Дали некој знае кој му е на Исус Христос татко?

  • Креатор на темата Креатор на темата Petar-Taz
  • Време на започнување Време на започнување
Духот ја оплодил Марија пред да и се земе невиноста од Јосифа. После тоа Светиот дух не ја оплодувал Марија. Се фатила семката од Светиот Дух за Исус, а после тоа семката била од Јосиф.
А што роднини се тогаш Јосиф и Господ?
По Марија нешто си паѓаат род, поштп синовите на Јосиф се браќа на исус... пошто двајцата делат иста жена.... и на двајцата Марија им раѓа деца.
 
сакав да кажам дека тие што велат дека господ бог му е татко дека нив ги поддржвам! -се согласвам со нив
поздрав!
Epa fala sto se soglasuvas so mene. Inaku se sekavam na tebe. Hehe.
Magde iako si katolik, a katolicite se daleku pogolemi vernici od pravoslavnite mislam deka mnogu nesta ne ti se jasni. Utre ke odam vo crkva da go prasam ovoj nasiot pop, se skarav ednas so nego i sega me mrazi i vo crkva kaza koj se somneva vo Bog ne treba da e ovde, a se odnesuvase ova za mene, ama ke odam i ke vidam dali ke mozeme da se razbereme i da mi objasni.
 
горе доле имаш право.тука сме со сваќањата

сеа убаво ти реков дека тоа е за некоја друга тема ама ај чим веќе си запнал.
се ние знаеме,се ни е кажано некогаш-онаму кај шо била душата-значи душата знае се.
кога нешто не знаеш и наеднаш ќе се сетиш,наеднаш ќе сватиш...that's it.ти всушност си го знаел тоа цело време само паметот,кој како што викаш,не ти е доволно развиен,не го “сварил“
уште.
верувај душата знае се,низ се поминала,се видела,се доживеала...само треба да се присети,да и дозволиш да се присети...
и ај пак

@нео,глеам си ми пишал у репутација...ја до сеа објаснував,ако не ти е јасно-кажи јас ќе нацртам пак.
Tе молам објасни ми каде била душата испред???
јас како што знам пред 18ипол години беше кај мајка ми у мешљакот, дури и се сомневам оти поминаа 18ипол години зш треба тоа да се развие и се... за пред времен живот јас незнам... :uvo: можеби грешам поправи ме!:nesum:
А инаку душата ништо не знае ако ти не и кажеш да го научи тоа што треба... ТИ одлучуваш СО СВОЈОТ ПАМЕТ што е следно и дали меѓу две одлуки треба да избереш правата која ја сметаш за права!!! Која и не секогаш е точна... зш не сме совршени и НИШТО НЕ ЗНАЕМЕ!!!
И во самата Библија ти вика, оти не сме совршени и ти спомнува оти сме едни грешни луѓе кои не разбираат и кои незнаат ништо...:nesum: Идеш против Библија?! Па таа е Света Книга како би лажела...:nesvest:
И бтв, душата воглавно се состои од чувствата твои...:smir:
Мислиш оти не е така?!
Вака сеа, се определуваш религиозно, тоа е чувство на доверба и верност кон нешто... Имаш нешто кон нешто или некого... и тоа се чувства на среќа/радост/љубов.
Сакаш нешто... = љубов/негување кон тоа
Посакуваш да го имаш... сејм... се трудиш даваш се од себе за да го имаш играат улога чувствата на посаканост.. надеж...
Одбивно ти е нешто... едноставно не ти е мило шо е тука... не го сакаш со други зборови... (зборам општо!) итн...
Што и да кажеш за се имаш чувства... зарем душата не е преполнета со чувствата?!
Душа=чувства, од тука како можат чувствата да знаат се? Нели како бебиња уште не учат од што да се плашиме, од што да не се плашиме, што да сакаме, и што да посакуваме, на што да се радуваме и на што да тажиме... Чувствата се градат уште како бебиња во околината која живееш:smir:
Збор ми е, душата ништо не знае... самиот човек ништо не знае одкако ќе се роди...
Да знаевме се,одкако ќе се родевме па и не требаше ништо да не учат... него ќе знаевме и да збориме и да работиме и да сме свесни за се...:smir:
 
А што роднини се тогаш Јосиф и Господ?
По Марија нешто си паѓаат род, поштп синовите на Јосиф се браќа на исус... пошто двајцата делат иста жена.... и на двајцата Марија им раѓа деца.
зашто го споредуваш Господа со човек како човек со човек?!
Тоа е Господ!!! Не е човек... на крај краева на него му припаѓаме, тој не создал, има право над нас во секој поглед...
Читај го убаво пасусот за оплодувањето на Исуса... не само туку така, него проучувај го... неможеш така да го сфатиш тоа како човек со човек...
Никаде не пишува оти и ја одзеде невиноста на Марија... тоа е Дух, Светиот Дух, кој вдахнал живот во Марија и кој ја предупредил т.е. информирал преку Ангел Господов... кој истиот тој Ангел му се јавил на Јосифа за да му каже да ја земе Марија за жена зашто Бог-Отецот ќе се отелотвори за да го Спаси светов.... И му дал наредба да го нарече детето ИСУС... И не за џабе тој бил бебе, па дете, па возрасен маж!
Тој сака да укаже на секоја генерација од бебе до возрасни како треба да го живееме животот!
Ништо во Библијата не е случајно... за се има причина... ако убаво размислиме и протолкуваме прочитаниот дел ќе видиме оти се се спојува и оти се си има одговор! Таа е жива книга која постојано дава одговори и учи за животот кој треба да го живее секој од нас:smir:
 
Па ваљда ко го раѓала исус, ја изгубила и нвиноста ... нели, значи по се Јосиф добил дефлорирана жена, со која после Господ тој имал деца.
Е сега имаме мајка божја, светица, која имала односи и раѓала не само бог туку и обичен човек. То малку штрчи во една таква прикаска. Некако... и Господ и Јосиф да се татковци на деца родени од една иста жена....
 
Од кај знаеш бе дека немале односи додека била бремена?!
Нели тоа им помага на бремените жени?!:tapp:
И пак ќе речам, некои работи човековиот ум неможе баш да регистрира се најдобро...
Убаво си е речено Светиот Дух вдахнал живот во неа и таа го роди Исуса...
А што после Јосиф и Марија праеле тоа е нивна работа...
А и Јосиф и Марија верувале во Бога и знаеле за се што се работи откако им се јавил Ангел Господов... нема што да се буни тука...
Он не ја работел жена му... он вдахнал дух, живот во неа, за да може да се отелотвори како било кој човек за да нема забуни (не за да нема забуни него за да му покаже на човека како треба да го живее животот уште од мал), зашто тој можел и туку така да дојде на земјата како што се воздигнал на последниот ден... исто како што Бог вдахнал дух во човекот кој го нацртал на земјата... и кој го нарече Адам!
Зашто Бог вика послушај ме во секоја прилика јас знам што е најдоброто за тебе, за вас...
Замисли да било обратно, Јосиф да не го послушал Бога како Јона што направи... што ќе било со светов, а?
 
Tе молам објасни ми каде била душата испред???
бла
бла
бла
Идеш против Библија?! Па таа е Света Книга како би лажела...:nesvest:
И бтв, душата воглавно се состои од чувствата твои...:smir:
бла
бла
бла
Душа=чувства, од тука како можат чувствата да знаат се? Нели како бебиња уште не учат од што да се плашиме, од што да не се плашиме, што да сакаме, и што да посакуваме, на што да се радуваме и на што да тажиме... Чувствата се градат уште како бебиња во околината која живееш:smir:
Збор ми е, душата ништо не знае... самиот човек ништо не знае одкако ќе се роди...
Да знаевме се,одкако ќе се родевме па и не требаше ништо да не учат... него ќе знаевме и да збориме и да работиме и да сме свесни за се...:smir:
абе реактив сеа ме нервираш и ти.
верувам во реинкарнација,значи јасно ти е сеа кај викам дека била душата,ама сепак глеам дека ти идеш според библијата-значи како пишува таму е апсолутна вистина и нема шанси таму да грешат-енд оф стори.
не велам дека лаже библијата,но сепак не сум за целосно да и се верува,односно не буквално да се верува.

како може некој да те научи на чувство ај те молам објасни ми.
тебе те седнале мајкати и таткоти и ти рекле,слушај сине ова и ова е љубов,ова е страв,ова е љубомора,ова кисела краставичка,ова компир варен..абе ајде.
ти се раѓаш со чувства,ги имаш во тебе само ги манифестирас порано или подоцна во животот.
највероватно прво чувство ти е страв чим почнуваш да плачеш:)
и пак
ние се знаеме,само треба да се потсетиме на се што сме научиле,некои луѓе се потсеќаат некои не,некои знаат дека се знаат,некои не:smir:
 
Библијата е целосна вистина и Жива Вода кажано со зборовите на Исуса... зашто да не и верувам... Во неа не гледам никаква лага, напротив ме учи на многу работи кои се правилни за мојот живот... ако учи зашто би била лага... делумно ете како што и ти сакаш да кажеш...
Библијата ти е Свето Писмо напишана од луѓе кои биле водени од Светиот Дух и Бога! Читај го стариот завет, ќе видиш оти кажаното таму се исполнува во новиот завет... што они да не ја предвиделе иднината? НЕ, него Бог им кажал што да пишуваат во вера, и тоа и се остварува во новиот завет...
Треба да ја читаш Библијата и ќе видиш дека во ниеден поглед таа не се ни осмелува да залаже:smir:

