Лига на шампиони 2008-2009

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 октомври 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
20
Ливерпул - Реал Мадрид (1:0)
Реал Мадрид мора да оствари победа на Енфилд ако сака да се надева на пласман во следната фаза од Лигата на шампионите. По поразот на домашен терен од Ливерпул пред две недели со 0:1, “кралевите“ сега со каква било победа ќе бидат директно во следната фаза освен со 1:0 кој носи продолженија и можеби пенали.

Пред најинтересниот реванш од оваа фаза, поголеми проблеми со составот има менаџерот на Ливерпул, Рафа Бенитез. Јунакот од првиот меч Јоси Бенајун се повреди на вчерашниот тренинг и најверојатно нема да настапи, а состојбата со Фернандо Торес се уште е неизвесна. Шпанскиот репрезентативец е оптимист дека ќе може да игра, но ништо нема да се знае до вечерва. Арбелоа исто така има проблеми со ахиловата тетива, а Агер со грбот. Покрај тоа, Риера нема право на настап поради жолти картони, па Бенитез се уште не знае со каков состав ќе ја брани предноста од првиот меч.

Од друга страна, Хуанде Рамос конечно нема проблем со повредени фудбалери. За разлика од дуелот со Атлетико во саботата, во конкуренција се Пепе и Снајдер, а најверојатно ќе биде изоставен Гути кој игра во многу слаба форма и многу пати докажал дека подобро се снаоѓа како резерва отколку во првиот тим. Од оној тим против Атлетико, Хунтелар не е во составот затоа што не е пријавен за настап во Лигата на шампионите, па на негово место најверојатно ќе биде Игуаин.

Ливерпул во последните девет години, дури четири пати имал предност од првиот натпревар на гостински терен во нокаут-фаза, но дома секогаш губел иако во сите четири случаи поминал во следната рунда. Освен тоа, има само две победи во 12 дуели со шпански екипи во европските купови на домашен терен. Традицијата не му оди од рака ниту на Реал бидејќи деветкратниот европски првак не го минал осминафиналето од Лигата на шампионите во претходните четири сезони.

Јувентус - Челзи (0:1)
Јувентус во добро расположение го очекува реваншот против Челзи бидејќи во саботата го совлада градскиот ривал Торино со 1:0. Сепак, главоболки на Раниери му прави средниот ред затоа што Сисоко скрши нога во саботата, повреден е и Каморанези, а одамна ги нема на располагање Де Чеље и Занети. Затоа, во конкуренција се сите напаѓачи вклучувајќи го и Трезеге кој полека влегува во форма.
Челзи победи на сите пет натпревари под водство на Хидинк во последните 15 дена. На вечерашниот натпревар не му е ни потребен триумф затоа што и со нерешен резултат, па и со минимален пораз со постигнат гол оди понатаму. Анелка и Деко се повредени и најверојатно нема да настапат на Олимпико во Торино, но затоа Карваљо и Есјен се вратија по долгата пауза.

Баерн - Спортинг (5:0)
Баерн е единствениот тим кој и пред реваншот вечерва може да се прогласи за сигурен патник во четвртфиналето. На првиот меч во Лисабон го совлада Спортинг со 5:0, па Клинсман дури може да си дозволи да одмори голем дел од фудбалерите за натпреварите во домашното првенство и трката за шампионската титула. Алтинтоп и Ван Бајтен сигурно нема да играат бидејќи се повредени, а и Рибери и Тони најверојатно ќе одморат за да се зачуваат од повреди.
Истото се однесува за тренерот на Спортинг, Пауло Бенто чиј тим води жестока борба за шампионската титула во домашното првенство со Порто и Бенфика и кога веќе нема шанси за пласман во следната фаза, може да ги одмори стандардните фудбалери. Голманот Руи Патрисио и бекот Мигел Велосо се вратија по долгата пауза, но тоа не значи дека ќе се најдат на теренот на Алијанц арената.

Панатинаикос - Виљареал (1:1)

Најнеатрактивниот дуел во оваа група може да понуди добар фудбал, како што беше и во првиот меч, но тоа многу зависи од Панатинаикос кој се бранеше 90 минути на Ел Мадригал и се очекува пак да го прави тоа откако веќе има добар резултат. На Панатинаикос можеби не му оди добро во домашното првенство, но знае како да излезе на крај со противниците во Лигата на шампионите каде нема пораз од 1 октомври. Грчкиот тим има пеколна публика, една од најгласните во светот и тоа сигурно ќе биде најголемиот адут на Тен Кате и фудбалерите. Се очекува во тимот да се вратат Карагунис и Рукавина, но јасно е дека Пао ќе дејствува дефанзивно.
На првиот натпревар на Ел Мадригал младиот напаѓач на Виљареал, Џузепе Роси влезе во вториот дел и постигна гол од пенал, но тој сега ќе биде во стартниот состав бидејќи “жолтата подморница“ мора да постигне барем еден гол. Ќе играат и Хави Вента и Робер Пирес, а во средниот ред главен треба да биде Маркос Сена. По долгата пауза заради низа повреди во форма се враќа и турскиот репрезентативец Нихат Кавечи, па Мануел Пелегрини очекува добра игра и победа на неговиот тим во Атина.

извор
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Челзи,Виљареал,Баерн,Ливерпул пројдоа.
Од утре паровите мислам дека ќе пројдат:Манчестер,Арсенал,Барселона,Атлетико Мадрид.
Најверојатно ќе има некој Англиски дуел,можно е и да се избегнат ама мали се шансите,вака така пак Англиските клубови прават дар-мар и докажуваат дека во моментов им нема равен.
Мое мислење е дека и Баерн ќе иде доста далеку без разлика со кој ќе игра во 1/4 финале,Баерн може секого да го победи.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.755
Поени од реакции
43.944
Честитки за 4-те екипи кои пројдоа во 1/4 финале.
1/4 финалињата ќе бидат многу интересни,бидејќи сите екипи ќе се ТОП
 
I

InF3cTeD

Гостин
Мое мислење е дека и Баерн ќе иде доста далеку без разлика со кој ќе игра во 1/4 финале,Баерн може секого да го победи.
добро мислење....а како беше денеска ја како да слушнав пак да пука од некаде а или ?:pos2:
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Челзи,Виљареал,Баерн,Ливерпул пројдоа.
Од утре паровите мислам дека ќе пројдат:Манчестер,Арсенал,Барселона,Атлетико Мадрид.
Најверојатно ќе има некој Англиски дуел,можно е и да се избегнат ама мали се шансите,вака така пак Англиските клубови прават дар-мар и докажуваат дека во моментов им нема равен.
Мое мислење е дека и Баерн ќе иде доста далеку без разлика со кој ќе игра во 1/4 финале,Баерн може секого да го победи.
1 ќе падне:)
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Gi gledav na konferencija site 4 natprevari vecerva. Meraci.
Liverpool im pokaza na Real sto e skolska igra...a Bayern go srusi Sporting.

Nego, onaa cetvorkata na Sportin (Anderson Polga), da ne igrase vecerva za Bayern slucajno?:pos:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Gi gledav na konferencija site 4 natprevari vecerva. Meraci.
Liverpool im pokaza na Real sto e skolska igra...a Bayern go srusi Sporting.

Nego, onaa cetvorkata na Sportin (Anderson Polga), da ne igrase vecerva za Bayern slucajno?:pos:
Ц, ц...кои бруки беа Спортинг.Да ме отепаа немаше да ми се верува дека можат да примат 12 гола во нокаут фаза, па од кој сака клуб нека биде.Живи бруки.Па тој Полга ни сам не знаеше денес за кој игра, како убаво си го збрца, ни око да му трепне:)
 

katalonec5

Mes que un club
Член од
8 декември 2008
Мислења
1.020
Поени од реакции
121
Ц, ц...кои бруки беа Спортинг.Да ме отепаа немаше да ми се верува дека можат да примат 12 гола во нокаут фаза, па од кој сака клуб нека биде.Живи бруки.Па тој Полга ни сам не знаеше денес за кој игра, како убаво си го збрца, ни око да му трепне:)

Изнервиран беше многу заради претходниот гол:pos2::pos2:
 
А

Адриано

Гостин
и повторно се докажува дека ливерпул во европа е тоа што е јуве во италија.
случајно или не ливерпул повторно добива судиски помош од страна на судиите.
пенал за очигледно неиграње со рака во дуелот со реал.
од ланските години
со интер 2 црвени картони во двете утакмици по 1(и двата незаслужени)
со Арсенал(гратис пенал)
со челзи (гратис гол)
 

апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Ц, ц...кои бруки беа Спортинг.Да ме отепаа немаше да ми се верува дека можат да примат 12 гола во нокаут фаза, па од кој сака клуб нека биде.Живи бруки.Па тој Полга ни сам не знаеше денес за кој игра, како убаво си го збрца, ни око да му трепне:)
Да пратевме тим од македонска лига немаше да прими 12 гола во двомечот.
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.092
Поени од реакции
1.655
Еве Reviews за денешните утакмици од ЛШ од Пенал.ком.мк

Манчестер Јунајтед - Интер (0:0)
И вечерва на Олд Трафорд меѓу себе ќе се сретнат двајца од најдобрите светски стручњаци Фергусон и Мурињо, но вториот има далеку поголеми проблеми со составот. Одбраната е комплетно растурена поради повредите на Бурдисо и Матераци, па Камбијасо, најверојатно, ќе игра како стопер. Сепак, за евентуален успех на Интер му е потребно конечно добро издание од Ибрахимовиќ, кој традиционално игра слабо во Лигата на шампионите, особено во нокаут-фазите. Фергусон вчера доби добри вести бидејќи Рио Фердинанд е подготвен за настап, а за разлика од првиот меч на располагање е и Немања Видиќ.

Иако не смее премногу да се отвори зашто секој гол може да значи елиминација, Фергусон најави дека ќе игра со тројца напаѓачи: Руни, Роналдо и Бербатов со што ќе се обиде да ги искористи проблемите во одбраната на Интер. Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ја урне непријатната традиција што важи во последните пет години, а која вели дека актуелниот првак не успева да ја мине осминафиналната фаза од Лигата на шампионите.

Рома - Арсенал (0:1)
Вториот, или вкупно трет во оваа фаза, италијанско-англиски дуел се игра на Олимпико во Рим каде Арсенал и гостува на Рома. "Топчиите" имаа минимална предност од првиот меч, а сега во составот ќе биде и Волкот и Едуардо, кои, конечно, се вратија по долгите паузи поради повредите. Најголем проблем за Рома е неиграњето на Даниеле де Роси, кој е суспендиран заради жолти картони, но се враќа Тоти по тринеделната пауза заради повреда.

Барселона - Лион (1:1)
Барселона во саботата ја прекина серијата од пет меча без триумф и сега против Лион ќе се обиде да ја врати победничката атмосфера. Сепак, Гвардиола се соочува со големи проблеми и тоа во одбраната кој долго време е најслабиот дел од тимот. Пујол се повреди во саботата, а на располагање не се уште Касерес, Абидал и Милито, па на клупата најверојатно ќе седнат младите Ботија и Санчез. И Лион не е во идеална ситуација пред тешкото гостување. На тимот не му оди најдобро во домашното првенство каде ПСЖ се доближи на само еден бод, а и Бензема не е во добра здравствена состојба.

Порто - Атлетико (2:2)
Многу интересно може да биде во Порто каде гостува Атлетико со позитивни 2:2 од првиот меч. Двата тима се исклучително напаѓачки ориентирани, па ништо чудно да се повтори голеадата од дуелот на Висенте Калдерон.
 
M

Mario Gómez

Гостин
На Баерн драстично му се зголемија шансите за освојување на ЛШ по вчерашниот натпревар.:vozbud:Тешко дека психички би издржал да станеме шампиони...
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
јас сакам дуел баер минхен ливерпул
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Добро бе сите зборувате за судиите што досудиле пенал кој не постоел за Ливерпул и тоа веднаш значи дека му помагаат судиите не се случува да згреши судијата ај ако не вие одете да судите па судете правилно како треба.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom