постигнато повеќе голови.
другарче овоа е Лига на Шампиони...не е ниту шпанско ниту германско првенство...така да заборави ги тие постигнати голови...тука ништо ама баш ништо не значат....ако сакаат тие 3 играчи и 100 гола нека дадат..ама ако не придонесат во двете утакмици паѓаат во вода нивните постигнати голови...
 

Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
Вие тоа сериозно ли си мислите дека Баерн може да ја пројде супериорната Барса која оваа година нема изгубено ни еден дерби натпревар.И не само што не изгуби туку беше и повеќе од супериорна.
Барса е голем залак за оваа година слабиот Баерн Минхен.Барса оваа година може да биде исфрлена само од Ливерпул и Манчестер.Другите не се доволно моќни за да го сторат тоа.Едноставно немаат доволно квалитет.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Па кого да форсираат Челзи и Арсенал?


Германска машинерија од кои 3 играчи на Барселона имаат постигнато повеќе голови.
Не летај високо друже!
Кога ќе паднеш помалку ќе те боли :smir:

Вие тоа сериозно ли си мислите дека Баерн може да ја пројде супериорната Барса која оваа година нема изгубено ни еден дерби натпревар.И не само што не изгуби туку беше и повеќе од супериорна.
Барса е голем залак за оваа година слабиот Баерн Минхен.Барса оваа година може да биде исфрлена само од Ливерпул и Манчестер.Другите не се доволно моќни за да го сторат тоа.Едноставно немаат доволно квалитет.
-Оваа година секој секого може да пројде!
-За се има прв пат, па и Барса да загуби дерби натпревар!
-Може да биде исфрлена од: Ливерпул,Манчестер,Челси,Арсенал,Виљареал,Порто,Баерн Минхен
(ако ме сфаќаш шо сакам да кажам)

Поздрав
 

ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
У ова натпреварување мислам дека нема противник за потценување.
Така да надајтесе, а не летајте пред време во облаци(фанови на Барселона, Манчестерциве не се фураат толку и за било кој ) пошто кој високо лета ниско паѓа.
Од што се праите видовити сите, на крајот ќе останете без коментар.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
За ЛШ не треба само да си силен, некогаш и факторот среќа е битен така да мислам дека секој може секого да победи:helou:
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Ке даваат некоја на телевизија вечер и утре???
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.610
Поени од реакции
14.462
Мислам дека редно време е Челзи да победи во ова натпреварување. Иако Ливерпул покажаа мнооогу оваа сезона, мислам дека Челзи со мала среќа ќе успеат да ги минат.
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Хахах какво прашање..Шо мислиш ти???
Мислам да?хаха!!!Па за да развијам дискусија на темава.Ајде малце жестина да се врати темава во живот.Порано неможевте да застанете од пишување а сега кога највеќе треба навивање и страст никаде ве нема.ЧЕЛЗИ ШАМПИОНИ.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.754
Поени од реакции
43.943
Па нема што да се коментира..Утре и во Четврток ќе има дискусија,ќе се коментираат натпреварите,сега можеме само да претпоставуваме..А претпостваките ги пишувавме кога беше ждрепката затоа иначе ајде кажи нешто интересно,најди некој факт за натпреварите,можните состави и сл..Па да прокоментираме
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
МАСТЕРКАРД ОСТАНУВА СПОНЗОР НА ЛШ
Компанијата за платежни картички „Мастеркард“ останува спонзор на фудбалската Лига на шампиони и во наредните три години, соопшти денеска УЕФА.
Вредноста и деталите на спонзорскиот договор не се објавени, пренесува Макфакс.
Покрај „Мастеркард“, спонзорските договори на три години претходно ги продолжија Хајнекен и Сони, а нов спонзор од идната година ќе биде италијанската банка „Уникредит“.
Досегашни партнери на Лигата на шампиони, кои не ги продолжија договорите се „Форд“, „Плејстејшн“ и „Водафон“.
УЕФА најави дека наскоро ќе потпише договори за спонзорство со партнери од автомобилската и технолошката индустрија.

Почнува четвртфиналето во Лигата на шампионите
Првите два меча од четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе бидат одиграни во вторник, а се среќаваат Виљареал и Арсенал, односно Манчестер Јунајтед и Порто, а победниците од овие два двомеча се среќаваат во полуфиналето од тоа натпреварување.
Виљареал и Арсенал играа во полуфиналето од истото натпреварување во сезоната 2005/06 и тогаш одлучи само еден гол. Погодокот на Коло Туре во Лондон, го одведе Арсенал во финалето во кое подоцна загубија од Барселона.
„Жолтата подморница“ натпреварувањето во фазата по групи го заврши на второто место за во осмина финалето да биде подобра од атински Панатенаикос, додека "топџиите" во четврт финалето стигнаа дури по подобро изведување на пенали од Рома, бидејќи двата меча завршија со идентични 1:0 за домашните екипи.
Актуелните прваци на Европа, екипата на Манчестер Јунајтед има импресивна низа од 21 меч без пораз во Лигата на шампионите и дури 19 натпревари без пораз во Манчестер, а ако на тоа се додаде дека Порто никогаш не победил во Англија, тогаш е јасно кој е фаворит во првиот четвртфинален меч на овие два ривала.
Меѓутоа, бројките некогаш не откриваат се, а во прилог на тоа говори и фактот дека Порто со Жозе Мурињо на клупата во осмина финалето во сезоната 2003/04 ги исфрли „ѓаволите" од понатамошното натпреварување, за потоа и да го освојат пехарот. Манчестер во осмина финалето го совлада Интер, додека Порто беше подобар од мадридски Атлетико.
Рио Фердинанд најверојатно нема да биде подготвен за првиот меч од четвртфиналето во Лигата на европските фудбалски шампиони што Манчестер Јунајтед ќе го одигра против Порто. Тоа го издвои неговиот тренер Алекс Фергусон.
„Џони Еванс ќе биде вториот столб во одбраната заедно со Немања Видиќ. Се уште размислувам дали ветеранот Рајан Гигс ќе има сила да издржи цел натпревар откако одигра 90 минути на тешкиот дуел со Астон Вила во домашниот шампионат. Има уште време до дуелот и мислам дека ќе најдам соодветна тактика според играчкиот состав со кој располагам.Имаме проблеми но тоа е дел од фудбалот“, издвои искусниот Шкотланѓанец.
Рио Фердинанд се повреди во дресот на селекцијата на Англија на квалификацискиот дуел со украина за пласман на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.
Вторник, 7 април:
  • 20.45 Виљареал - Арсенал
  • 20.45 Манчестер Јунајтед - Порто
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.978
Поени од реакции
143
Според мене Челзи ќе биде шампион оваа година
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Вечер во 20:45 Манчестер-Порто на мтв1
а Виљареал - Арсенал - Мтв2 исто и на хрт2 ко шо кажаа... :pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom