Некои луѓе многу одамна сакале да го натераат народот низ светот да започне да верува во еден човек кој ќе биде создавач на светот и на се што е подвижно и неподвижно на него. На тој начин требало народот да се покори на власта на `големите луѓе`. Тие луѓе ја напишаа и библијата во која има милиони работи кои го учат човекот да се покорува на Господ, да го почитуваат и да молат да им ги прости гревовите кои ги прават или пак да се придржуваат и никогаш да не ги прават. Исто така, тие размислувале за некој човек кој одеднаш ќе му ги прости сите гревови на народот, и така се роди Исус. За мајка му била избрана Марија, а за татко јосиф а не Јехова или слично. Неговиот вистински татко бил Бог кој го пратил на Земјата за да ги прочисти од гревовите луѓето. е сега, Исус живеел околу 30 и нешто години и проповедал љубов, хармонија, мир и се останато меѓу народот. Сега, луѓето што ја пишувале библијата размислувале како Исус може да ги избави ог гревовите на народот и како конечно да се отарасат од него. И така им текнало: `Да бе! ние можеме да го распнеме на крст`. И така и биднало. Исус умрел на крстот спасувајќи го народот од гревовите.