Осум желби и сите исти - пласман во 1/4 финалната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Вечерва ќе дознаеме кој тим ќе ја реализира, а кој ќе се соочи со суровата реалност. Бранител на тронот Манчестер Јунајтед со обврска да продолжи каде што застана минатата сезона, актуелниот шампион на Италија, со цел да го елиминира и тоа пред верните фанови најголемиот фаворит. Борба, неизвесност, драма, аргесивна игра, најавуваат предводниците на двата тима пред стартот на најинтересниот 1/8 финален натпревар.
- Нема калкулирање. Нема да се браниме. Може ќе играме позатворено, но ќе бидеме агресивни на сите делови од теренот и ќе се обидеме по секоја цена да ја затресеме мрежата на Ван дер Сар. Штета. Ова требаше да биде финале. За жал само еден ќе продолжи понатаму, изјави тренерот на Интер, Жозе Муринњо.
Неговиот добар пријател од спротивната страна, сер Алекс Фергусон додаде дека победникот мора да биде решен во регуларните 90 минути.
- Не сум фан на пенал рулетот. Знам дека победивме минатата сезона во финалето по изведувањето на ударите од белата точка. Тогаш имавме среќа, но сега може истата да ни го сврти грбот. Сакам да победиме во регуларните 90 минути, но тоа не значи дека мора да играме офанзивно од првата минута, изјави шкотскиот стручњак.
Возбудувања ќе има и на вториот италијанско-англиски дуел помеѓу Рома и Арсенал. Освен фактот дека мора по секоја цена да ја погодат гостинската мрежа, фудбалерите на "волчицата" ги загрижува и повредата на капитенот Франческо Тоти.
- Нормално дека ќе имаме повеќе шанси да се пласираме во следната фаза доколку покрај нас го имаме капитенот. Сите очекуваме позитивни вести од лекарскиот тим. Јас можам да ветам и од мое име и од име на моите соиграчи борба се до последната минута, изјави дефанзивецот, Филип Мексес.
Големиот фаворит за трофејот, Барселона ќе се обиде да ја зачува предноста од постигнат гол на гости и со тоа да го елиминира шампионот на Франција, Олимпик Лион.
- Да бидеме внимателни на сите делови од теренот. Да посветиме екстра внимание на играта на Бензема и Жунињо. Да ги искористиме сите укажани шанси. Со овој рецепт ќе се обезбеди место во следната фаза, изјави предводникот на каталонскиот гигант, Пепе Гвардиола.