И што? Што ќе биде? Што ќе видиме? Од каде си толку сигурен кој тим ќе победи?
Спорт е ова и затоа спортот е толку убава работа. Затоа што никогаш не се знае кој ќе победи. Тоа е убавината на спортот. Се` помалку има фаворити и аутсајдери на теренот. Тука е и среќата, таа има можеби 50 проценти влог во победата/поразот на еден тим.
Кој веруваше дека пред некоја година Порто и Монако ќе играат финале во ЛШ? Никој. Сите мислеа големите тимови ќе освојат титула, други некои предвреме ги гледаа со трофејот на раце. Но не испадна баш така.
Навистина не можам да ги сфатам фановите што се толку сигурни дека ќе победат, што предвреме вадат резултати, без разлика од која страна се. Да беше секогаш исходот така очекуван, никој немаше да гледа фудбал или било кој спорт, никој тим/спортист немаше да игра квалификации, елиминациони натпревари и што не за да стигне до трофејот.
Ни останува само да гледаме, да навиваме и да видиме што ќе се случи во вторник/среда.