Чувствата... Чувствата ги земаме од околината во која одма се раѓаме... на човека ич не му е тешко тој да научи да направи нешто или да почувствува нешто во најмала рака... Чувствата за секунда се учат.... зашто тие се чувствуваат... ти пред да се родиш, татко ти и мајка ти сигурно те галеле по мешљакот на мама... и сигурно ти збореле нешто... ти сето тоа го слушаше (водено од медицинска гледна точка, така е), распознаваше и знаеше оти тоа ти е мама и тоа е тато и оти тие те сакаат, тука одма се јавува чувството на среќа и љубов... Кога се раѓаш, ти се јавува чувството на тага, болка (гледано од медицинска точка ради излагањето и промената на дишните патишта) затоа и плачеш кога ќе се родиш... понатаму растеш, сите се околу тебе цела твоја фамилија, чувства на радост, среќа и љубов опкружено околу тебе... Во текот на растењето мама и тато ќе те искараат се појавува чувството на страв... како растеме така и ги појачуваме чувствата и учиме за нови... од бебиња никој ништо не знае, на тоа цврсто стојам...
И не верувам оти душата била испред некаде за да дојде тука... него верувам во тоа дека дојде тука како гостин и ќе си отиде дома кога ќе заврши животот тука на персоната... ако верува во Бога ќе има шанса да ја зачува за онаму горе...:smir:

И те молам дај објасни ми како тоа ние се си знаеме... нема логика во тоа али те молам дај објасни... може и ќе ме убедиш...
 
Исус е наведен како крал Јудајски и во Евангелијата се води неговиот родослов преку Јосифа, кој е од лозата на кралот Давид.
По тоа се гледа дека таткото на исус е Јосиф. Можеби како духовен татко Исус го сметал Господ, нои физички, крвно тоа бил Јосиф.
 
Eretik eretik kamenuvajte go !!!

Koj bese brojot na spanskata invizicija sea ke vidis ti :vozbud:
 
Библијата е целосна вистина и Жива Вода кажано со зборовите на Исуса... зашто да не и верувам... Во неа не гледам никаква лага, напротив ме учи на многу работи кои се правилни за мојот живот... ако учи зашто би била лага... делумно ете како што и ти сакаш да кажеш...
Библијата ти е Свето Писмо напишана од луѓе кои биле водени од Светиот Дух и Бога! Читај го стариот завет, ќе видиш оти кажаното таму се исполнува во новиот завет... што они да не ја предвиделе иднината? НЕ, него Бог им кажал што да пишуваат во вера, и тоа и се остварува во новиот завет...
Треба да ја читаш Библијата и ќе видиш дека во ниеден поглед таа не се ни осмелува да залаже:smir:

Чувствата... Чувствата ги земаме од околината во која одма се раѓаме... на човека ич не му е тешко тој да научи да направи нешто или да почувствува нешто во најмала рака... Чувствата за секунда се учат.... зашто тие се чувствуваат... ти пред да се родиш, татко ти и мајка ти сигурно те галеле по мешљакот на мама... и сигурно ти збореле нешто... ти сето тоа го слушаше (водено од медицинска гледна точка, така е), распознаваше и знаеше оти тоа ти е мама и тоа е тато и оти тие те сакаат, тука одма се јавува чувството на среќа и љубов... Кога се раѓаш, ти се јавува чувството на тага, болка (гледано од медицинска точка ради излагањето и промената на дишните патишта) затоа и плачеш кога ќе се родиш... понатаму растеш, сите се околу тебе цела твоја фамилија, чувства на радост, среќа и љубов опкружено околу тебе... Во текот на растењето мама и тато ќе те искараат се појавува чувството на страв... како растеме така и ги појачуваме чувствата и учиме за нови... од бебиња никој ништо не знае, на тоа цврсто стојам...
И не верувам оти душата била испред некаде за да дојде тука... него верувам во тоа дека дојде тука како гостин и ќе си отиде дома кога ќе заврши животот тука на персоната... ако верува во Бога ќе има шанса да ја зачува за онаму горе...:smir:

И те молам дај објасни ми како тоа ние се си знаеме... нема логика во тоа али те молам дај објасни... може и ќе ме убедиш...
кажи им го истово на муслиманите,они веруваат дека во куранот е целата и апсолутна вистина...
не велам дека лаже библијата,не реков дека те учи на лоши работи,ама не да се верува се буквално во неа.
имам кажано и во други постови,јас сум католик,верувам во бога ама не верувам буквално....верувам во реинкарнација,така да форгет за приказните дека чувствата ми ги давале мајками и татко ми кога сум била сперматозоид и јајцеклетка...со сите тие чувства се раѓаш,веќе ти се познати,работите околу тебе(низ светов) исто ти се познати.
на твојата душа ништо не и е скриено,таа се знае,зашто би биле сокриени работите од едно толку божествено нешто...душата доаѓа од бога и знае се,само ти одлучуваш дали ќе ги разбереш тие работи или не.
навистина мислиш дека бог би не создал,би ни наредувал како да живееме,би не казнувал ако згрешиме,би дозволил да завршиме во пеколот,би не осудил на пропаст а воедно и не сака???:nenene:
веруваш дека има ѓавол??навистина веруваш во тоа?
come on!нема никаква смисла.

кај и да е маркус ќе не брише,треба да се отвори нова тема:smir:
 
Инквизицијата е укината во 1917 година, така да сега чоек може послободно да си ја чита библијата и да си се прашува.

Инаку и Римјаните на крстот на исус ставиле натпис Исус Христос Крал Јудејски. Неспорно дека и тие го сметале за легален претендент на Јудајскиот престол.
 
Не им текнала изгледа финтата на австро-унгарците со круната на глава на селанскиот крал Матија Губец.:toe:
 
Тоа не беше финта тоа беше знак зошто го распнуваат Исус, го распнуваат зашто претендирал да е крал Јудејски а Јудеја беше под Римска окупација, го распнале како неприател и противник на Римското Царство. Како што и порано а и сега на оној кој го убиваат му стават натпис зошто е казнет за смрт (предавство, убиство, кријумчарење дрога...)
Матија Губец немал потекло кралско
 
кажи им го истово на муслиманите,они веруваат дека во куранот е целата и апсолутна вистина...
не велам дека лаже библијата,не реков дека те учи на лоши работи,ама не да се верува се буквално во неа.
имам кажано и во други постови,јас сум католик,верувам во бога ама не верувам буквално....верувам во реинкарнација,така да форгет за приказните дека чувствата ми ги давале мајками и татко ми кога сум била сперматозоид и јајцеклетка...со сите тие чувства се раѓаш,веќе ти се познати,работите околу тебе(низ светов) исто ти се познати.
на твојата душа ништо не и е скриено,таа се знае,зашто би биле сокриени работите од едно толку божествено нешто...душата доаѓа од бога и знае се,само ти одлучуваш дали ќе ги разбереш тие работи или не.
навистина мислиш дека бог би не создал,би ни наредувал како да живееме,би не казнувал ако згрешиме,би дозволил да завршиме во пеколот,би не осудил на пропаст а воедно и не сака???:nenene:
веруваш дека има ѓавол??навистина веруваш во тоа?
come on!нема никаква смисла.

кај и да е маркус ќе не брише,треба да се отвори нова тема:smir:
Има ѓавол бе! И во самата Библија ти вика дека има... ангелот кој заљубомори на Господа и падна доле на земјата и му се спротивстави на Господа, Библијата го нарекува Ѓавол... зашто тој те примамува на "добри работи" кои на крај се свртуваат во негова корист и за тебе е лошо...:toe:
Инаку да знаевме се од бебиња и за светов и за било што се наоѓа до сеа ние сите ќе бевме над магистри, т.е. на највисоката точка на образованието...
И јас имам пишано на повеќе постови оти сум протестант и оти татко ми е пастор на црква т.е. води црква, па ништо... И верувам ЦЕЛОСНО на Библијата зашто во ниеден момент не ме растажила и изневерила, него ја гледам како целина зашто се што е пишано во стариот завет во новиот гледам оти веќе се исполнува!
И кај Бога нема, му верувам делумно... кај него има или веруваш или не веруваш... т.е. во сите работи е така... или си за или не си за... нема нешто измеѓу... зашто и бтв не се карактеризираш дефинирано со тоа измеѓу во што и да правиш...

А меѓу другото Бог тебе ти дарил слободна волја, ти си одлучуваш што ќе правиш во животот... дали ќе го почитуваш и водиш според неговите принципи или ќе забегаш на друг правец, Тој ти дал живот и само Тој смее да ти го одземе... на крај краева кога секој од нас ќе умре ќе застанеме пред престолот Негов и тогаш ќе одлучи според нашите дела кај ќе сме, дали во пеколот да гориме вечно или верно му служевме и ќе уживаме во рајот!

И само на крај... тој не ни наредил ништо... тој ни дал принцип на живеење кој АКО сакаме и АКО одлучиме ние да го следиме ок е... тоа е пример не е наредба на живот!
Тој ти дал слободна волја ти да избираш што ќе правиш со животот свој, а како последица за него и ќе одговараш...:smir:

На крај краева маркус ако сака нек не брише... ама целава дискусија се врти околу тоа:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom